Меѓународна конференција за заштита на реките во Југоисточна Европа

Меѓународна конференција за заштита на реките во Југоисточна Европа

На 9-ти и 10-ти април во Скопје се одржува третата меѓународна конференција за заштита на реките на Југоисточна Европа. Конференцијата е во организација на меѓународната организација The Nature Conservancy и Еко-свест, во рамките на регионалната иницијатива „Заедно за реките“.

На конференцијата ќе присуствуваат стотина претставници на граѓански организации, локални заедници, институции и академски заедници од целиот регион за да разговараат за клучните прашања за заштита на реките, да разменат различни искуства и да презентираат успешни примери од нивната работа.

ОТВОРЕН ПОВИК ДО КОМПАНИИ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДА

ОТВОРЕН ПОВИК ДО КОМПАНИИ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДА

ЗА ИЗРАБОТКА НА ТЕХНИЧКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА  OTСТРАНУВАЊЕ НА ПРЕПРЕКА ВО РЕКАТА ПЧИЊА

Основни информации

 Еко-свест започна нов проект со поддршка на Европската програма за отворени реки – организација за доделување грантови посветена на обновување на реките. Проектот има за цел да развие национална применлива методологија и база на податоци со симулатор за идентификување на приоритетните бариери за отстранување со користење на сливот на реката Пчиња како студија на случај.

Овој проект е прв проект поврзан со реставрација на реките преку отстранување на бариерите во државата. Тоа ќе даде можност да се воведе отстранувањето на браната како важен механизам за обновување на реките. Исто така, ќе ги идентификува клучните експерти и засегнати страни за други слични иницијативи посветени на обновувањето на реките“.

Eко-свест објавува повик до компании за доставување понуда за изработка на  техничка документација за отстранување на препрека на Пчиња.

Цел и задачи на активностите

Ангажираната компанија ќе биде одговорнa за:

I. Изработка на техничка документација за отстранување на бетонски објект на река Пчиња, место Шупљи Камен и заштита на речното корито пред и по објектот од 50 годишна вода.

1. Геодетски елаборат за посебни намени за ажурирана геодетска подлога кој ќе содржи: снимање на попоречни профили на речното корито на водотекот со должина од околу 700м (350м возводно од објектот и 350м низводно), на меѓусебно растојание од 10 до 15м со не помалку од 10 точки по профил.

2. Основен проект за отстранување на разрушен бетонски објект на река Пчиња, место Шупљи камен и заштита на речното корито пред и по објектот СО ВКЛУЧЕНА РЕВИЗИЈА.

Основниот проект ќе содржи:

– Хидролошки анализи за река Пчиња за повратен период од 50 години

– Хидрауличка анализа на речното корито на потег од 700м, 350м возводно од бетонскиот објект и 350м низводно за постоечка состојба и проектирана состојба со која ќе се врати речното корито во негова природна состојба по отстранување на разручениот бетонски објект

– Хидрауличка анализа на речното корито на потег од 700м, 350м возводно од бетонскиот објект и 350м низводно за проектирана состојба со која ќе се обезбеди враќање на речното корито во негова природна состојба по отстранување на разрушениот бетонски објект

– Определување на конструктивни карактеристики на објектите за заштита

– Технички извештај со опис на техничко решение

– Графички прилози: ситуација, надолжен профил, попречни профили…

– Анализа и определување на земјани маси

– Предмер и пресметка на работите

– Технички спецификации за изведување на работите

3. Елаборат за заштита на животна средина

Составен дел од елаборатот ќе бидат:

  • Анализа на квалитет на водата со сите потребни параметри и загадувачки материи, направена во акредитирана лабораторија, и
  • Анализа на квалитетот и составот на седиментот, направена во акредитирана лабораторија со посебен фокус на постоење на токсични материи и тешки метали.

Во Анекс 2 се содржат дополнителните информации за конкретната препрека за отстранување.

Временска рамка за доставување на понуда

Периодот за доставување понуди е 10 дена од објавување на отворениот повик односно до 17 април 2025 година.

По истекот на овие 10 дена Еко-свест ќе оформи комисија која ќе биде задолжена за избор на најдобра понуда. Еко-свест е должен по изминати 7 дена, од завршувањето на Повикот, да ги извести понудувачите за резултатот од работата на Комисијата.

Неизбраните понудувачи имаат можност за жалба во рок од 5 дена по добиеното известување.

