Нова студија за исплатливоста на гасот – Гасификацијата ќе биде прескапа

Нова студија за исплатливоста на гасот – Гасификацијата ќе биде прескапа

Најновата студија покажува дека стратегиите и плановите за гасификација на државата ги потценуваат трошоците и ги преценуваат можностите на гасификацијата. Трошоците за изградба на целата гасна мрежа во државата може да надминат високи 1 милијарда евра. Притоа, со високите трошоци за инвестиции доаѓаат и високи трошоци за крајните корисници, што го прават приклучувањето кон овој енергенс неприфатливо скапо. Наспроти тоа, со истите тие средства би можело да се направат значителни мерки за енергетска ефикасност и производство на енергија во секое домаќинство.

Студијата иницирана од Еко-свест и изработена од Регионалниот центар за истражување на енергетски политики од Унгарија- РЕКК изработена од унгарски експерти направи анализа на состојбата и даде јасни заклучоци и насоки.

Студијата укажува дека цените на гасот во последниве години станаа многу нестабилни, а со тоа и трошоците за изградба на гасоводите се зголемија. РЕКК проценува дека треба да се очекува зголемување од најмалку 35 отсто во споредба со проценките во планот за гасификација, што ќе доведе до вкупни трошоци за изградба од 791 до 1,086 милијарди евра за гасоводната мрежа, без трошоци за користење на земјиштето и дополнителни инвестиции во компресорите.

Дополнително, трошоците за приклучоци, користењето на гасот и набавка на опрема ги надминуваат финансиските можности на доминантен дел од домаќинствата што евентуалното префрлање на овој енергенс го прави неисплатливо и тешко изводливо.

Под претпоставка дека корисниците на системот плаќаат за развојот и функционирањето на мрежата студијата проценува дека мрежната тарифа ќе се движи од 12 до 26,6 EUR/MWh што е 100 до 300 отсто повисоко од сега. Тоа укажува дека според сегашните регулативи, трошоците за мрежата се потценети.

Експертското моделирање на РЕКК откри дека доколку домаќинствата и другите корисници треба да ги платат вкупните трошоци за инвестирање во мрежата, мрежните тарифи би биле толку високи што ниту едно од домаќинствата нема да се префрли на гас.

Плановите за гасификација на Северна Македонија претпоставуваат високи стапки на поврзување на домаќинствата со гас. На пример, студијата на ЕБОР од 2020 година претпоставува дека ќе се приклучат од од 55 до 100 проценти од домаќинствата во зависност од општината. Но, оваа проценка се заснова на искуства од странство, додека во Македонија до 2022 година поради високата цена беа потребни повеќе од 12 години да се приклучат само 503 корисници директно на дистрибутивната гасоводна мрежа во Скопје, Куманово и Струмица.

РЕКК разгледа и што друго може да се направи со парите што се очекува да се потрошат за гасоводната мрежа. Откри дека, со шема во која државата покрива 90 отсто од трошоците и остава 10 отсто на домаќинствата, 49 отсто од едносемејни куќи може да бидат обезбедени со соларни фотоволтаични инсталации, а 40 отсто со топлонски пумпи (воздух-воздух) или 15 отсто би можеле да имаат термичка изолација.

„Кога станува збор за субвенционирање на одредени мерки во овој сектор, опцијата за овозможување на субвенции од државата за приклучување кон гасната мрежа се смета за неоправдано бидејќи јавните пари треба да се трошат за одржливи и еколошки алтернативи, а не за фосилни горива кои за кратко време ќе треба да се напуштат“, изјави Ана Чоловиќ Лешоска, извршна директорка на Еко-свест и иницијатор на студијата.

Со постоењето на реални одржливи опции, крајно време е Северна Македонија да ја преиспита својата потрага по фосилен гас и да ги ревидира своите енергетски планови за да подобро се прилагоди за следните децении. Поддршката од Европската комисија и европските јавни банки треба да оди во насока на намалување на користењето на фосилни горива, а не кон стимулирање на нивното зголемено користење на сметка на граѓаните.

Студијата на РЕКК може да се преземе од следниот линк.

