by Stojan | Jan 31, 2022 | Повици
Центарот за истражување и информирање за животна средина Еко-свест од Скопје во рамки на проектот „Децентрализација на праведната транзиција”, објавува повик за ангажирање на Kоординатор за Кичевскиот и Битолскиот регион.
Повикот е отворен од 15.02.2022 година за сите заинтересирани лица кои ги исполнуваат барањата од повикот и ќе ги поднесат следните документи:
- Биографија (CV);
- други документи кои ги докажуваат квалификациите и искуството (доколку кандидатот посeдува такви документи).
Позицијата е за 1 лице кое ќе ги задоволи барањата од повикот.
Барања на повикот
Општо за организацијата
Еко-свест е здружение на граѓани основано на 18.09.2002 година. Во 2008 година, Еко-свест го менува својот назив во „Центар за истражување и информирање за животната средина Еко-свест“ со цел најдобро да ја отслика својата дејност, мисија и визија.
Главната цел за формирањето на здружението лежи во потребата да се покрене јавната свест за неопходноста од грижа за животната средина во Македонија, преку информирање, едуцирање и застапување.
Еко-свест од самиот почеток работи на темите тесно поврзани со заштитата на животната средина и тоа:
– одржлив транспорт;
– обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност;
– одржливо управување со отпадот;
– заштита од хемикалии и тешки метали;
– заштита од генетски модифицирани организми.
Како хоризонтални прашања кои ги тангира организацијата, но и нејзини главни определби се информирањето и едукацијата на граѓаните во Македонија, учеството на јавноста во донесувањето одлуки од област на животната средина, транспарентното и отчетното работење на јавните институции, јавни пари за јавни придобивки, пристап до правда во област на заштита на животната средина.
Во својата работа, Еко-свест спроведува проекти, јавни кампањи, застапува одредени ставови поврзани со проблематиката и генерално информира врз база на спроведени анализи, истражувања и анкети. Во своето досегашно работење, Еко-свест има спроведено над 60 проекти во Македонија и регионот.
Мисијата на Еко-свест е да истражува, информира и делува кон унапредување на јавните политики и навиките за одржливо живеење и заштита на животната средина. Еко-свест поддржува и поттикнува граѓанска свесност и активно учество и промовира практични решенија во соработка со организации и институции. Нашата визија е праведно, одговорно и совесно општество каде здрави граѓани одржливо живеат во благосостојба и во хармонија со животната средина.
Квалификации и искуство
За позицијата ќе бидат разгледувани кандидати со следниве квалификации и искуство:
– одлично познавање на Кичевскиот и Битолскиот регион со особен осврт кон енергетскиот аспект и основни познавања од областа на енергетската транзиција;
– одлично интегрирани во локалната заедница во Кичевскиот и/или Битолскиот регион, односно да имаат воспоставено добра комуникација со локалните заедници од регионот (клучна квалификација);
– извонредни комуникациски вештини (за орална и писмена комуникација) и способност за работа под притисок;
– одлични организаторски способности, способност за тимска работа и работа со крајни рокови;
– техничка писменост и познавања од работа на компјутери, како и способност брзо да учат и да се надоградуваат;
– познавање на албански јазик ќе се смета за предност;
– да поседува сопствено возило и возачка дозвола Б категорија.
Работни задачи
– Да остварува и одржува контакт со локалните заедници во Кичевскиот регион на редовна основа со цел нивна поддршка во праведна транзиција на регионот;
– Да остварува и одржува соработка со сите релевантни чинители во Кичевскиот регион на редовна основа, како и да ги информира и консултира во врска со праведната транзиција во земјата;
– Да остварува организирани средби со локалните чинители во Кичевскиот регион најмалку еднаш во месецот, како и да доставува записници за истите;
– Да организира две тркалезни маси, како и да пружа поддршка на останатите проектни активности на Еко-свест во Кичевскиот регион доколку има потреба;
– Да изготвува наративни извештаи на барање на Еко-свест, како и финален извештај по завршување на ангажманот;
– Да ги почитува политиките на Еко-свест.
