Основни информации
Центарот за истражување и информирање за животна средина Еко-свест од Скопје има потреба од професионално и тековно чистење на деловен објект, канцелариите на Еко-свест. Eко-свест објавува повик за изразување интерес од ангажирање на овластени компании кои даваат услуги на професионално чистење и одржување на работни канцеларии.
Цел и задачи на активностите
Цел на активноста е спроведување на чистење и одржување на канцелариите на Еко- свест. Потребно е да се направи увид и проверка на просторот кој треба да се чисти и одржува хигиенски.
Канцелариски простор: 200 м2. со 6 канцеларии, 3 тоалети, ходник, кујна, 2 балкони. Просторот го користат 13 вработени и се наоѓа на адреса: на ул. Киро Крстевски – Платник бр.6, 1000 Скопје.
Активности за тековно одржување хигиена:
Канцеларии: Пребришување на работни бироа, апарати, компјутери, столчиња и останат мебел; Вшмукување на прашина од теписони; Мокро мапирање на тврди подови; празнење и исфрлање на смет од корпи за смет; пребришување со дезинфекција на рачки од врати; бришење на прозорци.
Кујна: Мапирање на тврд под; Пребришување на елементи во кујна и маси; Отстранување на пајажина од ѕидови;
Тоалети: Пребришување на елементи во тоалети; мапирање на плочки; дополни на тоалетна хартија и хартија за раце.
Време на реализација на услугата: Професионалното чистење согласно на договор ќе се врши два пати неделно во однапред определени денови по два работни часови или доколку е потребно како втора можност и опција по три работни часа.
Временска рамка за доставување на понуда
Периодот за изразување на интерес за учество на повикот е 7 дена од објавување на отворениот повик.
Временска рамка за спроведување на активноста
Периодот за спроведување на овие активности изнесува најмногу 1 година од датумот на потпишување на Договорот, со можност за продолжување.
Буџет
Заинтересираните треба да достават понуди во македонски денари, со посебно назначен ДДВ и вкупен износ на понудата.
Потребна документација за пријавување
При пријавувањето, компаниите треба да достават:
- Краток опис на кoмпанијата
- Портфолио на компанијата
- Финансиска понуда изразена во МКД со вклучен ДДВ.
- Тековна состојба не постара од 6 месеци
- Пополнета изјава (Анекс 1)
Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.
Критериуми за понудувачите
- Активна компанија која е формирана согласно Законите во Република Северна Македонија, и постои најмалку 3 години.
- Најмалку 3 (три) години професионално работно искуство во спроведување услуги на професионално чистење и одржување на работни канцеларии.
Критериуми за избор на најсоодветна понуда
По истекот на рокот за пријавување, ќе се креира Комисија од 3 члена, која ќе изврши бодување на пристигнатите понуди.
Бодувањето на пристигнатите понуди ќе се изврши на следниот начин:
- Портфолио на компанијата (20 поени)
- Капацитет за спроведување на услугите (број на вработени хигиеничари) и временска рамка на спроведувањето и завршувањето на активноста услугата (40 поени)
- Финансиска понуда (40 поени)
Комисијата ќе ги разгледа и оцени понудите врз основа по горенаведените критериуми. Договор ќе биде склучен со онаа компанија која освоила најголем број на бодови во сооднос на наведените критериуми, не подоцна од 05.06.2026.
Еко-свест ќе гo контактира избраниот понудувач, не подоцна од 7 работни дена од истекот на периодот за доставување на понуда. Во рок од 3 дена од донесувањето на Одлуката, Еко-свест ги информира сите понудувачи за исходот од постапката. Понудувачите имаат право да поднесат Приговор во врска со постапката во рок од 3 календарски дена.
Пријавување
Комплетната понуда, изјавување интерес и изјава, понудувачите треба да ја испратат на еmail: [email protected] најдоцна до 05.06.2026 година до 14:00 часот со назнака: Тековно чистење на деловен објект (име на понудувачот).
Пристигнатите прашања од кој било од заинтересираните понудувачи ќе бидат одговорени и доставени до сите поканети понудувачи и објавени на веб-страницата на Еко-свест под објавата за повикот.
Некомплетни понуди и понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени предвид. Повеќе информации или прашања можете да поставите на [email protected]
Напомена!
Еко-свест ќе бара од избраниот понудувач пред склучување на договор за соработка да ја достави следната документација: Tековна состојба/потврда за регистрирана дејност на добавувачот; потврда за солвентност/бонитет; потврда/информација од Централен Регистар за забрана за вршење дејност и регистар за казни на правни лица; уверение за платени даноци и придонеси; изјави за доверливост и непостоење на конфликт на интереси од страна на избраниот кандидат (физичко лице) или изјава дека ги исполнува критериумите за учество (правно лице); биографии (CV) на консултантите; листа на референци/портфолио.
Доверливост
Сите информации кои се поврзани со оценка на понудите нема да бидат споделувани со никој кој не е официјално вклучен во процесот на селекција, дури и по завршување на процесот на избор. Сите податоци ќе се третираат како доверливи и нема да се користат, прибираат, споделуваат за други цели надвор од овој повик и целта на истиот.
Изјава за исклучување од учество во набавка
Најнови коментари