Во текот на изминатите две години, со поддршка од Prespa Ohrid Nature Trust (PONT), Еко-свест се посвети на подобрување на управувањето со водите во националните паркови Маврово и Шар Планина и развивање механизми за поддршка на парковите во мониторингот на реките и речните екосистеми. Оваа активност е во согласност со стратешката цел на Еко-свест да придонесе кон воспоставување на законска и практична социо-еколошка заштита и реставрација на реките. Имајќи ги предвид притисоците од човековите активности, како и климатските промени, заштитата на реките е една од најважните задачи на модерното време и предуслов за идната благосостојба на луѓето и природата.
Нашата работа вклучуваше соработка со експерти од областа на биодиверзитетот, хидрологијата и геоморфологијата и резултираше со подготовка на уникатна Анализа на заканите врз реките и крајречните живеалишта во националните паркови Маврово и Шар Планина. Методологијата за спроведување на оваа анализа беше иновативна и инклузивна за релевантните засегнати страни, што резултираше со сеопфатен преглед на заканите, заедно со препораки и мерки за нивно ублажување и еколошка реставрација. Анализата ќе им овозможи на управителите со заштитените подрачја подобро да ги разберат идентификуваните закани и да го следат нивното влијание врз база на креираните „мапи на закани“. Следниот чекор е подготовка на план за реставрација кој би се справил со критичните закани и физички би ги обновил екосистемите.
Во соработка со експерт хидролог, развивме постапка за контрола на еколошки проток на реките. Оваа постапка претставува упатство за проценка, следење и управување со протокот на вода за да се обезбеди усогласеност со барањата за еколошки проток, во согласност со Рамковната директива за води на ЕУ. Овој документ е дизајниран да одговори на правната празнина и моменталното отсуство на формална постапка за пресметување на еколошкиот проток, како што е пропишано со новиот Закон за води. Еко-свест, исто така, донираше хидролошки мерачи на проток во двата парка и спроведе наменски обуки за тоа како да се користи опремата.
Со цел да се вклучат граѓаните да придонесат за заштита и следење на речните екосистеми, ја адаптиравме апликацијата CrowdWater. Употребата на мобилната апликација ќе ја поттикне граѓанската наука и собирањето на податоци што дополнително ќе им помогне на парковите во идентификувањето и следењето на еколошките проблеми поврзани со реките.
Во моментов, Еко-свест врши континуиран мониторинг на избрани пилот-реки, Бистрица на Шар Планина и Тресонечка река во Маврово. Следниот чекор во овој проект е да се продолжи со анализата на заканите и да се идентификуваат потребите за реставрација, како и да се спроведат активности за реставрација и рехабилитација во националните паркови.
Центарот за истражување и информирање за животна средина Еко-свест од Скoпје во рамки на проектот “We grow with the flow – Youth for rivers” финансиран од Agence Française de Développement – AFD, има потреба од туристички услуги од компании.
Цел и задачи
Ангажираната компанија ќе биде одговорна за организирање на следниве работи:
Обезбедување сместување за 40 учесници со 6 ноќевања, првиот ден при пристигнувањето само со вечера, од вториот до шестиот ден со полн пансион и седмиот ден при заминување, само со доручек;
Учесниците можат да бидат сместени и во повеќекреветни соби.
Обезбедување на просторија за работа на учесниците, за 4 денови, опремена со проектор и флипчарт.
Обезбедување на две кафе паузи во денот, за четирите денови додека се работи.
Сите учесници треба да бидат сместени во ист хотел, кој се наоѓа во рамките на Националниот Парк Маврово;
Организација на превоз за еднодневна екскурзија до селото Тресонче и Тресонечка Река;
Сместувањето ќе биде потребно во втората половина на септември 2025 година.
Временска рамка за доставување на понуда
Периодот за доставување понуди е од денот на објавување на отворениот повик до 13.06.2025 година 16:00 часот.
По истекот на овие 7 дена Еко-свест ќе оформи комисија која ќе биде задолжена за избор на најдобра понуда.
Еко-свест ќе го контактира избраниот понудувач, не подоцна од 7 дена од истекот на периодот за доставување на понуда.
Потребна документација за пријавување
Заинтересираните компании треба да достават:
Понуда за туристички услуги со вклучен ДДВ
Потпишана изјава (види Анекс 2)
Кратко портфолио на компанијата
Тековна состојба не постара од 6 месеци
Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.
Напомена!
Еко-свест ќе бара од избраниот понудувач пред склучување на договор за соработка да ја достави следната документација:
Tековна состојба/потврда за регистрирана дејност на добавувачот; потврда за солвентност/бонитет; потврда/информација од Централен Регистар за забрана за вршење дејност и регистар за казни на правни лица; уверение за платени даноци и придонеси; изјава дека ги исполнува критериумите за учество; биографии (CV) на консултантите; листа на референци/портфолио.