Позиција
Позицијата за која се бара лицето е Kоординатор за Кичевскиот и Битолскиот регион (1 лице). Лицето е предвидено да биде надворешен соработник коешто ќе биде ангажирано во најбрз можен рок, а ангажманот ќе трае до 30.09.2022 година.
Потребни документи
– Биографија (CV);
– други документи кои ги докажуваат квалификациите и искуството (доколку кандидатот посeдува такви документи).
Прашања во врска со повикот
Сите прашања во врска со повикот може да се постават на следната електронска адреса: [email protected] најдоцна до 15.02.2022 година.
Пријава за повикот
Сите кандидати треба бараната документација да ја пратат најдоцна до 15.02.2022 година до 16:00 часот на следната електронска адреса: [email protected] со наслов на пораката: Пријава за координатор за Кичевскиот и Битолскиот регион.
Сите поднесени документи во дадениот рок ќе бидат разгледани и најсоодветните кандидати ќе бидат повикани на разговор. Поради ковид мерките, разговорите ќе бидат реализирани преку платформата Zoom.
Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе бидат избрани за разговор.
by Stojan | Jan 31, 2022 | Активно граѓанство, Блог
Наместо да развиваме локален, уникатен туризам кој е одржлив и носи економски развој на заедниците кои живеат во заштитените подрачја, притоа ненаштетувајќи на природата (параглајдинг, планинарење, планински велосипедизам па и печење лепче во бачило и јавање коњи), ние сме се запнале за мега инфраструктура. Ем чини многу, ем прави штета, ем не носи локален развој. За ова имаме и посебна препорака од Бернската конвенција при Советот на Европа, кадевелат да ги усогласиме плановите за развој на инфраструктура со оние за заштита на природата, а не обратно.
Што беше тоа одржлив развој – Либертас (libertas.mk)
by Stojan | Jan 24, 2022 | вработуваме-затворен
Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест од Скопје отвара повик за ангажирање на проектен координатор.
Задолженијата на проектниот координатор ќе бидат објаснети подолу во овој повик.
Повикот е отворен од 24.01.2022 година за сите заинтересирани лица кои ги исполнуваат барањата од повикот и ќе ги поднесат следните документи:
- Биографија (CV)
- Контакт информации до три референци
- Мотивациско писмо
Се бара 1 лице кое ќе ги задоволи барањата од повикот. Позицијата е на полно работно време за период од 9 месеци.
Прашања во врска со повикот
Сите прашања во врска со повикот слободно може да се постават на следната електронска адреса: [email protected] најдоцна до 31.01.2022 година.
Учество на повикот
Сите кандидати треба подготвената документација да ја пратат на следната електронска адреса: [email protected]. Повикот е отворен се додека не се пополни позицијата.
Барања на повикот (TOR)
Општо за организацијата
Еко-свест е здружение на граѓани основано на 18.09.2002 година. Во 2008 година, Еко-свест го менува својот назив во „Центар за истражување и информирање за животната средина Еко-свест“ со цел најдобро да ја отслика својата дејност, мисија и визија.
Главната цел за формирањето на здружението лежи во потребата да се зголеми јавната свест за неопходноста од грижа за животната средина во Македонија, преку информирање, едуцирање и застапување.
Еко-свест од самиот почеток работи на темите тесно поврзани со заштитата на животната средина и тоа:
- одржлив транспорт;
- обновливи енергетски извори и енергетска ефикасност;
- одржливо управување со отпадот;
- заштита од хемикалии и тешки метали;
- заштита од генетски модифицирани организми.
Како хоризонтални прашања кои ги тангира организацијата, но и нејзини главни определби се информирањето на едукацијата на граѓаните во Македонија, учеството на јавноста во донесувањето одлуки од област на животната средина, транспарентното и отчетното работење на јавните институции, јавни пари за јавни придобивки, пристап до правда во област на заштита на животната средина.
Во својата работа, Еко-свест спроведува проекти, јавни кампањи, застапува одредени ставови поврзани со проблематиката и генерално информира врз база на спроведени анализи, истражувања и анкети.
Во своето досегашно работење, Еко-свест има спроведено над 40 проекти во Македонија и регионот.
