Центарот за истражување и информирање за животна средина Еко-свест од Скопје во рамки на проектот „Децентрализација на праведната транзиција”, објавува повик за ангажирање на Kоординатор за Кичевскиот и Битолскиот регион.


Повикот е отворен од 15.02.2022 година за сите заинтересирани лица кои ги исполнуваат барањата од повикот и ќе ги поднесат следните документи:

  • Биографија (CV);
  • други документи кои ги докажуваат квалификациите и искуството (доколку кандидатот посeдува такви документи).

Позицијата е за 1 лице кое ќе ги задоволи барањата од повикот.

Барања на повикот

Општо за организацијата
Еко-свест е здружение на граѓани основано на 18.09.2002 година. Во 2008 година, Еко-свест го менува својот назив во „Центар за истражување и информирање за животната средина Еко-свест“ со цел најдобро да ја отслика својата дејност, мисија и визија.
Главната цел за формирањето на здружението лежи во потребата да се покрене јавната свест за неопходноста од грижа за животната средина во Македонија, преку информирање, едуцирање и застапување.
Еко-свест од самиот почеток работи на темите тесно поврзани со заштитата на животната средина и тоа:
– одржлив транспорт;
– обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност;
– одржливо управување со отпадот;
– заштита од хемикалии и тешки метали;
– заштита од генетски модифицирани организми.


Како хоризонтални прашања кои ги тангира организацијата, но и нејзини главни определби се информирањето и едукацијата на граѓаните во Македонија, учеството на јавноста во донесувањето одлуки од област на животната средина, транспарентното и отчетното работење на јавните институции, јавни пари за јавни придобивки, пристап до правда во област на заштита на животната средина.
Во својата работа, Еко-свест спроведува проекти, јавни кампањи, застапува одредени ставови поврзани со проблематиката и генерално информира врз база на спроведени анализи, истражувања и анкети. Во своето досегашно работење, Еко-свест има спроведено над 60 проекти во Македонија и регионот.
Мисијата на Еко-свест е да истражува, информира и делува кон унапредување на јавните политики и навиките за одржливо живеење и заштита на животната средина. Еко-свест поддржува и поттикнува граѓанска свесност и активно учество и промовира практични решенија во соработка со организации и институции. Нашата визија е праведно, одговорно и совесно општество каде здрави граѓани одржливо живеат во благосостојба и во хармонија со животната средина.

Квалификации и искуство
За позицијата ќе бидат разгледувани кандидати со следниве квалификации и искуство:
– одлично познавање на Кичевскиот и Битолскиот регион со особен осврт кон енергетскиот аспект и основни познавања од областа на енергетската транзиција;
– одлично интегрирани во локалната заедница во Кичевскиот и/или Битолскиот регион, односно да имаат воспоставено добра комуникација со локалните заедници од регионот (клучна квалификација);
– извонредни комуникациски вештини (за орална и писмена комуникација) и способност за работа под притисок;
– одлични организаторски способности, способност за тимска работа и работа со крајни рокови;
– техничка писменост и познавања од работа на компјутери, како и способност брзо да учат и да се надоградуваат;
– познавање на албански јазик ќе се смета за предност;
– да поседува сопствено возило и возачка дозвола Б категорија.


Работни задачи
– Да остварува и одржува контакт со локалните заедници во Кичевскиот регион на редовна основа со цел нивна поддршка во праведна транзиција на регионот;
– Да остварува и одржува соработка со сите релевантни чинители во Кичевскиот регион на редовна основа, како и да ги информира и консултира во врска со праведната транзиција во земјата;
– Да остварува организирани средби со локалните чинители во Кичевскиот регион најмалку еднаш во месецот, како и да доставува записници за истите;
– Да организира две тркалезни маси, како и да пружа поддршка на останатите проектни активности на Еко-свест во Кичевскиот регион доколку има потреба;
– Да изготвува наративни извештаи на барање на Еко-свест, како и финален извештај по завршување на ангажманот;
– Да ги почитува политиките на Еко-свест.

Позиција
Позицијата за која се бара лицето е Kоординатор за Кичевскиот и Битолскиот регион (1 лице). Лицето е предвидено да биде надворешен соработник коешто ќе биде ангажирано во најбрз можен рок, а ангажманот ќе трае до 30.09.2022 година.

Потребни документи
– Биографија (CV);
– други документи кои ги докажуваат квалификациите и искуството (доколку кандидатот посeдува такви документи).

Прашања во врска со повикот
Сите прашања во врска со повикот може да се постават на следната електронска адреса: [email protected] најдоцна до 15.02.2022 година.

Пријава за повикот
Сите кандидати треба бараната документација да ја пратат најдоцна до 15.02.2022 година до 16:00 часот на следната електронска адреса: [email protected] со наслов на пораката: Пријава за координатор за Кичевскиот и Битолскиот регион.


Сите поднесени документи во дадениот рок ќе бидат разгледани и најсоодветните кандидати ќе бидат повикани на разговор. Поради ковид мерките, разговорите ќе бидат реализирани преку платформата Zoom.

Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе бидат избрани за разговор.

Share This

Share this post with your friends!