Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест од Скопје отвoра повик за ангажирање на проектен асистент за спроведување и поддршка на проектни активности.

За Еко-свест

Мисијата на Еко-свест е да истражува, информира и делува кон унапредување на јавните политики и навиките за одржливо живеење и заштита на животната средина.

Еко-свест поддржува и поттикнува граѓанска свесност и активно учество и промовира практични решенија во соработка со организации и институции.

Посебни цели и задачи на „Еко-свест“ се:

– Информирање  за  потенцијалните  негативни  влијанија  врз животната средина и луѓето;

– Промовирање на  решенија за здрави и одржливи пракси и политики во областа на заштита на животната средина и застапување на истите во процесите на креирање политики;

– Истражувања и анализи во област на заштитата на животната средина и човековото здравје;

– Промовирање и застапување за учество на јавноста во процесите на донесување одлуки во област на животната средина и поддршка на заедниците за остварување на ова право;

– Информирање и едуцирање на јавноста за можните негативни влијанија и начините за спречување и избегнување на истите врз животната средина и човековото здравје особено кај жените, децата и старите лица;

– Формирање и водење на коалиции и други тела составени од организации, експерти и институции со цел заедничко застапување за заштита на животната средина;

– Активно учество во постапките на измена и донесување на законски акти во област на заштита на животната средина;

– Спроведување на посебни активности во областите на:

  • заштита на климата
  • заштита на природата
  • заштита на медиумите на животната средина (воздух, води, почва)
  • одржлив развој на локалните заедници
  • одржлив транспорт
  • одржливи и паметни решенија за енергетскиот систем
  • одржливо управување со отпадот
  • иновации во заштитата на животната средина
  • паметно просторно планирање
  • поддршка на заедниците и активно граѓанство.

Заинтересираните треба да ги исполнуваат следните посебни услови

  • Основни познавања за работата на Еко-свест и работата во граѓанска организација или фондација;
  • Комплетирано високо образование;
  • Најмалку 2 (две) години работно искуство;
  • Познавање на секторот на заштита на животна средина во земјата и регионот;
  • Техничка писменост;
  • Способност за теренска работа со засегнати локални заедници;
  • Одлично познавање на македонски јазик, познавање на англиски јазик е задолжително;
  • Поседување на извонредни комуникациски вештини (за орална и писмена комуникација) и способност за работа под притисок;
  • Искуство со административно и канцелариско работење;
  • Докажана способност да работи со компјутери, пред сè одлично познавање на програмите од пакетот на Microsoft office;
  • Искуство со работа во тимови;
  • Возачка дозвола: Б категорија е пожелна.

Кандидатите/ките треба да ги поседуваат следните општи услови

  • за изразена комуникација (усна и писмена) и презентација;
  • за брзо прифаќање и прилагодување кон нови задачи;
  • за тимска работа во мултикултурно опкружување;
  • за превземање лидерство и предводење на активностите во тимовите;
  • за извршување повеќе задачи истовремено и за испорака во кратки рокови;
  • за уредност и организираност.
  • желба и мотив за работа во граѓанска организација која третира прашања и политики од област на животната средина и граѓанскиот активизам.

Работни задачи и одговорности

  • Планирање на проектни активности и ресурси во рамки на проектот,
  • Следење на активностите и нивната реализација
  • Координација и комуникација во проектниот тим и со проектните партнери (доколку го има),
  • Дава поддршка во подготовката на проектни буџети и финансиски и наративни извештаи кон донаторите
  • Подготвува интерни налози за исплата,
  • Спроведува постапки за набавки и подготвува повици
  • Дава поддршка во подготовката на патни налози и спроведеување на активности,
  • Спроведува и други активности како поддршка на проектните координатори, Раководители со програми и Извршниот директор, во однос на организирање на настани, логистичка и техничка поддршка и сл.
  • Врши други работи по потреба и по задолжение на Извршниот директор
  • Дава редовно известување за својата работа на Раководителот на финансии, Раковидителот на програми и Извршниот директор.

Работни услови

Неделното работно време е 40 часа. Со избраниот кандидат ќе биде потпишан договор за вработување на определено време. Месечната нето плата, согласно политиката за плати е во рамки од 30.000 до 50.000 денари. Конкретната плата на избраниот кандидат/ката ќе биде утврдена при потпишувањето на договорот за вработување. Еко-свест овозможува 25 дена годишен одмор, услови за усовршување и напредување во организацијата.

Начин на пријавување и роковник

Заинтересираните кандидати/тки при пријавувањето треба да достават:

  • Mотивациско писмо (максимум од 1 страна);
  • Професионална биографија во Europass EU формат;
  • Контакт информации за најмаку три лица/организации кои би можеле да дадат професионална препорака.

Пријавувањето се врши на електронската адреса:[email protected], а пријавата мора да се наслови со: Пријава за проектен асистент.

   Огласот е тековен до пополнување на работната позиција.

Еко-свест ќе ги контактира само оние лица кои ќе бидат селектирани за тестирање и интервју. Нецелосните и неправилните пријави нема да бидат разгледани. Изборот на кандидатите/ките ќе се изврши врз основа на Законот за работни односи. Еко-свест е рамноправен работодавач и ги почитува различностите.

Share This

Share this post with your friends!