Продолжен рок -Повик за изработка на анализа за правниот статус на препреки, брани, рибници и други инфраструктурни градби во сливното подрачје на реката Пчиња

Продолжен рок -Повик за изработка на анализа за правниот статус на препреки, брани, рибници и други инфраструктурни градби во сливното подрачје на реката Пчиња

Опис на услугата

Основни информации

Како резултат на човековата активност, односно изградбата на препреки, брани и други инфраструктурни градби, реките во Македонија страдаат од фрагментација која што има негативно влијание врз хидрологијата на реките, морфологијата, екосистемите, вклучително и рибите и останатите водните видови како и нивните живеалишта. Целта на овој проект е да се развие методологија за идентификување на најсоодветните препреки за отстранување, со цел повторно да се поврзат речните системи и да се подобри нивниот еколошки статус. Проектот ќе се фокусира на сливот на реката Пчиња и ќе вклучува мултидисциплинарен тим на експерти.

Проектот ќе се реализира во три фази. Во првата фаза ќе биде подготвена методологија за идентификација и приоретизација на бариерите за отстранување. Во следната фаза, експертите ќе направат теренска работа во областа на истражувањето со цел да се процени влијанието на бариерите врз животната средина, биолошката разновидност, социо-економската важност и нивниот правен статус. Во последната фаза на проектот, експертите ќе обезбедат систематска класификација на влијанието на бариерите и приоритетите за отстранување.

Прелиминарно истражување за сливот на реката Пчиња е веќе беше завршено од страна на партнерот на проектот Геобалканика. Истражувањето вклучува хидролошки податоци за сите реки и потоци на сливот, преглед на препреките и бариерите како и други статистички податоци. Ова прелиминарно истражување ќе биде достапно за експертите како појдовна основа за нивното понатамошно истражување. Секундарните податоци за сливот на реката Пчиња достапни од Управа за хидрометеоролошки работи, дозволите за риболов и другите достапни документи исто така ќе се користат за целите на проектот.

Целите на овој проект се:

  • Да се процени хидрологијата на сливот на реката Пчиња;
  • Да се идентификуваат локациите и статусот на препреките (слаповите и другите бариери) кои го фрагментираат речниот тек;
  • Да се процени влијанието на препреките врз водните видови и нивните живеалишта;
  • Да се развие методологија за избор на препреки за отстранување со цел да се подобри поврзаноста на реката и еколошкото здравје;
  • Да се создаде база на податоци на препреки заснована врз развиената методологија;
  • Да се дадат препораки за приоритетни бариери за отстранување.

Цели и обем на работа

Експертот ќе биде одговорен да ја спроведе задачата „Правна анализа за статусот на препреки, брани и други инфраструктурни градби во сливното подрачје на реката Пчиња“. Анализата треба да даде краток преглед на националното законодавство за изградба и користење на инфраструктурни објекти покрај добра од општ интерес- како што се реките, потоците, езерата. Со анализата треба да се изврши правна проценка на објектите кои се изградени долж сливното подрачје на реката Пчиња, за што постојат впишани податоци во Катастарот на Република Северна Македонија. Анализата треба да го прикаже правниот статус на објектите преку утврдување на сопственоста, староста, степенот на употреба или неупотреба со што ќе се идентификуваат правните можности, обврски и ограничувања за нивно отстранување. За основата на анализата, експертот треба да изработи методологија со клучни параметри за проценка на правниот статус на објектите и истата да ја примени на секоја од идентификуваните препреки. Правната анализа преку едноставна скала на бодување треба да понуди листа на бариерите кои можат и треба да бидат отстранети. Од содржината на анализата треба да произлезат препораки за препреки, бариери, рибница и други инфраструктурни градби кои би можеле да се отстранат од аспект на нивниот правен статус.
Закони кои треба да бидат референцирани се Закон за заштита на животната средина, Закон за водите, Закон за заштита на природата, Закон за сопственост и други стварни права, Закон за јавни дејности, Закон за концесии и јавно приватно партнерство, Закон за локалната самоуправа и други релевантни закони кои можат да бидат во функција на оваа анализа.