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА КООРДИНАТОР ЗА ФИНАНСИИ И АДМИНИСТРАЦИЈА

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА КООРДИНАТОР ЗА ФИНАНСИИ И АДМИНИСТРАЦИЈА

Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест од Скопје отвара повик за вработување на Координатор за финансии и администрација.

За Еко-свест

Мисијата на Еко-свест е да истражува, информира и делува кон унапредување на јавните политики и навиките за одржливо живеење и заштита на животната средина.

Еко-свест поддржува и поттикнува граѓанска свесност и активно учество и промовира практични решенија во соработка со организации и институции.

Посебни цели и задачи на „Еко-свест“ се:

– Информирање за потенцијалните негативни влијанија врз животната средина и луѓето;

– Промовирање на решенија за здрави и одржливи пракси и политики во областа на заштита на животната средина и застапување на истите во процесите на креирање политики;

– Истражувања и анализи во област на заштитата на животната средина и човековото здравје;

– Промовирање и застапување за учество на јавноста во процесите на донесување одлуки во област на животната средина и поддршка на заедниците за остварување на ова право;

– Информирање и едуцирање на јавноста за можните негативни влијанија и начините за спречување и избегнување на истите врз животната средина и човековото здравје особено кај жените, децата и старите лица;

– Формирање и водење на коалиции и други тела составени од организации, експерти и институции со цел заедничко застапување за заштита на животната средина;

– Активно учество во постапките на измена и донесување на законски акти во област на заштита на животната средина;

– Спроведување на посебни активности во областите на:

  • заштита на климата
  • заштита на природата
  • заштита на медиумите на животната средина (воздух, води, почва)
  • одржлив развој на локалните заедници
  • одржлив транспорт
  • одржливи и паметни решенија за енергетскиот систем
  • одржливо управување со отпадот
  • иновации во заштитата на животната средина
  • паметно просторно планирање
  • поддршка на заедниците и активно граѓанство.

Работни задачи и одговорности: Ангажираниот Координатор за финансии и администрација ќе ги има следните работни должности и одговорности:

  • Тековно и ажурно евидентирање на трошоците и распределба на трошоците по проекти;
  • Девизно, денарско, благајничко работење;
  • Подготовка и архивирање на излезни фактури, други финансиски документи и договори;
  • Администрација поврзана со човечки ресурси;
  • Набавка на основни средства и материјали за канцелариско работење, и следење на инвентарот на основни средства;
  • Логистичка поддршка на проектните координатори за организирање на настани и проектни активности;
  • Други задолженија кои произлегуваат од финансиско работење.
  • Учествува во подготовка на годишен буџет ;
  • Учествува во подготовка на завршната сметка и годишниот завршен финансиски извештај на организацијата;
  • Ги спроеведува насоките и приоритетите на организацијата – Ги следи и евидентира работните часови и одморите на вработените, ги подготвува платите и друга документација поврзана со вработените
  • Дава информации за подготовка на договорите ;
  • Дава поддршка во подготовката на проектни буџети и финансиски и наративни извештаи кон донаторите
  • Ја евидентира состојбата со наплата и прием на средства, работи со конверзија на странски валути;
  • Подготвува интерни налози за исплата, ги евидентира трошоците во интерниот систем и евидентира изводи, изготвува налози за електронско банкарство Подготвува и евидентира излезни фактури и архивира финансиска документација;
  • Редовно ги пополнува и ажурира Регистарот на исплати на Еко-свест, Регистарот на барања, Регистарот на фактури, Регистарот на плати, Регистарот на проекти, Регистарот на сметки, Регистарот на режиски трошоци и Регистарот на добавувачи
  • Комуницира со надворешниот овластен сметководител на организацијата
  • Ги проверува проектните картици/извештаи изработени од надворешниот овластен сметководител ;
  • Спроведува постапки за набавки и подготвува повици
  • Управува со готовината во организацијата
  • Распределува режиски трошоци по проекти и го ажурира инвентарот на основни средства

Кандидатите треба да ги исполнуваат општите, како и следните посебни услови:

  • Комплетирано соодветно формално и неформално образование;
  • Работно искуство со административно и канцелариско работење;
  • Докажана способност да работи со компјутери, пред сè напредно познавање на програмите од пакетот на Microsoft Оffice;
  • Искуство со работа на проекти и буџети на граѓански организации вo Македонија или во странство, основно познавање од раководење на проектен циклус и познавање процедури за спроведување на проекти на странски донатори, ќе се смета за предност;
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Желба и мотив за работа во граѓанска организација која третира прашања и политики од животната средина и граѓанскиот активизам;
  • Желба за континуирано учење и надоградување.