Од 1 јуни Еко-свест започна имплементација на проект финансиран од СИДА во чии рамки се планира грантова шема за граѓански организации во висина од 400000 евра за период од 3 години.
Мисијата на Еко-свест е да истражува, информира и делува кон унапредување на јавните политики и навиките за одржливо живеење и заштита на животната средина.
Еко-свест поддржува и поттикнува граѓанска свесност и активно учество и промовира практични решенија во соработка со организации и институции.
Нашата визија е праведно, одговорно и совесно општество каде здрави граѓани одржливо живеат во благосостојба и во хармонија со животната средина.
Квалификации и искуство
Кандидатот треба да има завршено високо образование.
Да има минимум 3 години работно искуство во координирање на проекти, пожелно во секторот животна средина и клима.
Претходно искуство во раководење со програми вклучувајќи и менаџирање и работа со податоци и подготвување на извештаи.
Потребно е да има одлични организаторски способности, способност за тимска работа и работа со крајни рокови.
Познавање на Англиски јазик е задолжително, како и работа на компјутер.
Пожелно е да поседува комуникациски и човечки вештини и способност за работа под притисок.
Работни задачи
- Координирање и надгледување на спроведувањето на проектните активности
- Управување и извршување на проектни активности (доделување задачи и контрола на распоредот, обезбедување на навремено завршување на проектните активности, споделување релевантна документација со проектниот тим)
- Комуницирaње на спроведувањето на проектот со членовите на тимот
- Пишување и прегледување на наративни извештаи
- Тесна соработка со останатите вработени во организацијата
- Одржување врски со релевантните национални и меѓународни чинители;
- Извршување на работните задачи во согласност со политиките на Еко-свест.
Позиција
Позицијата за која се бара лицето е Проектен координатор (1 лице) на Еко-свест. За лицето ќе биде обезбедена соодветна дополнителна обука за работа во граѓанска организација. Лицето ќе биде вработено со полно работно време од 40 часа неделно. Пробен период од 3 месеци може да биде применет во зависност од избраниот кандидат. Позицијата е за период од 9 месеци како замена поради породилно отсуство. Платата во нето износ е помеѓу 45 000 и 55 000 денари во зависност од ускуството на избраниот кандидат и согласно системот за плати на Еко-свест.
Потребни документи
- Биографија (CV)
- Контакт информации од три референци
- Мотивациско писмо
Прашања во врска со повикот
Сите прашања во врска со повикот слободно може да се постават на следната електронска адреса: [email protected] најдоцна до 31.01.2022 година.
Учество на повикот
- Сите кандидати треба подготвената документација да ја пратат на следната електронска адреса: [email protected]. Повикот е отворен се додека не се пополни позицијата.
by Stojan | Jan 21, 2022 | Повици
Центарот за истражување и информирање за животна средина Еко-свест од Скопје во рамки на проектот „Децентрализација на праведната транзиција”, објавува повик за ангажирање на Kоординатор за Кичевскиот регион.
Повикот е отворен од 30.01.2022 година за сите заинтересирани лица кои ги исполнуваат барањата од повикот и ќе ги поднесат следните документи:
- Биографија (CV);
- други документи кои ги докажуваат квалификациите и искуството (доколку кандидатот посeдува такви документи).
Позицијата е за 1 лице кое ќе ги задоволи барањата од повикот.
Барања на повикот
Општо за организацијата
Еко-свест е здружение на граѓани основано на 18.09.2002 година. Во 2008 година, Еко-свест го менува својот назив во „Центар за истражување и информирање за животната средина Еко-свест“ со цел најдобро да ја отслика својата дејност, мисија и визија.
Главната цел за формирањето на здружението лежи во потребата да се зголеми јавната свест за неопходноста од грижа за животната средина во Македонија, преку информирање, едуцирање и застапување.
Еко-свест од самиот почеток работи на темите тесно поврзани со заштитата на животната средина и тоа:
– одржлив транспорт;
– обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност;
– одржливо управување со отпадот;
– заштита од хемикалии и тешки метали;
– заштита од генетски модифицирани организми.
