Основни информации

Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ во рамки на проектот „ПЕЛАГОНИЈА БЕЗ ЈАГЛЕН“ има потреба да ангажира соработници за организирање на Младинско граѓанско собрание во Битолскиот Регион, со цел поддршка за праведната енергетска транзиција и иницијација на локална и национална дебата за иднината на регионот без употреба на јагленот.

Цел на активноста

Целта на активноста е ангажираната страна да спроведе активности за организирање на Младинското граѓанско собрание во Битола, со цел информирање и едукација на младите за праведната енергетска транзиција. Собранието ќе има за цел да ги дефинира приоритетите на младите за праведната транзиција и, во соработка со Универзитетот во Битола, да се изработи нацрт-концепт за првиот територијален план за праведна транзиција за Пелагонискиот Регион. Концептот ќе биде презентиран на засегнатите страни од општините во Пелагонискиот Регион и на донесувачите на одлуки на централно ниво.

Активностите кои ќе бидат предмет на продукција и реализација треба да бидат копродукција помеѓу Еко-свест и ангажираната страна.

Еко-свест нема да разгледува понуди и предлози во кои активностите не се фокусирани на организирање и спроведување на Младинското граѓанско собрание, или не вклучуваат младинско учество во процесот на информирање и едукација за праведната енергетска транзиција. Понудите треба да бидат насочени кон зголемување на свесноста за негативните ефекти на фосилните горива и промоција на одржливи, обновливи извори на енергија, како и активно вклучување на младите во процесот на креирање на решенија за одржлив развој и праведна транзиција во регионот.

Работни задачи и одговорности на понудувачот

  1. Да организира Младинското граѓанско собрание во Битола, вклучувајќи избор на учесниците (минимум 50 млади луѓе од Пелагонискиот Регион) и обезбедување на сите логистички потреби.
  2. Да обезбеди место за одржување на собранието, како и сите потребни ресурси и материјали за успешно спроведување на активностите.
  3. Да спроведе едукативна работилница, дискусии и интерактивни активности кои ќе се фокусираат на праведната енергетска транзиција и улогата на младите во овој процес.
  4. Да осигура дека сите активности ќе бидат водени од експерти во областа на енергија и одржлив развој.
  5. По завршувањето на собранието, понудувачот ќе биде одговорен за собирање на сите препораки и ставови од учесниците и за изработка на нацрт-концепт за првиот територијален план за праведна транзиција за Пелагонискиот Регион.
  6. Нацрт-концептот треба да ги вклучува конкретните решенија за праведната транзиција, како и предлози за имплементација на истите.
  7. Презентација на нацрт-концептот пред локалните власти, донесувачите на одлуки на централно ниво и други засегнати страни во регионот.
  8. Обезбедување соодветна документација на сите чекори во продукцијата на осмислените активности и предложување соодветен модел за споделување на правата за понатамошна дистрибуција и/или изведба на активностите по некомерцијални и комерцијални услови по завршување на проектот.

Детален преглед со опис на работната задача се наоѓа во Анекс 1 од Повикот.

Временска рамка за доставување на понуда

Краен рок за пријавување е вторник, 13 март 2025 година, до 12:00 часот на електронската адреса: [email protected] , со назнака: Пријава за активности кои вклучуваат младинско учество. Пристигнатите прашања од кој било од заинтересираните понудувачи ќе бидат одговорени и објавени на веб-страницата на Еко-свест под објавата за повикот. Пријавите кои ќе пристигнат по наведениот рок или без целосна документација, нема да бидат разгледувани.

Еко-свест ќе го контактира избраниот понудувач, не подоцна од 7 дена од истекот на периодот за доставување на понуда.

Критериуми за избор на најсоодветна понуда

По истекот на рокот за пријавување, ќе се креира Комисија од 3 члена, која ќе изврши бодување на пристигнатите понуди.

Бодувањето на пристигнатите понуди ќе се изврши на следниот начин:

– Техничка понуда (70 поени)

– Финансиска понуда (30 поени)

Потребна документација за пријавување

Технички дел на понудата:

  1. Предлог активности кои ќе се спроведуваат заедно со краток опис, вклучувајќи го бројот на учесници (млади луѓе од Пелагонискиот Регион) и начинот на нивно вклучување..
  2. Податоци за тимот кој ќе работи на организацијата и спроведувањето на активностите.
  3. Доказ за претходно исто/слично искуство, заедно со референци од истото.
  4. Податоци за контакт на лицето одговорно за пријавата и комуникацијата со Еко-свест.

Финансиски дел на понудата:

  1. Финансиска понуда.
  2. Тековна состојба на правниот субјект кој е носител на понудата, не постара од 6 (шест) месеци.
  3. Пополнета изјава (Анекс 2)

Доставените материјали остануваат во архивата на Еко-свест.

Од избраниот понудувач, освен горенаведените податоци, ќе се побара да достави дополнителна документација која вклучува тековна состојба/потврда за регистрирана дејност на добавувачот; потврда за солвентност/бонитет; завршна сметка за 2023 или 2024 (за правни лица); pотврда/информација од Централен Регистар за забрана за вршење дејност и регистар за казни на правни лица; уверение за платени даноци и придонеси; изјави за доверливост и непостоење на конфликт на интереси од страна на избраниот кандидат (физичко лице) или изјава дека ги исплонува критериуме за учество (правно лице); биографии (CV) на консултантите; листа на референци/портфолио.

Временска рамка за спроведување на активноста

Периодот на имплементација е помеѓу 17 март и 31 јули 2025 година.

Буџет

Максималниот буџет достапен за извршување на горенаведените задачи изнесува 3.000,00 ЕУР (во денарска противвредност според курсот од конверзијата на средствата од примената транша од донаторот) со вклучен ДДВ износ.

Заинтересираните треба да достават понуди во македонски денари, со посебно назначен ДДВ и вкупен износ на понудата. Предложениот буџет треба да биде разложен по клучни ставки од реализацијата. Нема наложен формат за поднесување на буџет и истиот треба да биде предложен од заинтересираните кандидати.

Во предложениот буџет треба да бидат вклучени сите трошоци потребни за целосна реализација, промоција и изведба на активностите, со сите потребни трошоци за сите учесници, без дополнителни трошоци за Еко-свест

Share This

Share this post with your friends!