Изминативе денови беа исполнети со неверојатна енергија, дружење и една заедничка мисија!

Млади ентузијасти од Вевчани, Струга, Колашин и Ранилуг се собраа во преубавото Штрпце, во самите пазуви на Шар Планина. Нивната цел? Да ги здружат силите, да споделат искуства и да создадат моќни еколошки иницијативи за заштита на нашите реки!

Како се калеше знаењето?

Немаше место за класични и досадни предавања! Преку супер интересни тематски сесии, акција на терен, неформално образование и тимска работа, учесниците „ги засукаа ракавите“. Научија како со практични и аналитички вештини да му застанат на патот на еден од најголемите предизвици – загадувањето на реките.

Работа, но и многу забава!

Покрај сериозните еко-теми, работилницата беше совршена прилика за поврзување. Младите го претставија своето културно наследство, а низ многу смеа, игри и дружење, се родија нови пријателства кои дефинитивно ќе продолжат да траат и по завршувањето на оваа авантура.

Активноста е дел од проектот „We Grow With The Flow – Youth For Rivers“, кој го спроведуваме во партнерство со GAIA Kosovo и Eco-team преку BOOST Balkans програмата, со поддршка од AFD – Agence Française de Développement и ALDA Balkans.

Share This

Share this post with your friends!