Експертот треба да ги спроведе следните активности:

  1. Да изработи анализа за правниот статус на препреки, бариери, рибници и други инфраструктурни градби на сливот на реката Пчиња која ќе биде помеѓу 20-30 страни на македонски јазик.
  2. Да го користи прелиминарното истражување за сливот на реката Пчиња изработено од партнерот на проектот Геобалканика, како и секундарните податоци достапни од Управа за хидрометеоролошки работи, риболовните основи и другите достапни публикувани и официјални податоци и литература.
  3. Да изработи методологија со клучни параметри за проценка на правниот статус на објектите кои се изградени долж сливното подрачје на реката Пчиња и скала со бодови. Целта на методологијата ќе биде да го помогне процесот за идентификување на оние барирети кои според нивниот правен статус треба да бидат отстранети.
  4. Да изврши прибирање на јавно достапни податоци кои се впишани во Катастарот на Република Северна Македонија и доколку има потреба да испрати барање за доставување на информации од јавен карактер од други институции или локална самоуправа.
  5. Да вклучи листа на сите препреки, брани, рибници и други инфраструктурни градби со објаснување и проценка на нивниот правен статус, сопственост, староста, степенот на употреба или неупотреба со што ќе се идентификуваат правните можности, обврски и ограничувања за нивно отстранување.
  6. Да изработи препораки за препреки, бариери, рибници и други инфраструктурни градби кои би можеле да се отстранат од аспект на нивниот правен статус.
  7. Да учествува на заеднички работен состанок со останатите експерти на проектот (хидролог, географ, ГИС, биолози и социо-економски) со цел да се утврдат финалните препораки.
  8. Да поднесе табели за евиденција на работни денови за овој проект до Еко-свест.

Временска рамка

Избраниот експерт ќе има период од 1 месец од времето на потпишување на договорот за изработка на анализата.

Буџет

Максималниот буџетот достапен за извршување на горенаведените задачи изнесува 75.000,00 МКД бруто износ.

Потребни квалификации

Експертот треба да ги исполнува следните квалификации:
• Високо образование од областа на правните науки
• Работно искуство од најмалку 5 години на правни работи и најмалку 2 години искуство од областа на животната средина;
• Развиени истражувачки и аналитички способности;
• Искуство во подготовка на анализи, истражувања и слично.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат условите треба да достават кратка биографија(CV) и финансиска понуда (бруто износ во МКД со вклучен персонален данок на доход), со прилог примерок или референтна листа од најмалку 3 подготвени анализи, истражувања, прирачници, програми и слично. Документите треба да се достават во електронска верзија на е-пошта до [email protected] со назнака – Апликација за анализа за правниот статусот на препреки, брани, рибници и други инфраструктурни градби во сливното подрачје на реката Пчиња е продолжен до 07.04.2023 година.

Надзор на проектот, контрола на квалитет и детали за контакт
Контакт лице за проектот е Ѓорѓи Митревски, [email protected], 071 232 103.
Повик за доставување понуди за набавка на промотивни производи.

Повик за доставување понуди за набавка на промотивни производи.

Центарот за истражување и информирање за животната средина “Еко-свест” од Скопје, локална канцеларија Вевчани во рамки на проектот “Поддршка на одржливото управување со заштитеното подрачје Вевчански извори” финансиран од ПОНТ, има потреба од ангажирање на компанија за набавка на промотивни производи.

Работни задачи и одговорности на компанијата/изведувачот

  1. Набавка на промотивни производи и колор принт со доставен готов дизајн од страна на нарачателот.

Спецификација и количина на промотивни производи

ПроизводНајмалку потребна количина
Спортско шише150
Бандана100
Капа50
Маица 100% памук200
Маица драјфит25
Маица поло50
Торба со врвка/Ранче200
Торба за пазарење100
Еко нотес/ Тефтер А5 со пенкало100
Тефтер А6 со пенкало300
Шоља Росфрајт30
Банер2
Приврзок кабаница100
Приврзок за клучеви200
Приврзок светилка         100
Пенкало200
Беџ250

Потребна документација за аплицирање:

  • Краток опис на компанијата (портфолио)
  • Тековна состојба не постара од 6 месеци 
  • Финансиска понуда (по производ)

Компанијата која аплицира мора да ги исполнува следниве критериуми:

  • Активна компанија која е формирана согласно Законите во Република С. Македонија, и постои најмалку 2 години.

Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.

Во понудата задолжително:

  • Да се наведе единечната цена за производ поединечно без ДДВ
  • Временски рок на извршување на набавката
  • Начин на плаќање

При доставување на понудата, ве молиме користете го образецот Анекс 1 Финансиска понуда што е прилог на овој повик.

Евалуација на кандидатите

Кандидатите ќе бидат оценувани според следните критериуми:

1. Портфолио на компанијата (70 бодови);

2. Понудена цена за производите (30 бодови).

Вкупно 100 бодови.

Договор ќе биде склучен со онаа компанија која освоила најголем број бодови во сооднос квалитет на понуда и цена.

Еко-свест ќе ја извести само онаа компанија чија понуда ќе биде избрана. Договор ќе биде склучен само со онаа компанија чија понуда ќе биде оценета како најповолна.

Услови на поднесување

Комплетната понуда, апликантите треба да ја испратат на email: [email protected], со назнака Понуда за набавка на промотивни производи.

