Грижата за јавното здравје мора да е дел од носењето одлуки во енергетската криза
Скопје, 05.11.2022 г. – Последните објавени информации кои се однесуваат на одлуката на АД ЕСМ за тестирање на нови мотори со дизел гориво во топланите Исток и Запад во Скопје по 15 ноември се несериозни и непотребни во услови кога природниот гас е опција како енергенс за овие топлани.
Објавата дека во топланите се инсталирани 10 нови пумпи за дизел кои ќе се тестираат по 10 дена во секоја топлана е краткорочно решение кое е спроведено нетранспарентно, а ќе донесе долгорочни штетни последици по здравјето на граѓаните на Скопје.
Иако веќе втора зима по ред се соочуваме со енергетска криза, одлуките што се носат за нејзино надминување мора да бидат транспаренти и да носат придобивки на долг рок за да не се повтори кризата и наредната година. Заштитата на јавното здравје и животната средина исто така секогаш треба да бидат приоритет во носењето на ваквите одлуки.
Топланите Исток и Запад во моментов имаат дозвола да работат само со природен гас. Воведената промена е целосно различна од нивниот нормален режим на работа и претставуваат создавање нова постројка со сосема нови параметри. Топланите немаат опрема за контрола на емисиите од користење на дизел гориво, немаат ни еколошка дозвола која што овозможува такво нешто, а сега не чека ситуација каде што 20 дена ќе се користи дизел за загревање на Скопје.
„Од почетокот на ноември веќе секојдневно се надминуваат дозволените вредности на загадувањето на воздухот во Скопје, кое во некои денови е и двојно повисоко од дозволеното. Со користењето на дизел во топланите, дури и само во овој тест период, загадувањето уште повеќе ќе се зголеми“, изјави Давор Пехчевски, координатор за енергија во Центарот за истражување и информирање за животна средина Еко-свест.
Веќе постојат технолошко и финансиски лесно достапни алтернативи за загревање на домаќинствата што користат обновливи извори на енергија. Инвестициите мора да се пренасочат во овие технологии за да се добие истиот ефект, но без загадувањето на воздухот. Дополнително, на овој начин ќе се избегнат последиците од енергетската криза на долг рок наместо да остануваме зависни од увоз на скапи и високо загадувачки горива.
Апелираме дека здравјето на граѓаните нема цена, а кризната состојба не е причина да се носат ад хок решенија, посебно кога во моментот цената на гасот паѓа, а го има како енергенс. Во вакви услови нема потреба ниту за тестирање, ниту пренасочување на производството на дизел со што значително ќе се загади воздухот во Скопје. Истовремено, бараме од Владата и институциите транспарентно да ги носат одлуките за надминување на кризата и пошироко да се консултираат за да се изнајдат најдобрите решенија. Финансиските инвестиции треба да служат за енергетска трансформација, а не за навраќање кон застарени, одамна надминати и загадувачки технологии.
За подетални информации и изјави: Кирил Еремовски, координатор за односи со јавноста, 070/355-363;
Проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“ предводен од Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест, во соработка со Македонското здружение на млади правници(МЗМП) и Организација за поврзување на природни вредности и луѓе (CNVP), а финансиски подржан од Владата на Шведска, објавува
ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА
АД-ХОК ГРАНТОВИЗА ЗАСТАПУВАЊЕ
Цел на повикот:
Програмата за доделување на грантови е една од главните елементи на проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“ чија општа цел е силно и живо граѓанско општество што ќе има значајна улога во процесот на декарбонизација, трансформација и обнова на општеството, што би резултирало со чиста животна средина, зелени економии и здрави граѓани во Македонија.
Овој повик има за цел да овозможи одговор на итни акции и приоритетни прашања или проблеми во локалните заедници поврзани со климатската криза.
Право на учество:
На повикот може да се пријават граѓански организации регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации (Сл. Весник 52/10), кои се регистрирани најмалку 2 (две) години пред објавувањето на повикот. Граѓанските организации особено се стимулираат да изградат локални партнерства за спроведување на грантовите.
Времетраење на грантовите:
Ад хок грантовите зазастапување треба да се спроведат во временски период не помал од 4 месеци и подолг од 6 месеци.
Вредност на грантот:
Секој одобрен грант треба да е со вредност до 360.000,00 денари. Ќе бидат доделени до 5 грантови.