Прашања за повикот може да се достават најдоцна до 14.04.2025 година. Сите одговори на прашањата пристигнати во рокот ќе бидат објавени на веб страницата на Еко-свест под објавениот повик.

Временска рамка за спроведување на активноста

Заинтересираниот понудувач е потребно во својата понуда да предвиди временска рамка за изработка на активноста. Ќе бидат преферирани понуди со разумни и ефикасни рокови.

Потребна документација за пријавување

Заинтересираните понудувачи треба да достават:

  • Технничка понуда со временска рамка, детални активности и анализи за сите горенаведени документи,
  • Финансиска понуда за изработка на техничката документација и сите анализи со детален приказ на трошоците (изразени со вклучен ДДВ)
  • Потпишана изјава (види Анекс 1)
  • Кратко портфолио на компанијата
  • Тековна состојба не постара од 6 месеци

*Од избраниот понудувач, освен горенаведените податоци, ќе се побара да достави дополнителна документација која вклучува тековна состојба/потврда за регистрирана дејност на добавувачот; потврда за солвентност/бонитет; завршна сметка за 2024 (за правни лица); потврда/информација од Централен Регистар за забрана за вршење дејност и регистар за казни на правни лица; уверение за платени даноци и придонеси; декларации за доверливост и непостоење на конфликт на интереси за сите физички лица кои би биле ангажирани од страна на организацијата; биографии (CV) на консултантите/физичките лица кои би биле ангажирани; листа на референци/портфолио за истите.

Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.

Критериуми за понудувачите

Активна компанија која е формирана согласно Законите во Република Северна Македонија, и постои најмалку 5 години.  

На повикот може да се пријават правни лица кои ги исполнуваат наведените правни и технички услови.

Доверливост

Сите информации кои се поврзани со оценка на понудите нема да бидат споделувани со никој кој не е официјално вклучен во процесот на селекција, дури и по завршување на процесот на избор. Сите податоци ќе се третираат како доверливи и нема да се користат, прибираат, споделуваат за други цели надвор од овој повик и целта на истиот.

Пријавување и контакт информации

Понудите треба да се испратат на email: [email protected] најдоцна до 17.04.2025 година до 16:00 часот, со назнака Доставување на понуда.

Евентуални прашања за повикот можат да се достават до [email protected] најдоцна до 14.04.2025 година.

Поддршка на локални производители – Слатко од костени CASTANEA WS

Поддршка на локални производители – Слатко од костени CASTANEA WS

Како дел од нашите активности од проектот „Поддршка на одржливо управување со Споменикот на природа Вевчански Извори “ финансиран од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT, го поддржавме овој уникатен производ со маркетинг и дизајн, со цел да го претставиме неговиот автентичен квалитет и да го промовираме како локален производ од природата кој ги спојува традицијата и природата.

Слаткото од костен е природно задоволство што го комбинира богатиот, земјен вкус на костени со сладоста на внимателно изработен сируп. Овој производ е повеќе од само вкусно уживање – тој претставува поддршка за зачувување на животната средина и зајакнување на локалната заедницата.
Костените се собираат и обработуваат со грижа и љубов, и со посебно внимание. Castanea WS се потпира на традицијата и прави производи кои целосно ја одразуваат истата, без компромиси. Производите не содржат никакви козерванси, адитиви, засилувачи на вкус, бои и се апсолутно природни и вкусни, со локално потекло.
Секој производствен циклус се занимава со мали количини и се фокусира на селекција, висок квалитет и рачна изработка, што резултира со уникатни специјалитети.

Целта на оваа активност е промовирање на Споменикот на Природата Вевчански Извори, брендинг и промовирање на производи кои потекнуваат од шумските плодови на планината Јабланица, со цел создавање препознатливост и одржливост на производите.

Производот може да се набави во Вест Сајт Мезе Бар во Вевчани.

Отворен повик до индивидуални консултанти и компании-продолжен рок до 18 април 2025

Отворен повик до индивидуални консултанти и компании-продолжен рок до 18 април 2025

за Изработка на тематски извештаи од Студија за валоризација на вредностите на
Демиркаписката клисура и околината заради прогласување за заштитено подрачје

Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко – свест“ во рамки на регионалната иницијатива „Заедно за реките“ финансирана од The Nature Conservancy, објавува Повик за ангажирање на индивидуални консултанти или компании за подготовка на извештаи од предвидените тематски области кои ќе бидат дел од Студија за валоризација на вредностите на Демиркаписката клисура и околината.

