04.05.2026
Локации: Тресонечка Река, Галичка Река (НП Маврово) и река Бистрица (НП Шар Планина)
1. Вовед и цел на повикот
Еко-свест објавува повик за изразување интерес од специјализирана компанија/конзорциум за изведба на теренски реставраторски активности. Наместо традиционални тешки инженерски зафати, овој проект се фокусира на решенија базирани на природата (Nature-based Solutions) со цел обновување на хидроморфологијата, рипариските појаси и влажните живеалишта.
2. Опсег на работа
Избраниот изведувач ќе биде одговорен за спроведување на сите или дел од пакет мерки поделени во неколку клучни категории:
А. Хидроморфолошка реставрација
- Модификација на бариери: Отстранување или техничка адаптација на мали прагови и цевни премини за воспоставување надолжна поврзаност на реките.
- Реобликување на корита: Создавање на riffle-pool секвенци (плитаци и вирови) и воспоставување локални меандри за зголемување на хидрауличката хетерогеност.
- Поплавни тераси: Оформување на мали странични корита (backwaters) и инсет тераси за поврзување на реката со поплавната рамнина.
Б. Биотехнички и био-инженерски мерки
- Инсталација на Large Woody Debris (LWD): Стратешко поставување и закотвување на дрвна маса (стебла, корени) во коритото.
- Стабилизација со живи материјали: Користење на живи фашини, плетени ролни од врбови прачки и снопови од автохтона вегетација наместо бетонски заштити.
- Камени структури: Поставување на камени блокови и дефлектори (rock vanes) за насочување на текот и заштита од ерозија.
В. Обнова на крајречни појаси и GWDTE системи
- Ревегетација: Садење автохтони видови (Alnus, Salix, Populus) во јадрото на крајречната зона (0-10 m).
- Re-wetting (Повторно навлажнување): Затворање на штетни дренажни канали и создавање микро-депресии за задржување на водата во влажните ливади.
Г. Поддржувачки мерки
- Санација на локални жаришта со отпад и чистење на диви депонии.
- Изведба на анти-ерозивни пречки на шумски патишта (cross-drains).
3. Специфични барања и пристап
Изведувачот мора да се придржува до следните принципи:
- Минимален отпечаток: Работа со лесна механизација и рачен труд каде што е потребно за да се заштити постоечката вегетација.
- Локални материјали: Примарно користење на локален камен, дрво и автохтони растенија.
- Фазна имплементација: Спроведување на мерките на приоритетни делници од 1–2 km со можност за идно проширување.
4. Квалификации на понудувачот
- Докажано искуство во нискоградба, хидротехнички зафати или еколошки инженеринг.
- Искуство во работа во заштитени подрачја (предност).
- Располагање со соодветна механизација и стручен кадар (биолози, шумарски или хидро-инженери).
- Активна компанија која е формирана согласно Законите во Република Северна
Македонија, и постои најмалку 3 години. - Најмалку 3 ( три) години професионално работно искуство во доменот на работната задача
5. Потребна документација за пријава
- Профил на компанијата и листа на референтни проекти.
- Писмо за намера: Со назнака за која категорија мерки се пројавува интересот- А, Б, Б или Г (да се наведат сите мерки кои може да ги спроведе понудувачот).
- Потпишана изјава за исполнување на критериумите за доставување писмо за намера и понуда (Анекс 1)
Напомена: Изведбата на овие мерки ќе се врши во тесна соработка со стручниот тим на Еко-свест и управите на НП Маврово и НП Шар Планина.
Доставување на документацијата
Повикот е отворен од 04.05.2026 до 12.05.2026 година.
Заинтересираните компании можат да изразат интерес за давање понуда најдоцна до 12.05.2026 година во 16:00 часот.
Изразувањето интерес треба да се достави во електронска форма на [email protected] . Наслов на пораката Изразување интерес за спроведување на пилот-реставраторски мерки.
Заинтересираните понудувачи може да поставуваат прашања до [email protected] најдоцна до 8 мај 2026.
Пристигнатите прашања од кој било од заинтересираните понудувачи ќе бидат одговорени и објавени на веб-страницата на Еко-свест под објавата за повикот.
Некомплетна документација или документација испратена по предвидениот рок нема да бидат земени предвид.
Доставените материјали остануваат во архивата на Еко-свест.
Критериуми за избор
По истекот на рокот за пријавување, ќе се креира Комисија од 3 члена, која ќе изврши бодување на пристигнатите пријави.
Критериумот за избор на пријавите:
– Искуство на понудувачот и претходно спроведени слични проекти
– Технички капацитет и расположливи ресурси.
Компаниите кои ги исполнуваат критериумите и се избрани од страна на Комисијата ќе бидат поканети да достават финансиска понуда за спроведување на мерки, за кои ќе биде даден детален преглед и опис.
Доверливост
Сите информации кои се поврзани со оценката на понудите нема да бидат споделувани со никој кој не е официјално вклучен во процесот на селекција, дури и по завршување на процесот на избор. Сите податоци ќе се третираат како доверливи и нема да се користат, прибираат, споделуваат за други цели надвор од овој повик и целта на истиот.
Прашање:
Пред се сакаме да изразиме заинтереност за проектот, го разгледавме и линкот, но имаме прашање околу понудата и во кои параметри треба да биде изведена.
Одговор:
Ви благодарам на пораката. Во моментот бараме изразување на интерес, осносно ваше писмо со кое не информирате дека сте заинтересирани за вакви активности и со преглед на типот на активности кои сте во можност да ги реализирате. Ова значи дека во писмото треба да ги наведете категориите на активности кои сметате дека можете да ги реализирате, односно активности од категорија А, Б, В и Г од повикот.