Европскиот инвестициски план (EGDIP), исто така познат како инвестициски план за одржлива Европа (SEIP), претставува финансиска основа за Европскиот зелен план. За да се постигнат целите поставени во Европскиот зелен план, предвидено е да се мобилизираат најмалку 1 милијарда евра одржливи инвестиции во текот на наредната деценија. Околу 500 милијарди евра би требало да бидат обезбедени од буџетот на ЕУ, каде што земјите членки би требало да придонесат со 114 милијарди евра за кофинансирање на европски проекти. Остатокот од средствата би требало да биде повлечен од приватните инвестиции, чиј дел е поддржан со гаранциите на Европската инвестициона банка. Намерата е во потполност да се трансформира улогата на ЕИБ и таа да стане „Климатска банка на Европа”. Најавено е дека од 2021 година банката нема да финансира никакви проекти кои вклучуваат употреба на фосилни горива, и баш напротив, дека најголемиот број ресурси ќе бидат посветени на зелени проекти. На овој начин Комисијата ќе овозможи поддршка за властите и промотерите на ,,зелени” проекти во нивното планирање, дизајнирање и спроведување.

Освен зголемување на средствата за транзиција на европската економија кон зелена и одржлива и мобилизирање на најмалку 1 милијарда евра за поддршка на одржливи инвестиции во текот на наредната деценија низ буџетот на ЕУ и релевантните инструменти, особено InvestEU, една од клучните цели на Инвестицискиот план е да создаде рамка која ќе им овозможи на приватните инвеститори и јавниот сектор да ги олеснат одржливите вложувања. Исто така, на овој начин се планира да се пружи поддршка на јавната управа и промотерите на проекти во идентификување, структурирање и спроведување на одржливи проекти.

Дел од Европскиот инвестициски план е и Механизмот за праведна транзиција (Just Transition Mechanism). Овој механизам претставува клучно средство коешто осигурува дека транзицијата кон климатски неутрална економија ќе се одвива на чесен начин. Иако на сите региони ќе им бидат потребни финансиски средства во согласност со Планот, Механизмот за праведна транзиција овозможува наменска помош од 100 милијарди евра за најранливите региони со што би се ублажиле социјално-економските влијанија од транзицијата. Праведната транзиција ќе создаде неопходни вложувања за помош на работниците и заедниците коишто се потпираат на вредносниот синџир на фосилни горива.

Share This

Share this post with your friends!