Отворен повик за ангажирање на обучувач за Result Based Monitoring (RBM)

Отворен повик за ангажирање на обучувач за Result Based Monitoring (RBM)

Центарот за истражување и информирање за животната средина “Еко-свест” од Скопје, во рамки на проектот „Граѓански организации во акција за климата’’ финансиран од Swedish International Development Cooperation Agency (SIDA), има потреба од ангажирање на обучувач за Result Based Monitoring (RBM).

ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА

Цел на активноста е спроведување на обука за Result Based Monitoring (RBM) за 20 лица и развој на практични алатки за мониторирање и евалуација на проектните резултати.

ЗАДАЧИ

Обучувачот треба:

  1. Да подготви методологија и вежби за спроведување на 3 дневна обука во согласност со препораките и мерките за COVID-19
  2. Да достави план за спроведување на обуката
  3. Да спроведе обука за 20 лица во времетраење од 3 дена (по 8 часа дневно)
  4. Да овозможи поддршка и да даде насоки на проектниот тим за да ја развие рамката за мониторинг и евалуација на проектот и неговите резултати,
  5. Да спроведе прашалник за евалуација на обуката и да подготви извештај за спроведената обука.

ВРЕМЕНСКА РАМКА И ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ

Периодот за реализација на оваа активност изнесува 1 месец од потпишување на договорот. Вредноста на договорот не може да надмине 2100 евра во денарска противредност во бруто износ (со вклучен персонален данок).

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

При аплицирањето, кандидатите треба да достават:

  1. Биографија (CV) со детален опис за нивното поле на експертиза и претходно спроведени обуки во истиот/сличен домен,
  2. Методологија на спроведување на обуката со предлог модули како и предлог методологија за изработка на рамката за мониторинг и евалуација на проектот како главен резултат од обуката.

Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.

КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИКАНТИТЕ

  1. Најмалку 5 години професионално работно искуство во релевантна област
  2. Најмалку 3 (три) претходно спроведени обуки за RBM
  3. Одлични комуникациски/презентациски вештини
  4. Искуство со работа со проектни тимови и групна работа
  5. Основни познавања на еколошкиот сектор и неговото делување во област на климатските промени.

ЕВАЛУАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ

Евалуационата комисија ќе ги извести сите кандидати за изборот. Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:

  • Претходно искуство во спроведувањето на слични активности, профил на кандидатот и познавања- 50 бодови
  • Понудена методологија – 50 бодови
    Вкупно 100 бодови.
    Договор ќе биде склучен со оној кандидат кој ќе добие најголем број бодови.

ПРИЈАВУВАЊЕ
Комплетната понуда, апликантите треба да ја испратат на еmail: [email protected] најдоцна до 13 октомври 2021 г., 16:00 часот со назнака ,,Апликација за обучувач за RBM“
Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени предвид.
Повеќе информации можете да добиете на [email protected].

Целосниот повик на следниот линк.

Отворен повик за координатор за односи со јавност

Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест од Скопје отвара повик за ангажирање на координатор за односи со јавност.
Задолженијата на координаторот за односи со јавност ќе бидат објаснети подолу во овој повик.
Повикот е отворен од 20.09.2021 година за сите заинтересирани лица кои ги исполнуваат барањата од повикот и ќе ги поднесат следните документи:
• Биографија (CV)
• Контакт информации до три референци
• Мотивациско писмо
Се бара 1 лице кое ќе ги задоволи барањата од повикот. Позицијата е на полно работно време.

Прашања во врска со повикот
Сите прашања во врска со повикот слободно може да се постават на следната електронска адреса: [email protected] најдоцна до 25.09.2021 година.

Учество на повикот
Сите кандидати треба подготвената документација да ја пратат најдоцна до 30.09.2021 (четврток) на следната електронска адреса: [email protected] со наслов на пораката: Пријава за координатор за односи со јавност.

Повеќе информации на следниот линк.

ОТВОРЕН ПОВИК за ангажирање компанија за спроведување кампања

Центарот за истражување и информирање за животната средина “Еко-свест” од Скопје има потреба од ангажирање на компанија коja би изработила и спровела :

  1. Медиумска кампања за спречување на негативните влијанијата од изградбата на малите хидроелектрани.

ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА

Цел на активноста е информирање и едукација на граѓаните во земјата за прашања поврзани со изградбата на мали хидроелектрани како и институциите на власта за можностите да се ублажи и избегне штетата врз животната средина. Кампањата треба да придонесе кон зголемување на свесноста на граѓаните и претставниците на надлежните институции и да предизвика акција во насока на ублажување и превенција на штетите врз природата и водните ресурси во нашата држава.

ЗАДАЧИ НА КОМПАНИЈАТА

  1.  Да соработува и да ги следи насоките за изработка и спроведување на кампањата од лицето назначено за комуникација од Еко-свест.
  2. Да изработи маркетинг план (за дигитални и традиционални медиуми) и визуелен идентитет на кампањата во согласност со насоките од нарачателот.
  3. Да го презентира маркетинг планот и визуелен идентитет на кампањата пред нарачателот и да го модифицира во согласност со дадените насоки од нарачателот.
  4. Да спроведе медиумска кампања согласно темата и договорот во времетраење од 4 месеци.
  5. Да изработи детален извештај за постигнатите резултати и да го достави на нарачателот.

ВРЕМЕНСКА РАМКА И ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ

Компанијата ќе има период на реализација на активноста од 4 месеци од денот на склучениот договор.

Времето на спроведување на кампањата е 4 (четири) месеци.

Вредноста на договорот не може да надмине 18000 евра во денарска противредност (со вклучен ДДВ).

