Центарот за истражување и информирање за животната средина “Еко-свест” од Скопје, во рамки на проектот „Заедници за праведна транзиција’’ има потреба од ангажирање на компанија/организација за организирање настан за праведна транзиција.

ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА

Цел на активноста е обезбедување учество на сите засегнати чинители во процесот на праведна транзиција во земјата преку подигнување на капацитетите на локалните заедници.

ЗАДАЧИ

Компанијата/ организацијата треба:

  1. Да соработува и да ги следи насоките за подготовка и организирање на виртуелниот настан од страна на Еко-свест
  2. Да подготви и организира еднодневен настан на тема праведна транзиција во Кичево
  3. Да изработи дневен ред за настанот во комуникација со Еко-свест
  4. Да испрати покани за настанот и да обезбеди учество на настанот
  5. Однапред да го промовира настанот преку традиционалните и нови медиуми
  6. Да ги проследи клучните пораки од настанот
  7. Да изработи извештај за постигнатите резултати и да го достави на Еко-свест ВРЕМЕНСКА РАМКА

Периодот за реализација на оваа активност изнесува 1 недела од потпишување на договорот.

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

При аплицирањето, компаниите/ организациите треба да достават:

  1. Краток опис на компанијата/ организацијата
  2. Портфолио со сработени настани
  3. Тековна состојба не постара од 6 месеци
  4. Финансиска понуда по ставки

Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.

КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИКАНТИТЕ

  1. Активна компанија/организација која е формирана согласно Законите во Република С. Македонија, и постои најмалку 2 години.

ЕВАЛУАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ

Евалуационата комисија ќе ги извести само оние кандидати чија понуда ќе биде избрана. Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:

  • Претходно искуство 50 бодови
  • Понудена цена 50 бодови
    Вкупно 100 бодови.
    Договор ќе биде склучен со оној кандидат кој освоил најголем број бодови.
    Понудата не смее да надмине 92.500 мкд.

ПРИЈАВУВАЊЕ
Комплетната понуда, апликантите треба да ја испратат на еmail: [email protected] најдоцна до 22 ноември 2021 г., 16:00 часот со назнака ,,Пријава за организирање настан“
Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени предвид.
Повеќе информации можете да добиете на [email protected].

Share This

Share this post with your friends!