Цел на активноста

Со извештаите треба да се обезбеди преглед на постоечките состојби и да се идентификуваат, документираат и категоризираат сите карактеристики на биолошкото, геолошкото и хидролошкото богатство на подрачјето на Демиркаписката клисура и сливот на реката Вардар на територијата на општина Демир Капија.

Покрај документирање на постоечката состојба, намената на тематските извештаи е да бидат составен дел од Студијата за валоризација на предложеното подрачје Демиркаписка клисура и околината, а крајната цел е репрогласување на тој регион за заштитено подрачје.

Извештаите и Студијата за валоризација на предложеното подрачје Демиркаписка клисура и околината, треба да биде во согласност со Законот за заштита на природата (“Сл.весник на Република Македонија” бр.67/04,14/06, 84/07, 35/10, 47/11, 148/11, 59/12, 13/13, 163/13 и 41/14) и Правилникот за содржинатa на Студијата за валоризација или ревалоризација на заштитени подрачја (“Сл.весник на Република Македонија”бр.26/12).

Потребни квалификации на понудувачите

Сите експерти (индивидуални или како дел од експертските тимови/компании) треба да ги имаат следните квалификации:

  • Високо образование во бараната тематска област (препорачливо М-р или Д-р) или работно искуство од најмалку 5 години во бараната област;
  • Искуство во работа на најмалку 3 (претходно) изработени Студии за валоризација/ревалоризација или слични анализи; и
  • Развиени истражувачки и аналитички способности.

Услови на повикот

На повикот може да аплицираат поединечни експерти и/или оформени тимови и компании од земјата и странство. Заинтересираните кандидати или тимови/компании, кои ги исполнуваат условите, документите треба да ги достават во електронска верзија на македонски или англиски јазик на е-пошта до [email protected] со назнака „Пријава за изработка на тематски извештаи од Студија за валоризација на вредностите на Демиркаписката клисура и околината“.

Начин на пријавување

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат условите треба да достават:

  • За физички лица:
  1. Понуда за изработка на извештаите, во која ќе се наведе/ат тематските/а област/и за која/и се аплицира наведена во Анекс 1;
  2. Биографија (CV) со информација за најмалку 3 претходни изработени извештаи од студии или трудови од бараната проблематика или слични анализи.
  3. Финансиска понуда со преглед на трошоци по ставки и квантификација на експертски денови.
  4. Потврда за посветеност: Кодекс на однесувањена Еко-свест и декларација за судир на интереси (Анекс 2).
  • За правни лица/компании:
  1. Понуда за изработка на извештаите, во која ќе се наведе/ат тематските/а област/и за која/и се аплицира наведена во Анекс 1;
  2. Портфолио на компанијата со најмалку 3 претходни изработени извештаи во рамки на Студии за ре/валоризација или Студии за оцена на влијанието на животната средина во бараната област;
  3. Биографија (CV) со информација за најмалку 3 претходни изработени извештаи од студии или трудови од бараната проблематика или слични анализиза секој член на тимот кој ќе учествува во изработка на извештаите;
  4. Финансиска понуда со преглед на трошоци по ставки и квантификација на експертски денови;
  5. Пополнета изјава за незапаѓање во ситуација која е основа за исклучување од учество во набавката (Анекс 3).

Од избраниот понудувач, освен горенаведените податоци, ќе се побара да достави дополнителна документација која вклучува тековна состојба/потврда за регистрирана дејност на добавувачот; потврда за солвентност/бонитет; завршна сметка за 2024 (за правни лица); pотврда/информација од Централен Регистар за забрана за вршење дејност и регистар за казни на правни лица; уверение за платени даноци и придонеси; изјави за доверливост и непостоење на конфликт на интереси од страна на избраниот кандидат (физичко лице) или изјава дека ги исплонува критериуме за учество (правно лице); биографии (CV) на консултантите; листа на референци/портфолио.

За сите прашања, контактирајте нè на [email protected] најдоцна до 08.04.2025 година. Пристигнатите прашања од кој било од заинтересираните понудувачи ќе бидат одговорени и објавени на веб-страницата на Еко-свест во коментари под објавата за повикот и достапни за сите.

Доставените материјали остануваат во архивата на Еко-свест.

Понудите кои ќе пристигнат по наведениот рок или без целосна документација, нема да бидат разгледувани.

Рокови, временска рамка и локација на спроведување на активностите

Истражувањата ќе се спроведуваат во рок од 6 месеци почнувајќи од април 2024 година. Истражувањата ќе се споведуваат на територија на општина Демир Капија.

