Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко – свест официјално стана членка на големото сeмејство нa Meѓународната унија за заштита на природата – International Union for Conservation of Nature (IUCN).

IUCN е најголемата и најразновидна еколошка мрежа во светот, во која членуваат повеќе од 1.400 организации и споделуваат знаење и ресурси 15.000 експерти. Оваа разновидност и експертиза придонесуваат IUCN да е глобален авторитет за следење на статусот на природниот свет како и за креирање на мерките потребни за негова заштита.

Справувањето со климатските промени, загубата на биодиверзитетот и другите глобални предизвици, треба да се решаваат на интегриран начин каде што заштитата на природата ќе ја има централната улога за нивното надминување.

Еко – свест преку зачленувањето во IUCN ќе може да соработува со различни партнери од сите региони во светот, да го проширува своето богато портфолио со активности кои ја комбинираат најновата наука со традиционалното знањење на локалните заедници, и активно да работи на реставрација на деградираните живеалишта, заштита на екосистемите и подобрување на благосостојбата на луѓето.

Share This

Share this post with your friends!