Железото се кова додека е жешко, а љубителите и заштитниците на придодата се градат уште од младост. Токму тоа изминатиот период локалната канцеларија на Еко-свест во Вевчани го прави преку низа едукативни активности наменети за младите и најмладите.

1. Заедно со Националниот Парк Галичица организиравме едукативна тура во природа со ученици од ООУ Страшо Пинџур Вевчани со прошетка низ Споменикот на природата Вевчански извори во која учеа бонтон во природа и како се чуваат заштитени подрачја. Учениците собираа растенија и надгледуваа животински видови кои ги среќаваа во прошетката. 

Погледнете го краткото видео од едукативната тура во природа: https://www.facebook.com/watch/?v=534713878871246&ref=sharing

2. Во соработка со Детската градинка „Планински цвет“  организиравме прошетка во природа. Со дечињата заедно зборувавме за животните и растенијата во нашата околина. Учевме за важноста на водата, зошто треба да се внимава ѓубрето да не завршува во неа и како ја чуваме реката.  

Погледнете го краткото видео од прошетката на децата до Вевчанските извори: https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=pfbid0CKAohC8crp7Zh3CfHcWfVXcZeFqcE3kDupTCWc5fxST5KM52siFq4jhgRcQyW5gzl&id=112029351800167

3. Креативните ученици од ООУ Страшо Пинџур Вевчани и уметникот Горан Ристовски исцртаа мурал во училишниот двор, со кој на своите врсници но и останатите жители и посетители на Вевчани сакаат да им укажат за значењето на водата и природните вредности.

Погледнете го краткото видео од цртањето на муралот: https://www.facebook.com/watch/?v=896640098091724&ref=sharing

Целта на сите овие активности е едукација од мали нозе со цел подигање на свесноста зошто ни е важна животната средина и зошто мора да ја штитиме.

И од досега виденото, можеме да се пофалиме дека во младите генерации природата ќе има многу сојузници и борци кои ќе ѝ помагаат.

Сето ова е само мал дел од работата на Еко-свест во Вевчани преку локалната канцеларија. За следниот период се планира и изработка на трајна поставка за природата во Мултикултурниот центар во Вевчани, поставување на информативни табли и знаци во Споменикот на природата „Вевчански извори“, бележење на велосипедски патеки, промоција на заштитеното подрачје преку онлајн кампања и многу други.

Овие активности се дел од проектот “Поддршка на одржливо управување со Споменикот на природата „Вевчански извори” финансиран од Prespa Ohrid Nature Trust- PONT. Како дел од овој проект Еко свест во 2022 ја отвори својата локална канцеларија во Вевчани и претставува продолжување на заложбите на Еко свест зачувување и одржливо управување на Споменикот на природа „Вевчански извори“.

Share This

Share this post with your friends!