Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ од Скопје во рамки на проект за промоција на статусот на потрошувачи-производители на енергетскиот пазар во Македонија објавува повик за развој  и дизајн на веб-портал со намена да се обезбедат сеопфатни информации до граѓаните за статусот на потрошувач-производител во Македонија.

ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА  

Целта е да се обезбеди централизирана платформа која нуди сеопфатни и достапни информации за сегашните и идните  соларни просумери (потрошувачи-производители) во Република Македонија. Ова вклучува прилагодување на постоечки содржини за предусловите за инсталирање на системи за соларна енергија (фотонапонска електрана – ФНЕ), спецификациите за потребната опрема, методологиите за одредување на оптималната големина на системот, упатствата за проценка на трошоците, барања, документација и процедурите за поврзување на мрежата. Порталот ќе содржи и детални информации за македонското законодавство релевантно за просумерите.

Со создавање на кориснички и информативен ресурс, целта е да се одговори на зголемениот интерес и побарувачка кај македонските граѓани за веродостојни информации за опциите за обновливи извори на енергија – соларната енергија, а со тоа да се поддржи информираното донесување одлуки и да се залага за законодавни реформи кои промовираат интеграција на обновливите извори на енергија и на индивидуално и на ниво на заедница.

ЗАДАЧИ  

Избраниот понудувач треба:

  • Да развие WordPress платформа за веб-порталот за просумери;
  • Да развие визуелно привлечен интефејс со прилагодени графики, икони и илустрации кој ќе одговара на современите дизајнерски текови;
  • Овозможи лесно лесно управување со содржина и интеграција на текст, слики, видеа и документи;
  • Да развие модули за динамичко ажурирање на содржината и известувања;
  • Да подготви и достави техничка документација за креираниот веб-портал и да даде насоки за понатамошно самостојно ажурирање на содржините на веб-порталот од страна на Еко-свест.
  • Да соработува со тимот на Еко-свест во Скопје кој ќе ги обезбеди содржините за порталот.

ВРЕМЕНСКА РАМКА И ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ  

  • Времето на изработка на веб-порталот е не повеќе од 2 месеци од потпишување на договорот, со краен рок на реазлизација не подоцна од 30 ноември 2024 година.
  • Вредноста на договорот не може да надмине 2000 евра во денарска противредност (бруто износ со вклучен ДДВ или со вклучен персонален данок доколку понудувачот е индивидуално лице).

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

При пријавувањето, заинтересираните понудувачи треба да достават: 

  1. За физички лица/консултанти е потребно:
  • Кратка биографија (со соодветни квалификации и видливо искуство во креирање на веб-портали);
  • Портфолио со изработени веб-продукти;
  • Финансиска понуда и временска рамка за реализација;
  • Пополнета потврда за посветеност и Декларација за непостоење судир на интереси за индивидуални и физички лица (Анекс 1)
  • За правни лица е потребно:
  • Професионално портфолио со соодветни референци и изработено проекти.
  • Биографии на персонал кој ќе се ангажира на повикот со соодветни квалификации и искуство.
  • Финансиска понуда и временска рамка за реализација
  • Тековна состојба не постара од 6 месеци
  • Пополнета изјава од понудувач (Анекс 2) за правни лица.

Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.

ПРИЈАВУВАЊЕ  

Понудите треба да бидат доставени најдоцна до вторник, 10 септември 2024 г., до 12:00 часотна еmail: [email protected], со назнака „Пријава за изработка на веб-портал“.

Пристигнатите прашања од кој било од заинтересираните понудувачи ќе бидат одговорени и објавени на веб-страницата на Еко-свест под објавата за повикот. Нецелосни понуди или понуди испратени по предвидениот рок за пријавување нема да бидат земени предвид.

ОЦЕНКА НА ПОНУДИТЕ

Еко-свест ќе формира три-члена комисија со цел избор на најдобар понудувач. Евалуационата комисија ќе го извести само оној кандидат чија понуда ќе биде избрана. Пристигнатите понуди ќе се бодуваат согласно следните критериуми и бодови:

1. Кратка биографија и претходно професионално искуство во дејноста (30 бодови);

2. Портфолио со листа на изработени веб-продукти (30 бодови);

3. Финансиска понуда (40 бодови);

Вкупно 100 бодови. Договор ќе биде склучен со оној кандидат кој освоил најмногу бодови, не подоцна од 15 септември 2024 година.

Повик за изработка на веб-портал

Анекс 1 – Потврда за посветеност и Декларација за непостоење судир на интереси за индивидуални и физички лица

Анекс 2 – Изјава од понудувач

Share This

Share this post with your friends!