Како хоризонтални прашања кои ги тангира организацијата, но и нејзини главни определби се информирањето и едукацијата на граѓаните во Македонија, учеството на јавноста во донесувањето одлуки од област на животната средина, транспарентното и отчетното работење на јавните институции, јавни пари за јавни придобивки, пристап до правда во област на заштита на животната средина.
Во својата работа, Еко-свест спроведува проекти, јавни кампањи, застапува одредени ставови поврзани со проблематиката и генерално информира врз база на спроведени анализи, истражувања и анкети. Во своето досегашно работење, Еко-свест има спроведено над 60 проекти во Македонија и регионот.
Мисијата на Еко-свест е да истражува, информира и делува кон унапредување на јавните политики и навиките за одржливо живеење и заштита на животната средина. Еко-свест поддржува и поттикнува граѓанска свесност и активно учество и промовира практични решенија во соработка со организации и институции. Нашата визија е праведно, одговорно и совесно општество каде здрави граѓани одржливо живеат во благосостојба и во хармонија со животната средина.
Квалификации и искуство
За позицијата ќе бидат разгледувани кандидати со следниве квалификации и искуство:
– одлично познавање на Кичевскиот регион со особен осврт кон енергетскиот аспект и основни познавања од областа на енергетската транзиција;
– одлично интегрирани во локалната заедница во Кичевскиот регион, односно да имаат воспоставено добра комуникација со локалните заедници од регионот (клучна квалификација);
– извонредни комуникациски вештини (за орална и писмена комуникација) и способност за работа под притисок;
– одлични организаторски способности, способност за тимска работа и работа со крајни рокови;
– техничка писменост и познавања од работа на компјутери, како и способност брзо да учат и да се надоградуваат;
– познавање на албански јазик ќе се смета за предност;
– да поседува сопствено возило и возачка дозвола Б категорија.
Работни задачи
– Да остварува и одржува контакт со локалните заедници во Кичевскиот регион на редовна основа со цел нивна поддршка во праведна транзиција на регионот;
– Да остварува и одржува соработка со сите релевантни чинители во Кичевскиот регион на редовна основа, како и да ги информира и консултира во врска со праведната транзиција во земјата;
– Да остварува организирани средби со локалните чинители во Кичевскиот регион најмалку еднаш во месецот, како и да доставува записници за истите;
– Да организира две тркалезни маси, како и да пружа поддршка на останатите проектни активности на Еко-свест во Кичевскиот регион доколку има потреба;
– Да изготвува наративни извештаи на барање на Еко-свест, како и финален извештај по завршување на ангажманот;
– Да ги почитува политиките на Еко-свест.
Позиција
Позицијата за која се бара лицето е Kоординатор за Кичевскиот регион (1 лице). Лицето е предвидено да биде надворешен соработник коешто ќе биде ангажирано во периодот од 15.02.2022 до 30.09.2022 година.
Потребни документи
– Биографија (CV);
– други документи кои ги докажуваат квалификациите и искуството (доколку кандидатот посeдува такви документи).
Прашања во врска со повикот
Сите прашања во врска со повикот може да се постават на следната електронска адреса: [email protected] најдоцна до 28.01.2022 година.
Пријава за повикот
Сите кандидати треба бараната документација да ја пратат најдоцна до 30.01.2022 година до 16:00 часот на следната електронска адреса: [email protected] со наслов на пораката: Пријава за координатор за Кичевскиот регион.
Сите поднесени документи во дадениот рок ќе бидат разгледани и најсоодветните кандидати ќе бидат повикани на разговор. Поради ковид мерките, разговорите ќе бидат реализирани преку платформата Zoom.
Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе бидат избрани за разговор.
by Stojan | Jan 17, 2022 | Блог, Енергија
За начинот на користење на јавните, буџетски средства, јавноста, за жал, знае многу малку. Можеби поради фактот што власта настапува нетранспарентно или едноставно, не смета дека за користењето на нашите средства треба да има некаква отчетност и одговорност. Тој однос го гледаме над 20 години и наликува на аматерско управување со јавните пари по принципот „миле ми текна“, а не врз база на стратешко и наменско планирање.
https://libertas.mk/avni-pari-za-aven-dobrobit/
Најнови коментари