Еко-свест објавува повик за изразување интерес за консултанти за дизајнирање на интерактивни работилници со локални заедници во Северна Македонија.
Повикот е отворен од 9.05.2025 до 19.05.2025 година.
Заинтересираните консултанти можат да изразат интерес за давање понуда најдоцна до 19.05.2025 година во 17:00 часот по средноевропско време.
Консултантите кои изразиле интерес ќе бидат поканети на консултативна сесија и ќе бидат замолени да достават понуда за извршување на активноста.
Изразувањето интерес треба да се достави во електронска форма на [email protected] Наслов на предметот Изразување интерес Интерактивни онлајн работилници.
Пакетот за изразување интерес вклучува:
- Писмо за изразување интерес
- Професионална биографија
- Изјава (Прилог 2)
Критериуми за консултанти за овој повик:
- Познавање и искуство во System Thinking моделирање
- Искуство со креирање на choice based сценарија
- Искуство со дизајнирање и спроведување на квалитативни истражувања (фокус групи и длабински интервјуа)
Референтните услови за задачата се дадени во Прилог 1 на овој повик.
За било какви прашања, контактирајте го Ѓорѓи Митревски на [email protected]
ПРИЛОГ 1
Основни информации: Во изминатите години, Еко-свест во соработка со Општина Демир Капија постигна значителен напредок во насока на прогласување на заштитено подрачје на територијата на општината.
Еден од најважните чекори во овој процес беше започнувањето на Студијата за валоризација – клучен документ кој го определува природното, културното и економското значење на подрачјето и претставува основа за негово официјално прогласување. Теренските истражувања во рамки на студијата започнаа минатата година и се очекува да бидат завршени до септември оваа година.
Паралелно со овие активности, Еко-свест спроведува иницијативи за информирање и едукација на локалната заедница, со цел подигнување на свеста за придобивките од воспоставувањето на заштитеното подрачје и активно вклучување на граѓаните во неговиот развој.
Дополнително, посебен фокус се става на оспособување и обука на локалното население за искористување на можностите што ги нуди заштитеното подрачје за одржлив економски развој. Преку работилници и обуки се поттикнува развој на зелени бизниси, еко-туризам, традиционални занаети и други иницијативи кои обезбедуваат приходи, а истовремено го штитат природното наследство на регионот.
Локација: Општина Демир Капија
Период за реализирање на активноста: 4 месеци (јуни-септември 2025)
Цел на активноста: Примарната цел на оваа активност е спроведување на иницијативи на локално ниво кои ќе информираат, ќе ја подигнат свеста и активно ќе ја вклучат локалната заедница. Фокусот ќе биде насочен кон работа со претходно идентификувани социјални групи преку серија интерактивни работилници. Целта е учесниците подобро да ја разберат еколошката и економската важност на идното заштитено подрачје. Преку овие активности, сакаме да ја оспособиме заедницата да истражува одржливи деловни можности, да размислува на долгорочни стратегии за економски развој, со истовремено зачувување на биолошката разновидност на подрачјето.
Методологија: Активноста ќе резултира со дизајнирање и спроведување на онлајн интерактивни работилници насочени кон зајакнување на капацитетите на локалната заедница. Работилниците ќе користат пристап заснован на системско размислување (System Thinking Model) и ќе вклучуваат елементи од економијата на однесување и донесување одлуки во услови на ограничени ресурси. Учесниците од целните социјални групи ќе имаат можност да истражуваат одржливи деловни идеи, да дефинираат приоритети за заштита и да развијат стратегии за долгорочен економски напредок, при што ќе се става посебен акцент на зачувувањето на биодиверзитетот.
Активности: Избраниот консултант ќе треба да ги спроведе следниве активности:
- Анализа на достапните документи: Анализата на економските состојби во општина Демир Капија, Анализата на можностите за одржлив развој, Кванитативните истражувања во општина Демир Капија спроведени од Еко-свест, Локален еколошки акциски план за животна средина ЛЕАП 2022-2027 и други.
- Организирање и спроведување на квалитативни истражувања (фокус групи и длабински интервјуа) со идентификуваните целни социјални групи во општина Демир Капија.
- Развивање на сценарија за интерактивни работилници со избраните целни социјални групи со помош на System Thinking моделирање.
- Припрема на алгоритми за интерактивните работилници кои ќе бидат доставени до ангажираната компанија за програмирање.
- Валидирање на програмираните онлајн работилници и припрема на план за нивно реализирање.
- Анализа на записите од спроведените онлајн работилници (анализа на log file-овите) и предлог решенија за понатамошно развивање на постоечките алгоритми.
Најнови коментари