ОТВОРЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ КОМПАНИЈА
ОТВОРЕН ПОВИК за ангажирање на компанија за изработка на национална анкета за јавно мислење за климатски промени
Центарот за истражување и информирање за животната средина “Еко-свест” од Скопје, во рамки на проектот „Промовирање на енергетска транзиција во С. Македонија’’ и ,,Да зборуваме за климатски промени’’ има потреба за ангажирање на компанија која би изготвила и спровела:
1.Анкета за јавно мислење за климатски промени.
ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА
Цел на активноста е спроведување на анкета за јавно мислење на репрезентативен примерок со цел добивање релевантни податоци кои ќе бидат искористени за застапување и кампања за ублажување на ефектите од климатски промени и чекори кон нивно прилагодување како и кревање на свесноста кај граѓаните.
ЗАДАЧИ
Избраната компанија треба:
- Да изготви, по насоки од Еко-свест прашалник за спроведување на анкетата.
- Да спроведе репрезентативна, национална анкета за климатски промени во земјава.
- Да изготви графикони со резултатите од спроведената анкета во вид на power point презентација,
- Редовно да комуницираат со лицето за контакт дадено од страна на Еко-свест ВРЕМЕНСКА РАМКА
Периодот за реализација на оваа активност изнесува 30 дена од датумот на потпишување на договорот.
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
При аплицирањето, компаниите треба да достават:
- Краток опис на компанијата,
- Портфолио од претходно изработени анкети,
- Тековна состојба, не постара од 6 месеци и
- Финансиска понуда.
Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.
КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИКАНТИТЕ
Копанијата која аплицира мора да ги исполнуваат следниве критериуми:
- Да е регистрирана согласно Законот за трговски друштва најмаллку 2 (две) години од датумот на објавување на повикот.
- Најмалку 3 (претходно) изработени истражувања или анкети на репрезентативен примерок.
ЕВАЛУАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ
Евалуационата комисија ќе ги извести само оние кандидати чија понуда ќе биде избрана. Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:
- Претходно искуство во спроведувањето на слични активности 70 бодови
- Понудена цена за активноста 30 бодови
Вкупно 100 бодови.
Договор ќе биде склучен со онаа компанија која освоила најголем број бодови.
ПРИЈАВУВАЊЕ
Комплетната понуда, апликантите треба да ја испратат на еmail: [email protected] најдоцна до 9 ноември 2020 г., 16:00 часот со назнака ,,Апликација за анкета за климатски промени’’
Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени предвид.
Повеќе информации можете да добиете на тел. 02 3217 247 или на [email protected]
Најнови коментари