Критериуми за понудувачите
Активна компанија која е формирана согласно Законите во Република Северна Македонија, и постои најмалку 5 години.
На повикот може да се пријават правни лица кои ги исполнуваат наведените правни и технички услови.
Доверливост
Сите информации кои се поврзани со оценка на понудите нема да бидат споделувани со никој кој не е официјално вклучен во процесот на селекција, дури и по завршување на процесот на избор. Сите податоци ќе се третираат како доверливи и нема да се користат, прибираат, споделуваат за други цели надвор од овој повик и целта на истиот.
Пријавување и контакт информации
Понудите треба да се испратат на email: [email protected] најдоцна до 13.06.2025 година до 16:00 часот, со назнака Доставување на понуда. Евентуални прашања за повикот можат да се достават до [email protected] најдоцна до 11.06.2024 година.
Пристигнатите прашања од кој било од заинтересираните понудувачи ќе бидат одговорени и доставени до сите поканети понудувачи и објавени на веб-страницата на Еко-свест под објавата за повикот. Нецелосните понуди, односно понудите испратени после предвидениот рок за аплицирање, нема да бидат земени во предвид.
Евалуација на кандидатите
Евалуационата комисија ќе ги извести само оние кандидати чија понуда ќе биде избрана. Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:
Портфолио на компанијата – 30 бодови
Финансиска понда – 70 бодови
Вкупно 100 бодови
Договор ќе биде склучен со оној кандидат кој освоил најмногу бодови, не подоцна од 30.06.2025.
Мрежата CEE Bankwatch и Еко-свест неодамна изразија сериозна загриженост во врска со предложениот проект за ископ на јаглен во Македонија. Планот за отворање на нов рудник за лигнит во Пелагонискиот регион е изненадување, бидејќи регионот веќе е погоден од три други рудници за јаглен, а проектот е спротивен на заложбите за напуштање на јагленот како енергенс.
Во 2018 и 2019 година, за време на подготовката на својата Стратегија за развој на енергетиката до 2040 година, Македонија одлучи да оди во правец кој беше револуционерен за Балканот – постепено да ја укине употребата на јаглен за производство на електрична енергија до 2027 година. Ова беше одложено за неколку години во Националниот план за енергетика и клима (НЕКП), главно поради пандемијата. Сепак, во споредба со соседните држави, ова беше сè уште многу амбициозно. Србија беше во процес на изградба на нова термоелектрана на јаглен, а Босна и Херцеговина имаше неколку слични планирани проекти.
Амбицијата на Македонија беше поздравена од Европската комисија и го привлече интересот на меѓународните финансиски институции. ЕБОР беше првата што финансираше практични проекти кои ги поддржуваат овие цели, како што е конверзијата на рудникот за јаглен Осломеј во фотоволтаична централа од големи размери. На ова се надоврза техничката поддршка од ЕУ за подготовка на Патоказот за праведна транзиција, поддршката од Фондот за климатски инвестиции за Инвестициски план за забрзана транзиција и дополнителни грантови од ЕУ за повеќе соларни проекти.
Врз основа на заложбите на АД ЕСМ, државната електроенергетска компанија, за укинување на јагленот како енергенс и неотворање на нови капацитети за ископ на јаглен, во 2023 година ЕБОР исто така ја поддржа компанијата, со кредит за ликвидност од 100 милиони евра.
Во истиот период, очигледно се одвиваше сосема поинаков паралелен процес во ЕСМ. Во мај 2019 година, компанијата склучи договор за главен проектен дизајн и оцена на влијанието врз животната средина (ОВЖС) за наоѓалиштето на лигнит Живојно. Проектот беше развиен во текот на 2020 година и повеќето еколошки истражувања беа завршени тогаш. Потоа, студијата за ОВЖС почна периодично да се појавува и исчезнува од веб-страницата на Министерството за животна средина, создавајќи забуна за тоа што се случува со проектот. Во мај 2025 година истата беше официјално објавена и беше организирана јавна расправа.
Студијата пропушта многу клучни прашања, но најважно е што целосно ги занемарува стратешките приоритети и меѓународните обврски на земјата. Учествувавме на јавната расправа во просториите на општина Новаци, во регионот каде што е планиран рудникот, и доставивме писмени забелешки.
Меѓу најкритичните точки ги издвојуваме:
Стратешки конфликти: Проектот е во спротивност со Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година (2019), НЕКП 2021-2030 и Национално утврдените придонеси (НУП) за ублажување на климатските промени. Овие документи наведуваат дека Македонија има цел да ја прекине употребата на јаглен за производство на електрична енергија најдоцна до 2029 година и да започне интензивна декарбонизација на енергетскиот сектор.