Критериум за избор на најсоодветна понуда

По истекот на рокот за пријавување, ќе се креира Комисија од 3 члена која ќе изврши бодување на пристигнатите понуди.
Кандидатите за секоја тематска област ќе бидат оценувани според следните критериуми:

1.Портфолио на кандидатот (60 бодови) со вклучен преглед на претходни изработени студии/анализи во рамки на Студии за валоризација и/или Студија за оценка на влијанието врз животната средина;
2.Финансиска понуда (40 бодови). Вкупно 100 бодови

Еко – свест ќе ги контактира избраните понудувачи, не подоцна од 7 дена од истекот на периодот за доставување на понуда.

Договор ќе биде склучен со кандидатите кои освоиле најголем број бодови во сооднос квалитет на понуда и цена.

Анекс 1: Детален опис на работната задача
Основни информации
Регионалната иницијатива „Заедно за реките“ е посветена на зачувувањето на 13 реки во пет земји на Југоисточна Европа каде што сè уште може да се најдат некои од последните диви реки на континентот. Иницијативата ги промовира реките како крвоток на заедниците и екосистемите кои обезбедуваат чиста вода за пиење, го одржуваат биодиверзитетот и го овозможуваат животот на локалните заедници.
Оваа иницијатива се заснова на верувањето дека вклучувањето и зајакнувањето на локалните заедници е клучно за ефективна и трајна заштита на реките како природни ресурси. Истакнувајќи ја вклученоста на локалните заедници, The nature Conservancy и шест партнерски организации од БиХ, Црна Гора, Хрватска, С. Македонија и Србија работат на воспоставување на нови заштитени подрачја покрај реките со цел да се зачуваат нивните природни, социјални и културни вредности.
Преку воспоставување на заштита и добро управување со заштитените подрачја ќе се обезбеди директен придонес во исполнувањето на меѓународните обврски на кои се обврза С. Македонија, а тоа се: Европскиот зелен договор, Зелената агенда на ЕУ за Западен Балкан и Глобалната рамка за биолошка разновидност Кунмин- Монтреал од декември 2022 година.
Иницијативата „Заедно за реките“ во С. Македонија ја спроведува Еко-свест со цел да се обезбеди заштита на долниот тек на реката Вардар и нејзините притоки кои минуваат низ територијата на општина Демир Капија, со фокус на придобивките од реката за животот на локалните заедници.
Обем и детален опис на услугата
За целите на тематските извештаи од Студијата за валоризација, согласно Законот за заштита на природата („Сл.весник на Република Македонија“ бр.67/04, 14/06, 84/07, 35/10, 47/11,
148/11, 59/12, 13/13, 163/13 и 14/14) и Правилникот за содржината на Студијата за валоризација или ревалоризација на заштитено подрачја („Сл.весник на Република Македонија“ бр.26/12), експертскиот тим или индивидуалниот консултант е должен:
o Да ја следи методологијата и предложените тематски области од Еко-свест согласно обемот на истражувањето.
o Да спроведе научно истражување и прибирање на технички и научни податоци;
o Да ги користи расположливите информации и постоечките документи кои се јавно достапни (извештаи, анализи од различни организации/институции од областа и др.);
o Да подготви и поднесе барање за слободен пристап до информации од јавен карактер;
o Да подготви и поднесе барање за истражувачки активности на територијата на Општина
Демир Капија и барање за дозвола за истражување во природа до МЖСПП;

