Зелениот акциски план за граѓаните на Скопје затворен за мислења од граѓаните

Зелениот акциски план за градот Скопје кој во моментов е во фаза на изработка се работи зад затворени врати. Граѓанските организации активни во секторот животна средина, иако официјално побараа, не беа поканети на ниту една од работилниците. Носење на план од значење за квалитетот на живот на жителите на главниот град на нетранспарентен начин може повторно да значи погрешно потрошени пари без никакво подобрување.

Оваа година градот Скопје стана еден од 29 градови во светот кои добиваат поддршка од Европската банка за обнова и развој да изработат Зелен акциски план (Green City Action Plan) со цел да започнат со решавање на најитните еколошки проблеми. Овие зелени акциски планови би требало да се носат на транспарентен начин со учество на граѓанските организации и граѓаните уште од фазата на идентификација на проблемите, меѓутоа сите презентации и работилници кои досега се одржаа како дел од овој процес во Скопје беа само со покани, а граѓанските организации и граѓаните не беа поканети.

Во април годинава Еко-свест испрати барање за учество во процесот заедно со список на граѓански организации кои би можеле да придонесат во лоцирање на проблемите и изработката на зелениот акциски план, но никој не беше поканет на презентациите и работилниците.

Изработка на акциски план кој би требало да даде насока за справување со најгорливите еколошки проблеми на градот во наредните 15-20 години, без да ги прашате жителите врз кои истиот ќе има најмногу влијание и има моќ да им го промени животот на подобро или полошо е апсурдно и се коси со сите начела на едно современо демократско општество.“- вели Давор Пехчевски од Еко-свест.

Градот Скопје последниве 15 години е жртва на лоши и нетранспарентни политики на властите. Несоодветен и неплански урбанизам, проширување на улици на сметка на загрозување на безбедноста на велосипедисти и пешаци, речиси непостоечки систем за управување со отпадот и уништување на голем дел од зелените површини го сместија главниот град на врвот на листата на градови во светот со високо аерозагадување.

Станува збор за одлуки за квалитетот на живот на жителите на градот Скопје, нивното здравје и безбедноста на нивните домови и затоа се надеваме дека зелениот акциски план ќе се изработува на најтранспарентен начин и со вклученост на граѓанските организации и граѓаните на овој град. Во спротивно ќе сметаме дека властите не се грижат за здравјето на своите граѓани и повторно се обидуваат да заработат на сметка на нашето здравје.

Предлог-законот за Охридскиот регион остава простор за понатамошно уништување на природното и културно богатство

Предлог-законот за Охридскиот регион остава простор за понатамошно уништување на природното и културно богатство

Предлог-законот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион отвора простор за носење штетни одлуки и понатамошно уништување на единственото УНЕСКО подрачје во земјата.

Им укажуваме на предлагачите на Предлог-законот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион (Предлог-законот), акој требаше да влезе во собраниска процедура оваа недела, дека текстот на Предлог-законот не е ист со оној кој беше дискутиран на јавната расправа на крајот на 2018 год. и презентиран на последниот комитет на УНЕСКО во Баку. Предлагачитево него додале член со кој уредувапримена на т.н. Бадентеровото мнозинство (односно двојно мнозинство) при носење напрепораките и мислењата на Советот за Охридскиот регион (Советот)..

Сметаме дека ваквиот начин на носење одлуки на Советот за Охридскиот регион не е во согласност со Охридскиот рамковен договор, бидејќи Бадентеровиот принцип на донесување одлуки се воспостави за да се избегне надгласувањето на помалите етнички заедници за сметка на мнозинството во претставничките тела, како Собранието и советите на локалната самоуправа, каде избрани претставници носат одлуки во името на граѓаните. Во конкретниот случај се работи за стручно тело со советодавна улога, чиј мандат е точно определен во членот 9 од Предлог-законот, односно тело кое дава мислења, препораки и предлози заради зачувување на природата и културното наследство на Охридскиот регион, но не донесува одлуки!

Имено, во членот 8, став 15 од Предлог – законот уредено едека членовите се бираат според нивната функција, односно позиција во одредена релевантна институција, а не согласно принципот на Бадентер, од што произлегува дека не мора да значи дека нејзиниот состав ќе ја одразува етничката структура на државата.

Воедно сметаме дека ваквото законско решение ќе создаде простор за локални моќници директно да влијаат на сите препораки, предлози и мислења што ќе ги носи овој Совет и повторно ќе се реализираатштетни инфраструктурни проекти, а кои ќе значат понатамошно уништување на Охридскиот регион и со сигурност ќе бидат причина за губење на статусот на УНЕСКО во 2020 година.

Затоа:

  • Бараме од Министерството за култура, како предлагач на Предлог-законот до Собранието на РСМ да го достави текстот на Предлог-законот кој беше предмет на јавна расправа и кој беше презентиран на последниот комитет на УНЕСКО во Бакуво јуни 2019 год.;
  • Бараме од Собранието на РСМ во прво читање да расправа по текстот на Предлог-законотод ноември 2018 год. кој беше консултиран со засегнатите страни и јавноста и кој беше доставен до Комитетот на УНЕСКОво Баку во јуни 2019 год.
  • Бараме од Владата на РСМ да ја препознае заканата од уништување на природното и културно наследство и сериозно и доследно да се заложи за спроведување назаконските и подзаконските акти донесени во оваа држава, почнувајќи со Уставот на РСМ, а кои посебно влијаат на природнотото и културното наследство.

Со почит,

Центар за истражување и информирање за животна средина „Еко-свест“ Скопје
Движење за околината Молика – ДОМ Битола
EcoGuerila Тетово
Еко Живот Кавадарци
Извиднички Поречански Одред Крсте Јон Струга
Фронт 21/42 Скопје
Центар за климатски промени Гевгелија
Граѓанска иницијатива Охрид SOS
Еко ЛОГИК Скопје
Анима Мунди Скопје

Поддржано од Блупринт групата за правосудство:
Хелсиншки Комитет за човекови права
Фондација Отворено општество – Македонија
Институт за европски политики ЕПИ
Здружение на млади правници
Коалиција сите за правично судење
Институт за човекови права
Центар за правни истражувања и анализи