Краен рок за достава на понуди е 10.04.2022 година

Некомплетни понуди нема да бидат земени во предвид.

Повеќе информации можете да добиете на тел. 070 225 604.

Анекс 1

Финансиска понуда

 ПроизводНајмалку потребна количинаВременски рок на доставувањеЕдинечна ценаВкупен износ (без ДДВ)
1.Спортско шише150   
2.Бандана100   
3.Капа50   
4.Маица 100% памук200   
5.Маица драјфит25   
6.Маица поло50   
7.Торба со врвка/Ранче200   
8.Торба за пазарење100   
9.Тефтер А5100   
10.Тефтер А6 со пенкало300   
11.Шоља Росфрајт30   
12.Банер2   
13.Приврзок кабаница100   
14.Приврзок за клучеви200   
15.Приврзок светилка100   
16.Пенкало200   
17.Беџ250   

Датум __________________

Потпис на понудувач:

Првиот ден на пролетта

Првиот ден на пролетта

По повод првиот ден на пролетта Центарот за истражување и заштита на животната средина Еко-свест преку својата локална канцеларија во Вевчани во соработка со Основното училиште Страшо Пинџур од Вевчани организираа заедничка акција за засадување садници.
Учениците од основното училиште заедно со тимот на Еко-свест засадија садници во училишниот двор кој во иднина ке служат како сенка во летните денови и ќе не потсетуваат колку ни се потребни зелените површини.
По повод денот на пролетта апелирами за поголема свесност и поголема грижа за животната средина.Зеленило има значајна улога во квалитетот на нашето живеење, но и во прочистувањето на воздухот и намалување на аерозагадувањето
Обновувањето и зголемувањто на шумските екосистеми е еден од основните предуслови за зачувување на здрава животна средина и опстанок на животот каков што го знаеме. Шумите се климатски стабилизатори со големо влијание врз сите екосистеми.
Еко-свест преку локалната канцеларија во Вевчани ке продолжи со процесот на едукација на учениците, локалното население и туристите за значењето на зелените површини и зачувувањето на шумите.

Продолжен рок -Повик за изработка на анализа за правниот статус на препреки, брани, рибници и други инфраструктурни градби во сливното подрачје на реката Пчиња

Меѓународен ден на акција за реките

Нема подобар повод да се потсетиме колку се важни реките од денешниот меѓународен Ден на акција за реките, 14 март.

Еко-свест повеќе од 20 години се бори за животната средина и од неодамна има своја програма за заштита на водите.

Нашата земја има прекрасни и чисти реки, но и такви на кои им се заканува загадување и уништување.

Нашата цел е правна и практична заштита на речните екосистеми, од ни зависните живеалишта и биодиверзитет како и локалните заедници и претворање на реките во „оски“ на локален економски одржлив развој.

Еко-свест работи на остварување на оваа цел преку проекти со кои изработув законски и подзаконски решенија, остварува соработка со локалните заедници и со сите засегнати луѓе, институции и организации и разработува нови методи за елиминирање на заканите врз реките, во три региони во државата: Маврово, Шар Планина, Демир Капија и Пчиња.

По повод денот на акција за реките апелираме до сите за зголемување на грижата за нашите реки преку виртуелна мини изложба од фотографиите кои ни ги испратија граѓаните. Погледнете кои се нивните омилени реки:

Продолжен рок -Повик за изработка на анализа за правниот статус на препреки, брани, рибници и други инфраструктурни градби во сливното подрачје на реката Пчиња

Повик за изработка на анализа на на социо-економското влијание на препреките на сливот на реката Пчиња

Опис на услугата

Основни информации

Како резултат на човековата активност, односно изградбата на препреки, брани и други инфраструктурни градби, реките во Македонија страдаат од фрагментација која што има негативно влијание врз хидрологијата на реките, морфологијата, екосистемите, вклучително и рибите и останатите водните видови како и нивните живеалишта. Целта на овој проект е да се развие методологија за идентификување на најсоодветните препреки за отстранување, со цел повторно да се поврзат речните системи и да се подобри нивното еколошко здравје. Проектот ќе се фокусира на сливот на реката Пчиња и ќе вклучува мултидисциплинарен тим на експерти.
Проектот ќе се реализира во три фази. Во првата фаза ќе биде подготвена методологија за идентификација и приоретизација на бариерите за отстранување. Во следната фаза, експертите ќе направат теренска работа во областа на истражувањето со цел да се процени влијанието на бариерите врз животната средина, биолошката разновидност, социо-економската важност и нивниот правен статус. Во последната фаза на проектот, експертите ќе обезбедат систематска класификација на влијанието на бариерите и приоритетите за отстранување.
Прелиминарно истражување за сливот на реката Пчиња веќе беше завршено од страна на партнерот на проектот Геобалканика. Истражувањето вклучува хидролошки податоци за сите реки и потоци на сливот, преглед на препреките и бариерите како и други статистички податоци. Ова прелиминарно истражување ќе биде достапно за експертите како појдовна основа за нивното понатамошно истражување. Секундарните податоци за сливот на реката Пчиња достапни од хидрометеоролошкиот институт, дозволите за риболов и другите достапни документи исто така ќе се користат за целите на проектот.
Целите на овој проект се:

