Во рамки на проектот ,,Зелена економија за развој на регионот”, спроведуван од Еко-свест, финансиран од Европската Унија, објавуваме повик за подготовка и организирање на тридневен виртуелен настан од област зелена економија и клима.
ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА
Цел на оваа активност е подигнување на јавната свест за важноста на зелената економија, заштитата на животната средина и одржливиот развој, што би резултирало во подобрување на состојбата на животната средина и механизмите за дијалог помеѓу граѓанските организации и државните институции на сите нивоа, како и поголемо вклучување на граѓанските организации во процесот на транзиција кон зелена економија.
ЗАДАЧИ
Избраната компанија треба:
• Да соработува и да ги следи насоките за подготовка и организирање на виртуелниот настан од страна на тимот на проектот „Зелена економија за развој на регионот“
• Да подготви и организира виртуелен настан, регионална конференција од областа на зелената економија и клима, во времетрање од три дена. Работилниците/панелите, треба да бидат соодветно испланирани во текот на 3 работни дена
• Да пронајде и подготви соодветни технички решенија за организирање и следење на виртуелниот настан- регионална конференција од областа на зелената економија и клима, во времетрање од три дена, како и за сите посебни работилници/панели. Треба да се обезбедат говорници и модератор (вклучувајќи и склучување договори), превод од мк-ен и ен-мк, интеракција на учесниците
• Да обезбеди снимки од виртуелниот настан, регионална конференција од областа на зелената економија и клима во времетрање од три дена, како и за сите посебни работилници/панели
• Да изработи дневен ред за виртуелниот настан, регионална конференција од областа на зелената економија и клима во времетрање од три дена, како и за сите посебни работилници/панели
• Да пронајде и ангажира говорници за сите посебни работилници/панели
• Да обезбеди модератор за сите посебни работилници/панели, дел од виртуелниот настан, регионална конференција од областа на зелената економија и клима
• Да обезбеди лице кое ќе генерира белешки од виртуелниот настан, регионална конференција од областа на зелената економија и клима во времетрање од три дена, како и за сите посебни работилници/панели
• Да подготви список на сите релевантни чинители во областа на зелената економија и клима на вируелниот настан и посебните (ГО, институции, приватен сектор, научно-истражувачки сектор)
• Да испрати покани за виртуелниот настан по емаил до сите релевантни чинители по претходни консултации со проектниот тим на проектот „Зелена економија за развој на регионот“
• Да изработи извештај за постигнатите резултати од виртуелниот настан и да го достави на нарачателот
ВРЕМЕНСКА РАМКА
Времето на подготовка на виртуелниот настан, регионална конференција од областа на зелената економија и клима во времетрање од три дена, како и за сите посебни работилници/панели е 20 (дваесет) дена од потпишување на договорот.
Времето на организирање/одржување на виртуелниот настан, регионална конференција од областа на зелената економија и клима во времетрање од три дена е месец април 2021 (втората седмица од месецот) .
Времето на доставување на извештај за постигнатите резултати, како и снимка од виртуелниот настан е 2 (две) седмици по завршување на настанот.
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
При аплицирањето, заинтересираните компании/организации треба да достават:
- Краток опис на компанијата
- Портфолио со сработени виртуелни настани, особено од областа на животната средина
- Биографија од лицата кои ќе учествуваат во подготовка и организирање на виртуелниот настан
- Тековна состојба не постара од 6 месеци
- Финансиска понуда по ставки
Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.
КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИКАНТИТЕ
Компанијата која аплицира мора да ги исполнува следниве критериуми:
- Активна компанија која е формирана согласно Законите во Република С. Македонија, и постои најмалку 2 години.
ЕВАЛУАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ
Евалуационата комисија ќе го извести само оној кандидат чија понуда ќе биде избрана. Кандидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:
- Претходно искуство на компанијата 30 бодови
- Биографии на лица ангажирани за настанот 50 бодови
- Финансиска понуда 20 бодови
Договор ќе биде склучен со онаа компанија која освоила најголем број бодови во сооднос квалитет на понуда и цена. Содржината на овој документ е одговорност единствено на Еко-свест и под никакви услови не може да се смета дека ги одразува ставовите на Европската унија.
ПРИЈАВУВАЊЕ
Комплетната понуда, апликантите треба да ја испратат на еmail: [email protected] најдоцна до 12 март 2021г. 16:00 часот, со назнака Апликација за подготовка и организирање на виртуелен настан- регионална конференција од областа на зелената економија и клима.
Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени во предвид.
Повеќе информации можете да добиете на 071 339 306 или на [email protected].
Најнови коментари