Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест од Скопје отвoра повик за ангажирање на 4 проектни координатори/ки за програмските и проектни активности во следниот период. Еко-свест, од своето формирање како граѓанска организација, активно работи на темите тесно поврзани со заштитата и унапредувањето на животната средина и тоа:
• заштита на природата и одржлив развој;
• одржлив транспорт;
• обновливи енергетски извори и енергетска ефикасност;
• одржливо управување со отпадот;
• климатски промени и декарбонизација.

Заинтересираните треба да ги исполнуваат општите, како и следните посебни услови:

• Основни познавања за работата на Еко-свест и работата во граѓанска организација или фондација;

• Комплетирано високо образование. Кандидатите со завршени постдипломски студии ќе имаат предност;

• Најмалку 5 (пет) години работно искуство на проекти во Северна Македонија или во странство и, солидни познавања од раководење на проектен циклус (PCM). Искуство од спроведени проекти во граѓанскиот сектор е предност;

• Познавање процедури за координирање и раководење на проекти на странски донатори, со особен аспект на ЕУ финансирани проекти;

• Одлично познавање на македонски и англиски јазик, а познавање на албанскиот јазик ќе се смета за предност;

• Искуство со административно и канцелариско работење;

• Докажана способност да работи со компјутери, пред сè одлично познавање на програмите од пакетот на Microsoft office;

• Возачка дозвола: Б категорија е пожелна.

Кандидатите/ките треба да ги поседуваат следните вештини и способности:

• за изразена комуникација (усна и писмена) и презентација;

• за брзо прифаќање и прилагодување кон нови задачи;

• за тимска работа во мултикултурно опкружување;

• за превземање лидерство и предводење на активностите во тимовите;

• за извршување повеќе задачи истовремено и за испорака во кратки рокови;

• за работа надвор од канцеларија (remote);

• за уредност и организираност.


Работни задачи и одговорности:

Ангажираните проектни координатори/ки ќе ги имаат следните работни должности и одговорности:
I. Развивање на проектни апликации и учество во конципирање и спроведување на политики и активности;
II. Координирање и надгледување на спроведувањето на проектните активности, а во согласност со политиките на донаторите, организацијата и менаџментот на Еко-свест;
III. Пишување и прегледување на наративни извештаи и редовно информирање и координација со надредените во организацијата;
IV. Тесна соработка со останатите вработени во организацијата, како и со проектни партнери и релевантните чинители од областите во кои ќе работат;
V. Одржување врски со релевантните национални и меѓународни чинители и проактивност во делувањето;
VI. Извршување на работните задачи во согласност со политиките, деловниот и етички кодекс на Еко-свест;
VII. Желба и мотив за работа во граѓанска организација која третира прашања и политики од животната средина и граѓанскиот активизам.


Работни услови:

Неделното работно време е 40 часа. Со избраните кандидати ќе биде потпишан договор за вработување на определено време, со пробен период од 3(три) месеци кој може да се продолжи врз основа на покажаните квалитети и перформанси. Месечната нето плата, согласно политиката за плати е во рамки од 40.000 до 55.000 денари. Конкретната плата на избраниот кандидат/ката ќе биде утврдена при потпишувањето на договорот за вработување.


Начин на пријавување и роковник:

Заинтересираните кандидати/тки при пријавувањето треба да достават:
▪ Mотивациско писмо (максимум од 1 страна);
▪ Професионална биографија во Europass EU формат;
▪ Три професионални препораки.
Пријавувањето се врши на електронската адреса: [email protected], а пријавата мора да се наслови со: Пријава за проектен координатор/ка. Рокот за пријавување е најдоцна до 31 мај 2022 г.


Еко-свест ќе ги контактира само оние лица кои ќе бидат селектирани за тестирање и интервју. Нецелосните и неправилните пријави нема да бидат разгледани. Изборот на кандидатите/ките ќе се изврши врз основа на Законот за работни односи. Еко-свест е рамноправен работодавач и ги почитува различностите.

Share This

Share this post with your friends!