  • да се процени хидрологијата на сливот на реката Пчиња;
  • да се идентификуваат локациите и статусот на препреките (слаповите и другите бариери) кои го фрагментираат речниот тек;
  • да се процени влијанието на препреките врз водните видови и нивните живеалишта;
  • Да се развие методологија за избор на препреки за отстранување со цел да се подобри поврзаноста на реката и еколошкото здравје;
  • Да се создаде база на податоци на препреки заснована врз развиената методологија;
  • Да се дадат препораки за приоритетни бариери за отстранување.

Цели и обем на работа

Експертот ќе биде одговорен да ја спроведе задачата „Анализа на социо-економското влијание на препреките на сливот на реката Пчиња“. Целта на оваа анализа е да се идентификуваат препреките, бариерите и рибниците кои не се во употреба и би можеле да бидат отстранети со цел да се подобри поврзаноста на реката и нејзиното еколошко здравје. Анализата треба да содржи кратко резиме на социо-економското влијание на реката врз регионот, како и основна демографија и употребата на вода од реките во сливот на Пчиња од страна на локалното население, локалните правни субјекти и останатите локални чинители. Понатаму, експертот ќе треба го идентификува/процени влијанието на препреките, бариерите и рибниците врз социо-економските активности преку комуникација со локалните чинители, вклучително и локална самоуправа, жителите, риболовните организации, земјоделските заедници, спортски здруженија, промотори на еко-туризам и сите оние кои ја употребуваат реката и може да бидат засегнати од отстранување на препреките. Врз база на спроведените активности во анализата ќе бидат идентификувани препреките, бариерите и рибниците кои не се во употреба и би можеле да бидат отстранети без поголемо нарушување на социо-економскиот баланс.

Експертот треба да ги спроведе следните активности:

  1. Да изработи анализа на социо-економското влијание на препреките, бариерите и рибниците на сливот на реката Пчиња која ќе биде помеѓу 20-30 страни на македонски јазик.
  2. Да направи теренски истражувања за добивање на информации од локална самоуправа, жителите, риболовните организации, земјоделските заедници, спортски здруженија, промотори на еко-туризам и сите оние кои ја употребуваат реката и може да бидат засегнати од отстранување на препреките.
  3. Да го користи прелиминарно истражување за сливот на реката Пчиња изработено од партнерот на проектот Геобалканика, како и секундарните податоци достапни од хидрометеоролошкиот институт, дозволите за риболов и другите достапни публикувани и официјални податоци и литература.
  4. Да изработи листа на препреките со податоци за нивното социо-економско влијание и нивната употреба од стана на локалните чинители
  5. Да изработи методологија на бодување, односно квантификација на влијанието со бодови (од 1-5) и да ја примени оваа методологија на секоја од препреките.
  6. Да изработи препораки за препреки, бариери и рибници кои би можеле да се отстранат.
  7. Да учествува на заеднички работен состанок со останатите експерти на проектот (хидролог, географ, ГИС, биолози и правен експерт) со цел утврдување на финалните препораки.
  8. Да поднесе табели за евиденција на работни денови за овој проект до Еко-свест.

Временска рамка

Избраниот експерт ќе има период од 2 месеци од времето на потпишување на договорот за изработка на анализата, вклучувајќи ги и теренските посети.

Буџет

Максималниот буџетот достапен за извршување на горенаведените задачи изнесува 132.000 МКД бруто износ.

Потребни квалификации

Експертот треба да ги исполнува следните квалификации:
• Најмалку 3 (претходно) изработени анализи и/или трудови/активности во бараната област
• Развиени истражувачки и аналитички способности;
• Одлични комуникациски способности.

Постапка и правила за пријавување, рок и избор

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат условите треба да достават кратка биографија(CV) и финансиска понуда (бруто износ во МКД со вклучен персонален данок на доход), со прилог примерок или референтна листа од најмалку 3 подготвени анализи, истражувања, прирачници, програми и слично. Документите треба да се достават во електронска верзија на е-пошта до [email protected]: со назнака – Апликација за анализа на социо-економското влијание на препреките на сливот на реката Пчиња до 20 март 2023г.

Надзор на проектот, контрола на квалитет и детали за контакт

Контакт лице за проектот е Ѓорѓи Митревски, [email protected], 071 232 103.