Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ во рамки на проектот „Заштита на реките преку воспоставување на мониторинг и практики за обновување на речните живеалишта во заштитени подрачја“ финансиран од Prespa Ohrid Nature Trust (PONT), објавува повик за ангажирање на индивидуални или тим од експерти или компании за подготовка на „Анализа на влијанијата врз реките и речните живеалишта во НП Маврово и НП Шар Планина“.

Цел на анализата

Со анализата треба да се обезбеди преглед на постоечките состојби и да се идентификуваат, документираат и категоризираат сите закани врз реките и речните екосистеми на територијата на НП Маврово и НП Шар Планина.

Покрај документирање на постоечката состојба, врз база на идентификуваните закани и ризици, Анализата треба да содржи препораки и мерки за надминување (митигација) на состојбите кои би користеле во идното успешно управување со реките во заштитените подрачја, во насока на нивна реставрација и унапредување на нивниот еколошки статус.

Анализата на заканите, како и препораките треба да бидат во согласност со Рамковната директива за води (Water Framework Directive), што претставува водечки документ за европските практики за управување со водите кој треба да биде транспониран и во домашната законска регулатива.

Квалификации на кандидатите

Сите експерти (поединечни или како дел од експертските тимови/компании) треба да ги исполнуваат следниве квалификации:

  • Високо образование во бараната тематска област или Работно искуство од најмалку 10 години во бараната област,
  • Биографија/Портфолио со најмалку 3 (претходно) изработени анализи и/или трудови/активности во бараната област,
  • Развиени истражувачки и аналитички способности.

Услови на повикот

На повикот може да аплицираат поединечни експерти и/или оформени тимови и компании.

Заинтересираните кандидати или тимови/компании, кои ги исполнуваат условите, документите треба да ги достават во електронска верзија на е-пошта до [email protected] со назнака  „Пријава за Анализа на влијанијата врз реките и речните живеалишта во НП Маврово и НП Шар Планина “.

Начин на пријавување

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат условите треба да достават:

За физички лица и тимови:

  • Понуда за изработка на анализата, во која ќе се наведе/ат тематската/те област/и за која/и се аплицира наведена во Анекс 1
  • Биографија (CV) со информација за најмалку 3 претходни изработени анализи или трудови од оваа проблематика за секој кандидат кој ќе учествува во изработка на Анализата, односно секој член на тимот, да има проектно искуство кое вклучува апликација на закани според класификацијата на IUCN (Threats Classification Scheme (Version 3.3)) и проектно искуство кое вклучува апликација на закани според класификацијата на Директивата за живеалишта (DG Environment, European Environment Agency (EEA))
  • Финансиска понуда со преглед на трошоци по ставки

За правни лица/компании:

  • Понуда за изработка на анализата, во која ќе се наведе/aт тематската/те област/и за која/и се аплицира наведена во Анекс 1.
  • Портфолио на компанијата со најмалку 3 претходно изработени анализи и/или трудови/активности во бараната област
  • Биографија (CV) со информација за најмалку 3 претходни изработени анализи или трудови од оваа проблематика за секој кандидат кој ќе учествува во изработка на Анализата, односно секој член на тимот
  • Финансиска понуда со преглед на трошоци по ставки
  • Пополнета изјава за незапаѓање во ситуација која е основа за исклучување од учество во набавката (Анекс 2)

За сите прашања, контактирајте нѐ на [email protected]  најдоцна до 11.04.2024 година. Пристигнатите прашања од кој било од заинтересираните понудувачи ќе бидат одговорени и доставени до сите поканети понудувачи и објавени на веб-страницата на Еко-свест под објавата за повикот.

Доставените материјали остануваат во архивата на Еко-свест.

Пoнудите кои ќе пристигнат по наведениот рок или без целосна документација, нема да бидат разгледувани.

Рокови и временска рамка

Повикот е отворен до 19.04.2024 година.

Периодот за изработка на анализата е 3 месеци од склучување на договорот.

Критериум за избор на најсоодветна понуда

По истекот на рокот за пријавување, ќе се креира Комисија од 3 члена, која ќе изврши бодување на пристигнатите понуди.

Кандидатите за секоја тематска област ќе бидат оценувани според следните критериуми:

1. Портфолио на кандидатот (60 бодови);

2. Финансиска понуда (40 бодови).

Вкупно 100 бодови.

Еко-свест ќе ги контактира избраните понудувачи, не подоцна од 7 дена од истекот на периодот за доставување на понуда

Договор ќе биде склучен со кандидатите кои освоиле најголем број бодови во сооднос квалитет на понуда и цена.

Во продолжение деталниот опис на отворениот Повик:

Share This

Share this post with your friends!