ПОСТАПКА НА АПЛИЦИРАЊЕ

Во постапката се планирани два круга.

Круг 1.

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

При аплицирањето, заинтересираните компании треба да достават:

1. Краток опис на компанијата

2. Портфолио со сработени медиумски кампањи

3. Биографија на три лица/ членови на тимот со искуство во изработка и спроведување на кампањи, односи со јавност, маркетинг и работа на социјални медиуми, кои би биле ангжирано на активноста

4. Тековна состојба не постара од 6 месеци

5. Финансиска понуда

Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.

Во првиот круг Комисијата за избор на најдобар понудувач ќе избере најмногу 4 компании кои ќе преминат во вториот круг.

Круг 2.

Во вториот круг, избраните компании ќе бидат поканети на информативна сесија на која во детали ќе им бидат образложени целите на кампањата, целните групи како и саканите резултати. Компаниите ќе имаат 7 дена да достават предлог концепт и активности како и визуелен идентитет за кампањата до Нарачателот (на македонски јазик во електронска форма).

КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИКАНТИТЕ

Компанијата која аплицира мора да ги исполнува следниве критериуми:

  1. Активна компанија која е формирана согласно Законите во Република С. Македонија, и постои најмалку 2 години.

ЕВАЛУАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ

Комисијата за избор ќе ги извести избраните компании од првиот круг за денот и времето на одржувањето на информативната сесија. Комисијата ќе ги извести избраните компании од првиот круг за исходот на вториот круг, односно за компанијата која била избрана на повикот.

Кандидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:

Во првиот круг:

– Претходно искуство на компанијата 50 бодови

– Биографии на персоналот 50 бодиви

Вкупно 100 бодови.

Во вториот круг:

  • Предлог концепт- иновативност на пристапот- 40 бодови
  • Предлог концепт- вредност за понудената цена 30 бодови
  • Предлог концепт- идејно решение- 30 бодови

Вкупно 100 бодови.

Договор ќе биде склучен со онаа компанија која освоила најголем број бодови во вториот круг.

ПРИЈАВУВАЊЕ

Комплетната понуда (предвидена за аплицирање во првиот круг) апликантите треба да ја испратат на еmail: [email protected]  најдоцна до 13.09. 2021 г., со назнака Апликација за кампања.

Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени во предвид.

Повеќе информации можете да добиете на тел. 02 3217 247 или на [email protected]

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА И МОДЕРИРАЊЕ НА НАСТАНИ

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА И МОДЕРИРАЊЕ НА НАСТАНИ

Во рамки на проектот ,,Заштитени подрачја за луѓето и природата II”, спроведуван од Еко-свест во партнерство со WWF Adria, објавуваме повик за правни и физички лица за техничка поддршка и модерирање на настани.

АКТИВНОСТИ

  1. Активност 1 – Соработка со институции- онлајн настан на тема финансирање на заштитени подрачја;
  2. Активност 2 – Структурен дијалог со релевантни чинители, институции и НВО за изработка на заеднички ставови- онлајн настан за иднината на заштитените подрачја и начинот на нивното управување.

ЗАДАЧИ

Избраното физичко или правно лице треба:

• Да соработува и да ги следи насоките за спроведување на онлајн настаните од лицето назначено за комуникација од Еко-свест;

• Да ги спроведе сите подготвителни активности пред организирање на онлајн настаните што се однесуваат на организирање на настаните, да ги исконтактира релевантните институции, организации, компании и други засегнати страни кои имаат активности на темите со цел нивно учество во онлајн настаните;

• Да ги организира и модерира онлајн настаните преку Zoom платформата (линкот ќе биде обезбеден од страна на Еко-свест), како и да обезбеди логистичка и техничка поддршка за време на настаните;

• Да изготви краток извештај) од онлајн настаните кои ќе вклучуваат податоци за бројот на учесници, слики од настанот (screenshot) и дневниот ред на настанот.

ВРЕМЕНСКА РАМКА И ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ

Периодот за реализација на овие активности е 30.09.2021 година.

Вредноста на договорот не може да надмине 30 180,00 денари (490 евра во денарска противвредност) со вклучен ДДВ износ за правните лица, односно персонален данок за физичките лица.

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

При аплицирањето, заинтересираните правни лица треба да достават:

  1. Краток опис на компанијата;
  2. Тековна состојба, не постара од 6 месеци.

Заинтересираните физички лица треба да достават:

  1. Лична биографија (CV).

Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.

КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИКАНТИТЕ

Правните лица кои аплицираат мора да ги исполнуваат следниве критериуми:

1. Активна компанија, здружение или фондација формирано/а согласно Законите во Северна Македонија, и постои најмалку 3 години;

2. Најмалку 5 (претходно) организирани/ модерирани онлајн настани преку Zoom платформата.

Физичките лица кои аплицираат мора да ги исполнуваат следниве критериуми:

  1. Најмалку 5 (претходно) организирани/ модерирани онлајн настани преку Zoom платформата.

ЕВАЛУАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ

Евалуационата комисија го задржува правото да го извести само оној понудувач чија понуда ќе биде избрана. Кандидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:

– Претходно искуство во спроведување на слични активности 80 бодови

– Профил/ биографија 20 бодови

Вкупно 100 бодови.

Договор ќе биде склучен со она правно или физичко лице кое освоило најголем број бодови.

ПРИЈАВУВАЊЕ

Комплетната понуда, апликантите треба да ја испратат на еmail: [email protected] најдоцна до 8 септември 2021 г. 00:00 часот, со назнака Апликација за техничка поддршка и модерирање на настани.

Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени во предвид.