Екомапа е веб и мобилна апликација за пријавување на еко проблеми која е изработена во склоп на проектот “Да зборуваме за климатските промени”. Главната цел на мапата е мапирање на сите еко-проблеми и позитивни практики за справување со климатските промени на мапа на РС Македонија и нивниот сооднос со сет други административни, ортофото, топографски и тематски мапи, како и мапи за заштитени подрачја во РС Македонија.

Самото пријавување на проблеми дава можност за прикажување на слики од настаните за добивање на реален приказ за конкретниот проблем, а делот за коментари овозможува директна комуникација помеѓу корисниците со цел заедничко решавање на одредени проблеми или давање совети за соодветни акции.

Доколку повеќе лица пријават ист проблем на исто место, самата апликација ќе ги групира проблемите (и пријавите) на едно место за да не се јавува повторување на истиот проблем. Со ова би се обезбедиле соодветни податоци доколку некој сака да направи анализа во која ќе ги разгледува на пример запалени шуми во текот на една календарска година.

Оваа алатка има за цел да им овозможи на граѓанскиот сектор и на пошироката јавност, делување во правец на полесно решавање на одредени проблеми и можност за заедничко делување на организации од различни региони согласно проблемите со кои заеднички се соочуваат. Од друга страна на државните институции ќе можат да ги користат информациите кои ќе им бидат достапни за правење на анализи, стратешко планирање, а оние инстутции кои работат на терен можат да ги користат податоците и како подршка во нивната секојдневна работа.

Веб апликацијата Екомапа е достапна на следниот линк: https://ekomapa.mk/

Мобилната апликација Екомапа е достапна на Google Play Store и истата може да ја преземете од следниот линк: https://play.google.com/store/apps/details?id=com.efosfera.ekosvest.

Да бидеме генерациите што ќе ја зачуваат иднината! Да зборуваме за клима! Проектот “Да зборуваме за климатските промени” е спроведуван од Еко-свест, ЦНВП Македонија и ДЕМ, а е финансиран од Европската Унија.

YouTube player

Share This

Share this post with your friends!