Еко-свест започна со кампања за информирање на јавноста и институциите за потребите од итно донесување на нов Закон за природата.

Проблемот со заштитата на природата постои одамна. Притисокот кој го прават инфраструктурните проекти врз природните предели и вредности е огромен, а сепак ова прашање никогаш не било приоритет. Привилегирани се инвеститорите кои често не ги следат прописите, а граѓаните се оставени сами да ја штитат средината во која живеат.

Сѐ почесто граѓаните сами се обидуваат да спречат штетен инфраструктурен проект бидејќи системот не успеал да идентификува или спречи штета врз природата. Голем удел во ваквата пракса имаат несоодветните законски решенија кои не нудат суштинска имплементација и функционална заштита на терен.

Законот за природа во нова верзија беше подготвен во 2018 година, но никогаш не се усвои. Во меѓувреме се развија голем број на Директиви од европоското законодавство, а и се сменија работите во пракса. Оттука, нов закон за природа во кој ќе се елиминираат нефункционалните аспекти и кој ќе ја унапреди заштитата на природата е потребниопт чекор напред.

Не за Европа, или некој друг. За нас и нашите идни генерации.

НА МАКЕДОНИЈА Ѝ Е ПОТРЕБЕН НОВ ЗАКОН ЗА ПРИРОДАТА ВЕДНАШ!


🌿 Да го заштитиме нашето највредно- реките и езерата, планините и шумите, растенијата и животните.
🌿Новиот Закон за природа не е почеток, тој е следниот клучен чекор за вистинска заштита на природата!
🌿Нашата природа е светско наследство – нејзината заштита е одговорност кон нас и кон светот!
🌿Секое одложување на новиот закон за природа ја ослабува заштита која на природата и е итно потребна!
🌿Владата има одговорност да преземе чекор и да го донесе новиот Закон за заштита на природата!

Share This

Share this post with your friends!