o Да споделува информации за подготовка на студијата преку заеднички координативни состаноци со останатите експерти за подготовка на студијата
o Да учествува на форумите со засегнати страни во општина Демир Капија и на други локации во организација на Еко-свест и Општина Демир Капија.
Експертите (секој соодветно) треба да ги спроведат следните работни задачи:
Експерт за живеалишта:
o Да изработи извештај (преглед и анализа) на следните групи: шумски и ливадски живеалишта
o Да изработи база на податоци по образец
o Да подготви карти на дистрибуција за клучни живеалишта од европско и национално
значење
o Да подготви карта за мапирање на основните екосистеми
o Да предложи надворешни граници и зонирање во ГИС за определеното подрачје
o Да учествува на јавни консултативни состаноци за презентација и дискусија на нацртот и конечната Студија за валоризација на предложеното подрачје
o Да пополни листа на закани и предизвици кои влијаат на шумските и ливадските живеалишта во образец од Еко-свест
Експерт за алги:
o Да изработи извештај преглед и анализа на следните групи: алги
o Да изработи база на податоци по образец
o Да подготви карти на дистрибуција за клучни алги од европско и национално значење
o Да подготви карта за мапирање на основните екосистеми
o Да предложи надворешни граници и зонирање во ГИС за определеното подрачје
o Да учествува на јавни консултативни состаноци за презентација и дискусија на нацртот и конечната Студија за валоризација на предложеното подрачја
o Да пополни листа на закани и предизвици кои влијаат на алгите во образец од Еко-свест
Експерт за габи:
o Да изработи извештај преглед и анализа на следните групи: габи
o Да изработи база на податоци по образец
o Да подготви карти на дистрибуција за клучни габи од европско и национално значење
o Да подготви карта за мапирање на основните екосистеми
o Да предложи надворешни граници и зонирање во ГИС за определеното подрачје
o Да учествува на јавни консултативни состаноци за презентација и дискусија на нацртот и конечната Студија за валоризација на предложеното подрачја
o Да пополни листа на закани и предизвици кои влијаат на габите во образец од Еко-свест
Експерт за инсекти:
o Да изработи извештај преглед и анализа на следните групи: пеперутки, скакулци, тркачи и сапроксилни инсекти
o Да изработи база на податоци по образец
o Да подготви карти на дистрибуција за клучни видови од европско и национално значење
o Да подготви карта за мапирање на основните екосистеми
o Да предложи надворешни граници и зонирање во ГИС за определеното подрачје
o Да учествува на јавни консултативни состаноци за презентација и дискусија на нацртот и конечната Студија за валоризација на предложеното подрачје
o Да пополни листа на закани и предизвици кои влијаат на таксономските групи на инсектите во образец од Еко-свест
Експерт за птици:
o Да изработи извештај преглед и анализа на следните групи: птици
o Да подготви карти на дистрибуција за клучни птици од европско и национално значење
o Да изработи база на податоци по образец
o Да подготви карта за мапирање на основните екосистеми
o Да предложи надворешни граници и зонирање во ГИС за определеното подрачје
o Да учествува на јавни консултативни состаноци за презентација и дискусија на нацртот и конечната Студија за валоризација на предложеното подрачје
o Да пополни листа на закани и предизвици кои влијаат на птиците во образец од Еко- свест
Експерт за цицачи:
o Да изработи извештај преглед и анализа на следните групи: цицачи
o Да подготви карти на дистрибуција за клучни цицачи од европско и национално значење
o Да изработи база на податоци по образец
o Да подготви карта за мапирање на основните екосистеми
o Да предложи надворешни граници и зонирање во ГИС за определеното подрачје
o Да учествува на јавни консултативни состаноци за презентација и дискусија на нацртот и конечната Студија за валоризација на предложеното подрачје
o Да пополни листа на закани и предизвици кои влијаат на цицачите во образец од Еко-свест
Експерт за лилјаци:
o Да изработи извештај преглед и анализа на следните групи: лилјаци
o Да подготви карти на дистрибуција за клучни лилјаци од европско и национално значење
o Да изработи база на податоци по образец
o Да подготви карта за мапирање на основните екосистеми
o Да предложи надворешни граници и зонирање во ГИС за определеното подрачје
o Да учествува на јавни консултативни состаноци за презентација и дискусија на нацртот и конечната Студија за валоризација на предложеното подрачје
o Да пополни листа на закани и предизвици кои влијаат на лилјаците во образец од Еко-свест
Експерт за геодиверзитет:
o Да изработи извештај преглед и анализа на геодиверзитет
o Да подготви карти на дистрибуција за клучни елементи на геодиверзитетот
o Да предложи надворешни граници и зонирање во ГИС за определеното подрачје
o Да учествува на јавни консултативни состаноци за презентација и дискусија на нацртот и
конечната Студија за валоризација на предложеното подрачје
o Да пополни листа на закани и предизвици кои влијаат на лилјаците во образец од Еко-свест

*Еден консултант може да се пријави да изработи извештаи за повеќе од една таксономска група, односно повеќе од една тематска област. Исто така, група на консултанти може да се пријават за изработка на една такспномска група.
*Извештаите од Студијата треба да бидат изработени на македонски или англиски јазик.

Контакт лица:
*Ѓорѓи Митревски, Раководител на програма Води
[email protected]
тел.за контакт 071-232-103