Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест од Скопје во рамки на проектот „Децентрализација на праведната транзиција’’ има потреба од ангажирање на консултант за изработка на студија на случај за процесот на донесување на одлуки во локалната заедница во с. Белица, Кичевско.

ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА

Цел на активноста е информирање на Еко-свест и други релевантни чинители за карактеристиките на процесот на донесување на одлуки во локалната заедница во с. Белица, Кичевско. Станува збор за локална заедница со традиционален начин на донесување на одлуки (совет на старешини) која може да се смета за дел од културното богатство на македонскиот народ и за која тенденцијата е да се зачува во нејзината изворна форма.

Студијата на случај треба да ги истражи и опише карактеристиките на овој процес преку спроведување на длабински интервјуа со релевантните членови на заедницата и да даде препораки како моделот на одлучување може на праведен начин да се примени во формирање на енергетска заедница за производство на енергија (бизнис модел).

ЗАДАЧИ

Консултантот треба:

1. Да спроведе најмалку 10 теренски длабински интервјуа со релевантни членови на локалната заедница во с. Белица;

2. Да ги анализира наодите од интервјуата;

3. Да даде опис најмалку на следново: историјатот на моделот на одлучување, формата, процесот на избор на членовите, правата на секој од членовите и процесот на одлучување во заедницата.

Според наодот на консултантот може да се вклучат и други елементи доколку се процени дека се релевантни.

 ВРЕМЕНСКА РАМКА И ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ

Периодот за реализација на оваа активност изнесува 2 месеци од потпишување на договорот.

Вредноста на договорот не може да надмине бруто износ од 36.500,00 денари (со вклучен персонален данок).

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

При аплицирањето, консултантите треба да достават:

  1.  CV на консултантот
  2.  Пример за претходни слични анализи

Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.

КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИКАНТИТЕ

  1. Консултантот треба да има најмалку високо образование од областа на социологијата или антропологијата
  2. Консултантот треба да има релевантно искуство во изработка на слични студии на случај

ПРИЈАВУВАЊЕ

Комплетната понуда, апликантите треба да ја испратат на еmail: [email protected] најдоцна до 20 февруари 2022 година со назнака ,,Пријава за консултант за студија на случај“.

Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени предвид.

Повеќе информации можете да добиете на [email protected]

Share This

Share this post with your friends!