Меѓународни обврски: Земјата доби техничка помош од Европската Унија за развој на Патоказ за праведна транзиција, со веќе подготвен првичен годишен план. Понатаму, Македонија е меѓу неколкуте глобално избрани учесници во Програмата за забрзана транзиција од јаглен на Фондот за климатски инвестиции, благодарение на нејзините амбициозни планови за декарбонизација. Исто така, со значителна техничка поддршка е развиен Инвестициски план за забрзана транзиција.
Финансиски обврски: Инвеститорот, ЕСМ, обезбеди значителни заеми условени со придржување кон овие стратешки заложби и неотворање нови рудници за јаглен. Овој проект, доколку се реализира, може да го загрози интегритетот и угледот на земјата во меѓународната заедница и финансиските институции, ризикувајќи отплата на заеми и трошење на јавни средства. Долгорочно, тоа може сериозно да го ограничи пристапот до понатамошна финансиска помош клучна за процесите на декарбонизација и праведна транзиција.
Временски несовпаѓања: Во студијата за ОВЖС се споменува дека експлоатацијата на рудникот ќе заврши пред процесот на декарбонизација на енергетскиот сектор, но точното време останува нејасно. Со моменталниот датум за постепено укинување на јагленот поставен за оваа деценија, и доколку започнувањето на работата на рудникот трае околу две години, почетокот на експлоатацијата би бил многу блиску до овој рок (2030). Други информации во студијата сугерираат дека животниот век на рудникот ќе биде дури 14 години, продолжувајќи ја работата до околу 2040 година – една деценија по датумот за укинување на јагленот.
Опсег на проценка: Студијата за ОВЖС го оценува проектот како изолиран рударски потфат, не земајќи ја предвид неговата специфична цел и карактеристики во рамките на постојниот рударско-термоелектричен комплекс Битола. Проектот е наменет за ископ на лигнит за термоелектраната, што го прави интегрален дел од енергетскиот систем, а не само рударски проект. Овој пропуст води до несоодветна анализа на алтернативни начини за постигнување на истата цел и потценување на крајните влијанија на проектот врз климата.
Користени податоци: Голем дел од основните податоци се собрани во 2020 година и сега се застарени. Еколошкото законодавство на Македонија предвидува дека еколошката дозвола за проект истекува по две години доколку не започне изградбата, освен ако условите во проектната област не останат непроменети. Во најмала рака, студијата треба да обезбеди ажурирање на тековните услови во споредба со основните податоци од 2020 година и по можност треба да вклучи нови податоци за значајни влијанија како подземните води и квалитетот на воздухот.
Овие значајни забелешки треба темелно да се испитаат и одговорат. Клучно е секој проект да се усогласи со националните и меѓународните еколошки обврски, особено оние насочени кон справување со климатските промени и обезбедување одржлива иднина. Неопходно е да се водат отворени дискусии, транспарентни проценки и внимателно да се разгледаат сите алтернативи за да се донесат информирани одлуки кои ќе бидат од корист и за економијата и за животната средина.
Во ваква ситуација се нагласува важноста на конзистентноста помеѓу стратегиите на земјата и индивидуалните проекти, како и интегритетот во стремежот кон енергетските цели, почитувајќи ги меѓународните обврски и давајќи приоритет на одржливиот развој на долг рок.На крајот на краиштата, не постои начин на кој еколошките и климатските влијанија од нов рудник за јаглен во Македонија можат да се управуваат без државата да ги прекрши своите обврски. ЕСМ мора или да го повлече своето барање за одобрување на ОВЖС за Живојно или Министерството мора да го одбие истото. Во спротивно, ЕБОР ќе треба да побара итно враќање на својот заем. Воедно, банката ќе треба сериозно да го подобри спроведувањето на проверката и контролата на слични заеми во иднина.
Глобалните кризи како економската, безбедносната и климатска, кои може да го загрозат развојот на општеството, претставуваат сериозен предизвик за сите држави и заедници. Единствен начин на кој овие кризи може да се решат е со активна вклученост и соработка на сите засегнати страни во наоѓање нови решенија и одговори. Успешната соработка е можна кога се потпира на меѓусебна доверба, доследност, мотивација и транспарентност.
Овој заклучок беше донесен на завршниот настан на четири годишниот проект „Граѓанските организации во акција за климатските промени“, спроведуван од Еко-свест и финансиски поддржан од Шведска, кој се одржа вчера во Скопје. Проектот имаше главна цел да ги подигне капацитетите на граѓанскиот сектор за да бидат двигатели на процесите на декарбонизација во земјата, а со тоа и на позитивните промени за засилена заштита на животната средина.
