by Iskra Manojloska | Mar 31, 2026 | Еко-свест Вевчани, Настани, Објави, Природа
На 26 и 27 март 2026 година во Вевчани, се одржа вториот состанок на партнерите на PONT Connect иницијативата од Македонија, Грција и Албанија. Главниот фокус беше ставен на преминот од дискусии кон акција — дефинирање на практичен и унифициран систем за мерење на влијанието врз еколошката поврзаност.
Клучни заклучоци од состанокот:
Единствен систем за мониторинг: Наместо изолирано следење на проектите, се воспоставува заедничка рамка за мерење на ефектот на сите 9 активни грантови. Ова вклучува и четири нови грантови финансирани од Францускиот фонд за глобална животна средина (FFEM).
Редефинирање на заштитата: Конзервацијата на коридорите се одвива во предели без формална заштита, каде клучна е довербата и соработката со луѓето за да се избегнат т.н. „папирнати паркови“.
Мерење на она што е важно: Дефинирани се практични индикатори за шумските екосистеми, големите цицачи и конфликтот меѓу луѓето и дивите животни. Целта е да се покаже како и малите, насочени акции можат да донесат големи промени на терен.
Заедниците како партнери: Успехот зависи од долгорочно присуство. Локалните заедници повеќе не се гледаат само како корисници, туку како еднакви партнери во заштитата на природата.
Состанокот во Вевчани означи почеток на нов пристап каде фрагментираните напори се преточуваат во видлива и трајна промена на ниво на целиот прекуграничен регион.
Како дел од оваа иницијатива, Еко-свест ќе работи на терен во клучниот еколошки коридор Јабланица-Караорман-Стогово. Нашиот пристап вклучува:
Обнова на екосистемите: Рехабилитација на шумите и реките и галцијалните езера во овој регион.
Заштита на дивиот свет: Мониторинг на крупните месојади и воведување на сет мерки за подобрување на коегзистенцијата помеѓу локалното население и овие животни.
Инклузивност: Активностите ќе се реализираат во директно партнерство со локалните заедници, младите и релевантните институции, со цел да се обезбеди долгорочна одржливост на резултатите.
by Iskra Manojloska | Mar 21, 2026 | Еко-свест Вевчани, Настани, Објави
Годинава, Меѓународниот ден на шумите го одбележавме таму каде што започнува секој голем сон – кај најмладите.
Нашите заедници во Вевчани и Струга станаа побогати за нови костенови садници кои ги засадивме во дворовите на:
📍 ЈОУДГ “Планински Цвет” – Вевчани
📍 ЈОУДГ „8-ми Март“ – Струга (градинката Пеперутка)
Оваа акција немаше да биде иста без неверојатната енергија на учениците од:
СОУ „Д-р Ибрахим Темо“ – Струга
ООУ „Страшо Пинџур“ – Вевчани
Средношколците и основците беа вистински ментори! Тие не само што ги засукаа ракавите, туку низ игра и разговор им покажаа на помалите другарчиња од градинките како правилно се сади дрво и како истото се негува.
Овогодинешната светска порака за денот на шумите се фокусира на иновациите за подобар свет. Ние веруваме дека најголемата иновација е токму едукацијата. Кога учиме едно дете дека дрвото е „белите дробови“ на неговиот град, ние инсталираме софтвер на емпатија и грижа кој ќе трае цел живот. 💻🌱
Костените што ги засадивме ќе растат заедно со дечињата во „Планински Цвет“ и „Пеперутка“, нудејќи им лекции за природата во живо, секој ден.
Да ги чуваме нашите шуми, за тие да нè чуваат нас!
Погледнете ја галеријата на следниот линк.
by Ana Colovic | Mar 13, 2026 | Објави, Соопштенија
Коалиција граѓански организации поднесе официјално барање до Град Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање за:
- Обезбедување целосна транспарентност и јавни консултации во постапката за обновување на А-интегрираната дозвола.
- Организирање на јавна расправа, согласно чл. 100 ст. 4 од Законот за животната средина, со оглед на тоа што крајниот рок за поднесување барање за обновување на дозволата од страна на операторот беше 12.03.2026 година.
Барањето е втемелено на уставното право на здрава животна средина, а целта е активно учество на јавноста со предлог мерки. Новата дозвола мора целосно да ги опфати ЕУ стандардите и најдобрите расположиви техники (BAT), имајќи го предвид кумулативното влијание на „ТИТАН УСЈЕ“ врз аерозагадувањето во Скопје.Организациите очекуваат надлежните институции да го почитуваат ова како официјално барање за јавна расправа и да обезбедат транспарентен процес во интерес на заштита на здравјето на луѓето и животната средина.
Министерот за животна средина и просторно планирање во текот на вчерашниот ден објави дека ќе организира јавна расправа за обновата на А инегрираната дозвола за Усје и притоа додаде дека „Граѓанскиот сектор е важен партнер во напорите за заштита на животната средина. А токму преку транспарентни процеси може да се изгради доверба во институциите и да се обезбедат одржливи решенија во интерес на граѓаните“.
by Iskra Manojloska | Mar 13, 2026 | Еко-свест Вевчани, Настани, Објави
Во пресрет на Меѓународниот ден на реките, решивме да дејствуваме директно кај самиот почеток – на Вевчанските Извори. Нема чисти реки без здрави и заштитени извори!