Кандидатите треба да ги поседуваат следните вештини и способности:

  • отворена комуникација (усна и писмена) и презентација;
  • брзо прифаќање и прилагодување кон нови задачи;
  • тимска работа во мултикултурно опкружување;
  • извршување повеќе задачи истовремено;
  • уредност и организираност.

Работни услови: Неделното работно време е 40 часа. Локација на вршење на работните обврски е во Скопје. Со избраниот/ата кандидат/ка ќе биде потпишан договор за вработување на определено време, со пробен период од 1 (еден) месец кој може да се продолжи врз основа на покажаните квалитети и перформанси. Месечна нето плата, согласно политиката за плати е помеѓу 30 000 и 60 000 денари нето и се утврдува согласно искуството и вештините на кандидатот. Конкретната плата на избраниот кандидат/ка ќе биде утврдена при потпишувањето на договорот за вработување.

Начин на пријавување: Заинтересираните кандидати/тки при пријавувањето треба да достават:

  • Mотивациско писмо (максимум од 1 страна);
  • Професионална биографија;
  • Професионална препорака/референца е пожелна.

Пријавувањето се врши на електронската адреса: ivana@ekosvest.com.mk, а пријавата мора да се наслови со: Пријава за координатор за финансии и администрација.

Пријавувањето е тековно и трае до пополнување на работната позиција.

Еко-свест ќе ги контактира само оние лица кои ќе бидат селектирани за тестирање и интервју. Нецелосните и неправилните пријави нема да бидат разгледани. Изборот на кандидатите/ките ќе се изврши врз основа на Законот за работни односи. Еко-свест е рамноправен работодавач.

Погледнете го огласот на следниот линк.

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА КОМПАНИЈА ЗА ДИЗАЈН И ПЕЧАТЕЊЕ НА ПУБЛИКАЦИИ

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА КОМПАНИЈА ЗА ДИЗАЈН И ПЕЧАТЕЊЕ НА ПУБЛИКАЦИИ

Центарот за истражување и информирање за животна средина ,,Еко-свест’’ од Скопје преку локалната канцеларија Вевчани во рамки на проектот „Поддршка на одржливо управување со Заштитеното подрачје Вевчански извори” поддржан од ПОНТ (Prespa Ohrid Nature Trust) има потреба од ангажирање на правно лице за подготовка на дизајн и печатење на публикации.

ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА

Ангажираната компанија ќе биде одговорна за дизајн и печатење на три публикации со едукативни активности. 

ЗАДАЧИ

Избраната компанија треба да ги дизајнира и испечати следниве публикации:

  1. Natural monument Vevčanski izvori – nature seen through the eyes of children, A practical guidebook for kindergarten teachers on outdoor activities (23 страници + 5 работни листови + Корица).
  2. Natural monument Vevčanski izvori – a playground for young explorers, A practical guidebook for teachers (1st to 5th grade) on outdoor activities (34 страници + 10 работни листови + Корица).
  3. Natural monument Vevčanski izvori – an experimental field for young scientists, A practical guidebook for teachers (6th to 9th grade) on outdoor activities (35 страници + 9 работни листови + Корица).

На избраниот понудувач материјалите ќе му бидат доставени во word документи на македонски јазик, со насоки од авторките за изгледот на публикациите. Понудувачот исто така ќе добие писмени насоки и илустрации во pdf документи од авторките на публикациите за изгледот и содржината на работните листови. Понудувачот треба да го предложи тиражот за секоја од трите публикации, во рамки на буџетот предвиден за оваа активност.

