За потребите на своите проекти во доменот на енергетиката, Еко-свест има потреба од ангажирање на компанија за изработка на национална анкета за јавно мислење и спроведување на фокус групи.

ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА

Цел на активноста е спроведување на анкета за јавно мислење на репрезентативен примерок и спроведување на 2 фокус групи со цел добивање релевантни податоци за познавањата на јавноста за областа енергетиика и поконкретно гасот како фосилно гориво.

ЗАДАЧИ НА ИЗБРАНАТА КОМПАНИЈА:

  • Да соработува и да ги следи насоките од назначеното одговорно лице од Еко-свест;
  • Да изработи методологија за спроведување на анкетата за јавно мислење на репрезентативен примерок и спроведување на фокус групи;
  • Во консултација со Еко-свест да ги развие прашалниците за анкетата за јавно мислење на репрезентативен примерок и водичот за разговор во фокус групите;
  • Да спроведе национална репрезентативна анкета за јавно мислење во согласност со одобрениот прашалник;
  • Да изготви извештај за резултатите од спроведената анкета со наративен извештај, табеларен приказ и графикони;
  • Да ги спроведе сите подготвителни активности за организирање на фокус групите;
  • Во соработка со Еко-свест да изготви листа на учесници  на фокус групите и истите да ги покани, да ги изготви и прибере материјалите кои ќе се разгледуваат на фокус групите и истите навремено да ги достави до селектираните лица за учество во фокус групите, да подготви агенда или клучни точки за разгледување за секоја фокус група и истите да ги достави до учесниците;
  • Да организира и фасилитира најмалку две (2) фокус групи со претставници од различни групи на засегнати страни, и тоа: 1. Граѓански организации и неформални организации/ иницијативи; и 2. Носители на одлуки и политики и регулатори (во секторот енергетика) во земјата;
  • Доколку има потреба, да организира симултан превод од македонски на албански јазикза следење на фокус групите;
  • Да  изготви сумарна анализа на дискусијата и презентирање на резултатите од фокус групите, да се подготват предлог идеи и препораки за делување и унапредување;
  • Редовно да комуницираат со одговорното лице назначено од страна на Еко-свест.

ВРЕМЕНСКА РАМКА

Периодот за спроведување на оваа активност изнесува најмногу 2 (два) месеци од датумот на потпишување на договорот, но не подоцна од 30 април 2023 година.

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

При аплицирањето, заинтересираните компании треба да достават:

  1. Краток опис на компанијата, портфолио со претходно искуство и краток план за спроведување на активностите (не повеќе од 1 страна);
  2. Тековна состојба, не постара од 6 месеци;
  3. Финансиска понуда (Анекс 1).

Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.

КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

Компанијата која аплицира мора да ги исполнува следниве критериуми:

  1. Активна компанија, здружение или фондација формирано/а согласно Законите во С. Македонија, и постои најмалку 3 години.
  2. Најмалку 3 (претходно) изработени истражувања на репрезентативен примерок и/или спроведени фокус групи.

ЕВАЛУАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ

Евалуационата комисија го задржува правото да го извести само оној понудувач чија понуда ќе биде избрана. Кандидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:

  1. Претходно искуство во спроведување на слични активности 70 бодови
  2. Понудена цена за активноста 30 бодови

Вкупно 100 бодови. Договор ќе биде склучен со онаа компанија која освоила најголем број бодови во сооднос  квалитет на понуда и цена.

ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ

Комплетната понуда, апликантите треба да ја испратат на е-маил: [email protected] најдоцна до 22 февруари 2023 година 16:00 часот, со назнака Апликација за анкета за јавно мислење и фокус групи.

Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени во предвид.

Анекс

Финансиска Понуда

 АктивностБрој на единициЕдинична ценаДДВ износВкупен износ (со вклучен ДДВ)
1Подготвителни активности и спроведување на националната репрезентативна анкета1   
2Подготвителни активности и спроведување и фасилитирање на минимум 3 фокус групи (со вклучена цена за симултан превод)2 (или повеќе)   
Вкупен износ   

Share This

Share this post with your friends!