Скопската публика за првпат имаше можност да ја погледне монодрамата „Не денес“ од актерот Марјан Георгиевски, подготвена во соработка со Еко-свест.
Бесплатната изведба на монодрамата се одржа во Паблик рум, на 8 јуни во Скопје.
И покрај тоа што дејствието во монодрамата е тесно поврзано со Битола, и личните гледишта на актерот кој од таму потекнува, публиката во Скопје одлично ја доживеа пораката која оваа монодрама ја носи.
„Се гушиме и молчиме. Главните чинители се летаргични во пристапувањето кон прашањето што не засега сите, а ние едноставно ја прифаќаме нивната рамнодушност без побуна. Јагленот се согорува, јагленот е нашиот тивок убиец, Битола е еден од најзагадените градови во светот, а ние молчиме…Прифаќаме, по цена на живот, облеани со страв, молчиме поради изворот на приходи што ни го носи сулфур диоксидот што го дишеме, но не смееме вака да продолжиме – тоа им го должиме на следните генерации, нагласи Георгиевски.
Водејќи се од лични побуди за состојбата со воздухот во Битола, актерот нагласи дека неговата монодрама е длабока и освестувачка и оти неговата цел била секоја поединец да си ги преиспита постапките и да разбере дека сите ние носиме промени, дека всушност промената започнува од нас, занемарувајќи го постапувањето на другите.
Најнови коментари