Публикациите треба да бидат во А5 формат. Материјалите од кои треба да се испечатат публикациите треба да бидат од еколошка хартија, принтот да биде во фул колор, без користење на хемикалии и пластика. Исто така публикациите треба да бидат поиздржливи и прилагодени за користење во надворешни услови, затоа што најчесто ќе бидат користени во природа.

Дизајнот на публикациите треба да биде практичен и лесно разбирлив за крајните корисници кои најчесто ќе бидат наставници, едукатори и ученици. Публикациите ќе треба да бидат дизајнирани и прилагодени за електронска pdf верзија, како и печатена верзија.

Целокупните детали за бараната услуга можете да ги видите во анекс 3. Опис на работната задача.

ВРЕМЕНСКА РАМКА И ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ

Крајниот рок за реализација на оваа услуга е 20.03.2024 година.

Вкупната вредност на овој договор не смее да надмине 6000  евра во денарска противвредност. Проектот е ослободен од ДДВ.

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

  • Краток опис на компанијата (портфолио);
  • Најмалку три референтни проекти слични на бараната услуга;
  • Тековна состојба од Централен регистар на Република Северна Македонија не
  • постара од 6 месеци;
  • Биографија од најмалку едно лице со искуство во дизајнирање кое би било ангажирано за активноста;
  • Финансиска понуда (анекс 1);
  • Пополнета изјава (анекс 2).

Компанијата мора да ги исполнува следниве критериуми:

  • Активна компанија која е формирана согласно Законите во Република С. Македонија, и постои најмалку 3 години.

Во понудата задолжително треба да се наведе единечната цена, како и предложениот тираж за секоја публикација, заедно со цената за целокупниот дизајн за сите три публикации. Сите цени треба да се достават без вклучен ДДВ, заедно со временскиот рок за извршување на услугата. 

Понудите треба да се достават по електронски пат на македонски јазик.

ПРИЈАВУВАЊЕ

Понуди треба да бидат доставени најдоцна до 02.02 2024 година, до 16:00 часот, на е-маил [email protected] со назнака Апликација за дизајн и печатење на публикации.

Повеќе информации можете да добиете на телефон +38978449209 или на е-маил [email protected] Нецелосните понуди, односно понудите испратени после предвидениот рок за аплицирање, нема да бидат земени во предвид.

ЕВАУЛАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ

Евалуационата комисија ќе ги извести само оние кандидати чија понуда ќе биде избрана. Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:

  • Портфолио и референтни проекти  – 40 бодови
  • Биографија на лицето задолжено за дизајн – 20 бодови
  • Понудена цена – 40 бодови

Вкупно 100 бодови

Договор ќе биде склучен со оној кандидат кој освоил најголем број бодови.

ОТВОРЕН ПОВИК ДО КОМПАНИИ/ИНДИВИДУАЛНИ ЛИЦА ЗА АДВОКАТСКИ УСЛУГИ

Основни информации

Центарот за истражување и информирање за животна средина Еко-свест од Скoпје има потреба од адвокатски услуги од компании/индивидуални лица. 

Цел и задачи

Ангажираната компанија/индивидуално лице ќе биде одговорно за адвокатските услуги и  ќе има за цел да пружи правна помош за следните правни дејства:

– Состав на сите видови договори за кои ќе се јави потреба во секојдневното работење на корисникот на адвокатските услуги;

– Изготвување на интерни акти, правилници, одлуки и други потребни акти од делокругот на работа на корисникот на адвокатските услуги;

– Состав и поднесување на тужби до надлежните судови, во име и за сметка на корисникот;

– Застапување на корисникот на адвокатските услуги во текот на целата постапка за конкрентиот предмет кој ќе се води пред надлежниот суд;

– Состав и поднесување на сите видови поднесоци и писмена кои се потребни за правилно и законито водење на постапките;

– Давање правни совети, мислења и толкувања, врз основа на усни запознавања и проучување на писмен материјал во доменот на работата на корисникот;

– Состав на редовни и вонредни правни лекови;

– Застапување на интересите на нарачателот на услугата пред надлежните нотари, судови, извршители, финансиски институции и други органи кои вршат јавни овластувања, и вршење на други правни дејствија поврзани со тековното работење на нарачателот на услугата, наплата на неговите побарувања, остварување права во соодветни постапки или друг вид на правни работи.

