Како дел од проектот „Поддршка на одржливо управување на Споменикот на природа Вевчански извори“ финансиран од PONT(Prespa Ohrid Nature Trust), а спроведуван од локалната канцеларија на Еко-свест во Вевчани, Еко-свест има потреба од ангажирање на компанија за осмислување и изработка на трајна поставка за природа  во Мултикултурниот центар Коста Србаковски во Вевчани.

Повикот е отворен од 25.07.2023 до 03.08.2023 година. Заинтересираните понудувачи можат да испратат писмо за изразување на интерес најдоцна до 03.08.2023 година до 16:00 часот.

Опис на услугата:

Задачата во рамки на повикот е изготвување на трајна изложба за природните вредности на Споменикот на природа „Вевчански извори“, со цел да се обезбеди информирање и едукација за сите посетители на заштитеното подрачје.

Изложбата ќе биде поставена во Мултикултурниот центар Коста Србакоски во Вевчани во две простории на приземје со вкупна површина од 75м2.

Трајната поставка е потребно да има информативен и едукативен карактер и да биде прилагодена за различни посетители, организирани групи, училишни посети кои би го посетувале Мултикултурниот центар Коста Србакоски во Вевчани. 

Основни информации:  

Еко-свест како дел од проектот Поддршка на одржливо управување со Споменикот на природа Вевчански извори отвори локална канцеларија во Вевчани која ја поддржува Општина Вевчани како управителот на заштитеното подрачје Споменик на природа Вевчански извори. Повеќе информации на www.ekosvest.com.mk

Фази од проектот:   

Во првата фаза правните и физички лица кои изразиле интерес за учество потребно е да достават комплетна понуда која содржи и предлог концепт за трајната изложба.

Во втората фаза избраниот понудувач има обврска да го разработи концептот согласно насоките дадени од страна на Еко-свест и технички да ја изведе изложбата.

Цели и обем на работа

Цел на оваа задача е промоција на природните вредности на заштитеното подрачје Споменик на природа Вевчански извори и поддршка на туристичките потенцијали за одржлив туризам.

Избраниот понудувач ќе биде задолжен за:

  1. Да изготви дизајн и решение за трајната изложба врз база на достапните информации и материјали
  2. Да ја изработи и постави трајната поставка за природа во Мултикултурниот центар Коста Србакоски во Вевчани.

Трајната поставка треба да биде изработена на македонски и англиски јазик, да се состои од мултимедијална содржина во дизајн што ги обединува сите изложени елементи. Изложбата е од музејски и траен карактер.

Временска рамка

Трајната поставка треба да биде финализирана 60 дена од склучениот договор но не подоцна од 15.10.2023 година

РезултатКраен рок
Поднесен разработен концепт за трајната изложба2 недели по склучување на договор
Одобрување од страна на Еко-свестТри недели по склучување на договор
Техничка изведба и поставување на изложбатаШест недели по склучување на договор
Проверка и отстранување на проблемиСедум недели по склучување на договор
ПримопредавањеОсум недели по склучување на договор

Буџет

Вредноста на договорот не може да надмине 6600 евра во денарска противредност.

Надзор на проектот / консултантот /  контрола на квалитет:

Еко-свест ќе биде одговорен за надзорот на спроведувањето на активноста и почитување на договорите и договорните задачи.

Контакт лице Наум Илиески, [email protected]

Контакт лице (име-презиме / е-маил адреса / мобил.тел) :  

За повеќе информации ве молиме контактирајте со Дарко Ќитаноски  [email protected]  или на +38970225604 / +38978449209

Share This

Share this post with your friends!