Центарот за истражување и информирање за животната средина “Еко-свест” од Скопје, во рамки на проектот „Заедници за праведна транзиција’’ има потреба од ангажирање на консултант/компанија за проектирање на фотоволтаичен систем.

ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА

Цел на активноста е обезбедување учество на сите засегнати чинители во процесот на праведна транзиција во земјата преку подигнување на капацитетите на локалните заедници.

ЗАДАЧИ

Компанијата/ консултантот треба:

  1. Да направи проценка за капацитетот на објектот за максимално производство на електрична енергија
  2. Проценка на вкупно трошоци – инсталирање, одржување, амортизација
  3. Опис на административни постапки за доведување во оперативна фаза
  4. Посета на терен

ВРЕМЕНСКА РАМКА

Периодот за реализација на оваа активност изнесува 1 недела од потпишување на договорот.

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

При аплицирањето, консултантите/ компаниите треба да достават:

  1. Краток опис на компанијата/ CV на консултантот
  2. Портфолио
  3. Тековна состојба не постара од 6 месеци (за компаниите)
  4. Финансиска понуда по ставки

Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.

КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИКАНТИТЕ

  1. Активна компанија која е формирана согласно Законите во Република С. Македонија, и постои најмалку 2 години (за компании)
  2. Работно искуство во проектирање на фотоволтаичен систем (за консултант)

ЕВАЛУАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ

Евалуационата комисија ќе ги извести само оние кандидати чија понуда ќе биде избрана. Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:

  • Претходно искуство 50 бодови
  • Понудена цена 50 бодови
    Вкупно 100 бодови.
    Договор ќе биде склучен со оној кандидат кој освоил најголем број бодови.
    Понудата не смее да надмине 214.470,00мкд.

ПРИЈАВУВАЊЕ
Комплетната понуда, апликантите треба да ја испратат на еmail: [email protected] најдоцна до 22 ноември 2021 г., 16:00 часот со назнака ,,Пријава за консултант/компанија за проектирање на фотоволтаичен систем“
Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени предвид.
Повеќе информации можете да добиете на [email protected].

Share This

Share this post with your friends!