Временска рамка за доставување на понуда

Периодот за доставување понуди е 7 календарски дена од објавување на отворениот повик односно до 01.02.2024 година.

По истекот на овие 7 дена Еко-свест ќе оформи комисија која ќе биде задолжена за избор на најдобра понуда.

Еко-свест ќе го контактира избраниот понудувач, не подоцна од 7 дена од истекот на периодот за доставување на понуда.

Потребна документација за пријавување

Заинтересираните компании треба да достават:

  • Понуда за адвокатски услуги со вклучен ДДВ
  • Потпишана изјава (види Анекс 1)
  • Кратко портфолио на компанијата
  • Тековна состојба не постара од 6 месеци

Заинтересираните индивидуални лица треба да достават:

  • Понуда за адвокатски услуги со вклучен ДДВ
  • Портфолио/Биографија
  • Лиценца за работа

Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.

Критериуми за понудувачите

Активна компанија која е формирана согласно Законите во Република Северна Македонија, и постои најмалку 5 години најмалку 5 години работно искуство за индивидуални лица.

На повикот може да се пријават правни и физички лица кои ги исполнуваат наведените правни и технички услови.

Доверливост

Сите информации кои се поврзани со оценка на понудите нема да бидат споделувани со никој кој не е официјално вклучен во процесот на селекција, дури и по завршување на процесот на избор. Сите податоци ќе се третираат како доверливи и нема да се користат, прибираат, споделуваат за други цели надвор од овој повик и целта на истиот.

Пријавување и контакт информации

Понудите треба да се испратат на email: [email protected] најдоцна до 01.02.2024 година до 16:00 часот, со назнака Доставување на понуда. Евентуални прашања за повикот можат да се достават до [email protected] најдоцна до 01.02.2024 година.

Анекс 1. Изјава од понудувач

                                                                    ИЗЈАВА

Јас, долупотпишаниот ____________________________ (име и презиме) во дункција на овластен застапник на ____________________________(име на компанија) со целосна морална и материјална одговорност изјавувам дека правното лице кое го застапувам нема ограничувања да биде понудувач во овој повик и дека поконкретно

  • Правното лице не се наоѓа во стечајна постапка, банкрот или судски спор, правното лице нема склучено договор со доверители без можност да ги сервисира обврските кон кредиторите, и истото нема суспендирање на деловните активности на правниот субјект, односно активностите на правното лице не се предмет на постапка во врска со овие прашања илине  се во каква било аналогна ситуација што произлегува од слична постапка предвидена во националното законодавство и регулативи;
  • Правното лице и овластениот застапник не се осудени за прекршок по основ на непрофесионално однесување, со пресуда која има сила на res judicata;
  • Правното или физичко лице застапник не е обвинето за тежок прекршок и/или недолично професионално однесување, по било кој основ докажано како праведно обвинето;
  • Правното или физичкото лице застапоник не се утврдени за виновни со правосилна пресуда или со правосилна административна одлука за тешко недолично професионално однесување прекршувајќи ги важечките закони и прописи или етичките стандарди апликативни за професионалната област во рамки на која субјектот делува, или соучествувајќи во било какво несоодветно однесување кое има влијание врз неговиот професионален кредибилитет и кога таквото однесување укажува на погрешна намера или груба небрежност, вклучително и особено кое било од следното: измама или небрежно погрешно прикажување на информации потребни за проверка на отсуството на основи за исклучување или исполнување на критериумите за избор или спроведување на договорот, вршење притисок или влијание при процесот на донесување одлука, или обид да се добијат доверливи информации за предности во постапката на набавка;
  • Правното лице ги исполнува обврските за плаќање на придонеси за социјално осигурување на вработените или плаќање даноци согласно законските одредби на земјата во која правниот субјект е основан или со одредбите важечки за земјата каде треба да се спроведе договорот;
  • Правното лице не е предмет на пресуда која има сила на res judicata за измама, корупција, инволвираност во криминални дејствија или која било друга незаконска активност штетна за финансиските интереси на организацијата и донаторите.

На ден __________година                                                    Име и презиме на застапникот

Потпис и печат