Денешната акција за чистење беше вистински пример за тоа како младите можат да ја водат промената. Огромна благодарност до вредните раце на учениците кои се обединија за природата:
🎓 СОУ „Д-р Ибрахим Темо“ – Струга
🎓 СОУ „Нико Нестор“ – Струга
🎒 ООУ „Страшо Пинџур“ – Вевчани
Заедно покажавме дека кога станува збор за екологијата, граници не постојат.
💡 Нашата порака е јасна:
Одржувањето на чистотата на Вевчанските Извори не е одговорност само на еден ентитет, институција или поединец. Тоа е одговорност на сите нас – на посетителите, на мештаните, на младите и на институциите. Природата не познава сопственост, таа ни припаѓа на сите и сите сме должни да ја чуваме.
Да ги чуваме изворите денес, за да имаме реки во кои ќе уживаме утре! 💧🌱
Активностите се дел од проектот „Поддршка на одржливо управување со Споменикот на Природа Вевчански Извори – Фаза 2“ спроведуван од Eko-svest, а финансиран од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT.
Погледнете ја галеријата на следниот линк.
by Iskra Manojloska | Mar 10, 2026 | Објави, Повици
Отворен повик за конференциски услуги
Основни информации
Центарот за истражување и информирање за животна средина Еко-свест од Скoпје во рамки на своето работење и спроведување на дел од проектите, има потреба од хотелско-конференциски услуги од компании за ден 16.04.2026 од 09:00-17:00 часот.
Цел и задачи
Ангажираната компанија ќе биде одговорна за организирање на следниве работи:
- Обезбедување на сала и техничка опрема за одржување на конференција, за 60 учесници на конференцијата
- Обезбедување на ручек со вклучен 1 безалхохолен пијалок, за 60 учесници на конференцијата
- Обезбедување на две кафе паузи во денот, за 60 учесници на конференцијата.
Деаталите во врска со техничката опрема ќе бидат дополнително потврдени 10 дена пред настанот.
Временска рамка за доставување на понуда
Периодот за доставување понуди е од денот на објавување на отворениот повик до 17.03.2026 година 16:00 часот.
По истекот на овие 7 дена Еко-свест ќе оформи комисија која ќе биде задолжена за избор на најдобра понуда.
Еко-свест ќе го контактира избраниот понудувач, не подоцна од 7 дена од истекот на периодот за доставување на понуда.
Во рок од 3 дена од донесувањето на Одлуката, Еко-свест ги информира сите понудувачи за исходот од постапката. Понудувачите имаат право да поднесат Приговор во врска со постапката во рок од 3 календарски дена.
Потребна документација за пријавување
Заинтересираните компании треба да достават:
Понуда за хотелско-конференциски услуги со вклучен ДДВ
Потпишана изјава (види Анекс 1)
Кратко портфолио на компанијата
Тековна состојба не постара од 6 месеци
Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.
Напомена!
Еко-свест ќе бара од избраниот понудувач пред склучување на договор за соработка да ја достави следната документација:
Tековна состојба/потврда за регистрирана дејност на добавувачот; потврда за солвентност/бонитет; потврда/информација од Централен Регистар за забрана за вршење дејност и регистар за казни на правни лица; уверение за платени даноци и придонеси; изјава дека ги исполнува критериумите за учество; биографии (CV) на консултантите; листа на референци/портфолио.
Критериуми за понудувачите
Активна компанија која е формирана согласно Законите во Република Северна Македонија, и постои најмалку 5 години.
На повикот може да се пријават правни лица кои ги исполнуваат наведените правни и технички услови.
Доверливост
Сите информации кои се поврзани со оценка на понудите нема да бидат споделувани со никој кој не е официјално вклучен во процесот на селекција, дури и по завршување на процесот на избор. Сите податоци ќе се третираат како доверливи и нема да се користат, прибираат, споделуваат за други цели надвор од овој повик и целта на истиот.
Пријавување и контакт информации
Понудите треба да се испратат на email: [email protected] најдоцна до 17.03.2026 година до 16:00 часот, со назнака Доставување на понуда.
Евентуални прашања за повикот можат да се достават до [email protected] најдоцна до 13.03.2026 година.
Пристигнатите прашања од кој било од заинтересираните понудувачи ќе бидат одговорени и доставени до сите поканети понудувачи и објавени на веб-страницата на Еко-свест под објавата за повикот. Нецелосните понуди, односно понудите испратени после предвидениот рок за аплицирање, нема да бидат земени во предвид.
Евалуација на понудувачите
Евалуационата комисија ќе ги извести само оние понудувачи чија понуда ќе биде избрана. Понудувачите ќе бидат оценувани по следните критериуми:
Квалитет на понуденото мени и техничко-просторна соодветност на салата – 50 бодови
Финансиска понда – 50 бодови
Вкупно 100 бодови
Ќе биде склучен договор со онаа компанија која освоила најголем број бодови во сооднос квалитет на понуда и цена.
Aneks 1 Izjava za isklucuvanje od ucestvo vo nabavka
Најнови коментари