„Северна Македонија се обврза на зелена транзиција и за ова да се случи потребна е акција од сите релевнатни чинители на локално и на национално ниво. Граѓанскиот сектор мора да биде регулатор и на некој начин да врши притисок на властите за да не застранат од оваа агенда. Транзицијата е предизик, но исто така отвара и многу можности. Граѓанскиот сектор мора да собере релевантни податоци од академските кругови, бизнисите, приватниот сектор и граѓаните за да обезбеди еднаквост во спроведување на политиките за климатска акција.“ – изјави Елизабет Далберг Фриск, заменик амбасадорката на Шведска во Северна Македонија.
Резултатите на проектот беа претставени низ три панел дискусии на кои се образложија предизвиците и можностите во јакнење на знаењата и иницирање учество во донесувањето политики и закони од значење за климатските промени. Учесниците заклучија дека таму каде што Националната коалиција за клима беше партнер во ко-креирање на политиките, беа изготвени документи кои ги земаат предвид сите аргументи и сите засегнати страни, а процесите обезбедија транспарентност и учење за сите вклучени страни.
„Сметам дека граѓанскиот сектор, преку поддршката од оваа програма, успеа да биде спознаен како ко-креатор на клучни документи и стратегии во делот на климатската заштита и на национално и на локално ниво. Граѓанските организации се партнери го застапуваат јавниот интерес и можат да помогнат на општините и на министерствата во реализација на плановите и програмите. Ваквите позитивни практики значително придонесуваат кон зголемена доверба на граѓаните кон институциите.“ – изјави Ана Чоловиќ Лешоска, извршна директорка на Еко-свест
Во рамки на проектот Еко-свест додели грантови во висина од вкупно 24 милиони денари на 16 граѓански организации, организираше обуки и менторство на над 60 граѓански организации и спроведе 13 кампањи за подигнување на јавната свест за заштита на животната средина и климатските промени. Беа воспоставени институционални партнерства со 34 општини и беше подобрена правната рамка и влијание врз националните политики со вклучување на граѓанските организации во подготовката на новиот закон за климатска акција. Членството на Коалицијата за клима се зголеми на повеќе од 70 граѓански организации ширум земјата и се изгради во клучен водач во заедничкото застапување за климатска акција.
Eko-svest is launching an open call for companies and consultants to perform an analysis of the gas intake and associated emissions in North Macedonia
The Terms of Reference of the assignment can be found as Annex 1 to this call.
The call is open from 19.05.2025 until 28.05.2025.
Interested consultants and companies can send their offer no later than 28.05.2025 at 17:00 CET.
The offer should be submitted in electronic form to [email protected] Subject title: Offer for gas analysis.
The offer package includes: • expression of interest maximum one (1) page, highlighting relevant experience and knowledge; • technical proposal (maximum 3 pages); • financial offer, expressed in day fees; the total value of the offer cannot exceed EUR 8.000. • updated work resume (CV), if team, a CV for each team member should be included in the offer. It should contain a full description of relevant qualifications and professional work experience; • Statement on exclusion criteria (Annex 2) submitted in English OR Macedonian
Criteria for companies and consultants for this call:
Minimum of 5 years experience in energy sector analysis in the region
Team of experts in the field with a track record of performing analysis.
Experience in energy modelling and scenario development
Evaluation of applications The evaluation committee will only inform selected candidate. Candidates will be evaluated based on: Technical proposal, 30 pt Financial offer, 30 pt Qualifications and professional work experience; 40 pt Total of 100 pt.
Selected candidate will be informed and contract signed no later than 10/06/25.
For any questions, please contact Ana Colovic Lesoska at [email protected]
Annex 1. Terms of reference for the analysis
The Analysis should have the following contents:
Executive Summary
Introduction
Assumptions
Methodology: Gas and electricity market modelling.
Scenarios: Modelling the impact of the GR-MKD gas interconnector and planned gas power plants in North Macedonia. Sensitivities: Low and high gas demand in North Macedonia, low and high global gas prices
Results/ Findings from modelling per scenario:
Gas and electricity wholesale prices in MKD and in neighboring countries.
Emission changes resulting from the implementation of the interconnector and the gas power plants: in the electricity mix, due to the transit of gas volumes.
Gas flows and utilization of infrastructure is reported on all MKD borders and GR LNG terminals.
Utilization of planned gas power plants and their electricity production
Discussion of results
Conclusions and recommendations
The Analysis should be written in English language and be at least 25 pages long.
Најнови коментари