Начин на поднесување на пријави:
Пријавите се поднесуваат исклучиво по електронски пат (online) преку електронската платформа за грантови и повици достапна на веб страницата на Еко-свест https://ekosvest.com.mk или на директниот линк: https://ekosvest.azurewebsites.net/
Заинтересираните организации потребно е да креираат кориснички налози (профили) на електронската платформа. За полесно користење на електронската платформа достапно е упатство за користење на самата платформа како и на веб-страницата на Еко-свест.
Рок за доставување на пријавите:
Пријавите се креираат и доставуваат во периодот од отворањето на повикот 27.10.2022 година до неговото затварање до 10.12.2022 година до 23:59 часот.
Пријавите кои нема да бидат комплетирани во овој термин нема да бидат земени предвид.
Информативни сесии:
Во рамки на овој повик ќе бидат организирани четири информативни сесии во следните градови:
03.11.2022 година (четврток) од 12 часот во Офицерски дом Битола;
04.11.2022 година (петок) од 12 часот во хотел Холидеј Ин Скопје;
11.11.2022 година (петок) од 18:00 часот во хотел Гранит, Охрид;
14.11.2022 година (понеделник) од 12:00 часот во Млади хаб, (во рамки на Домот на културата Ацо Шопов) Штип.
Точните локации и времето за секоја од информативните сесии ќе бидат дополнително објавени на веб страницата на Еко-свест и социјалните медиуми.
Дополнителни информации:
Детални информации за повикот за грантови може да се добијат преку Водичот заПрограмата за грантови кој е дел од овој повик, и е објавен на: https://ekosvest.azurewebsites.net/
Сите прашања и дополнителни информации може да се упатат најдоцна до 15.11.2022 година на [email protected]. Одговорите на сите прашања ќе бидат објавени на веб страницата на Еко-свест https://ekosvest.com.mk.
Проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“ предводен од Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест, во соработка со Македонското здружение на млади правници(МЗМП) и Организација за поврзување на природни вредности и луѓе (CNVP), а финансиски подржан од Владата на Шведска, објавува:
ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ГРАНТОВИ
ЗА ЛОКАЛНИ КЛИМАТСКИ АКЦИИ
Цел на повикот:
Програмата за доделување на грантови е една од главните елементи на проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“ чија општа цел е силно и живо граѓанско општество што ќе има значајна улога во процесот на декарбонизација, трансформација и обнова на општеството, што би резултирало со чиста животна средина, зелени економии и здрави граѓани во Македонија.
Со овој повик ќе им се обезбеди на граѓански организации да преземат директни акции во ублажување на последиците од климатските промени на локално или национално ниво и да поттикне синергија и партнерство со локалната власт и бизнис заедницата.
Право на учество:
На повикот може да се пријават граѓански организации регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации (Сл. Весник 52/10), кои се регистрирани најмалку 2 (две) години пред објавувањето на повикот. Граѓанските организации особено се стимулираат да изградат локални партнерства за спроведување на грантовите.
Времетраење на грантовите:
Грантовите за Локални климатски акции треба да се спроведат во временски период подолг од 12 месеци.
Вредност на грантот:
Секој одобрен грант треба да е со вредност до 3.000.000,00 денари. Ќе бидат доделени до 4 грантови.
Начин на поднесување на пријави:
Пријавите се поднесуваат исклучиво по електронски пат (online) преку електронската платформа за грантови и повици достапна на веб страницата на Еко-свест https://ekosvest.com.mk или на директниот линк: https://ekosvest.azurewebsites.net/
Заинтересираните организации потребно е да креираат кориснички налози (профили) на електронската платформа. За полесно користење на електронската платформа достапно е упатство за користење на самата платформа како и на веб-страницата на Еко-свест.
Рок за доставување на пријавите:
Рокот за поднесување на пријавите преку електронската платформа е до 30.11.2022 година до 23:59 часот.
Пријавите кои нема да бидат комплетирани во овој термин нема да бидат земени предвид.
Информативни сесии:
Во рамки на овој повик ќе бидат организирани четири информативни сесии во следните градови:
03.11.2022 година (четврток) од 12 часот во Офицерски дом Битола;
04.11.2022 година (петок) од 12 часот во хотел Холидеј Ин Скопје;
11.11.2022 година (петок) од 18:00 часот во хотел Гранит, Охрид;
14.11.2022 година (понеделник) од 12:00 часот во Млади хаб, (во рамки на Домот на културата Ацо Шопов) Штип.
Дополнителни информации:
Детални информации за повикот за грантови може да се добијат преку Водичот заПрограмата за грантови кој е дел од овој повик и е објавен на: https://ekosvest.azurewebsites.net/
Сите прашања и дополнителни информации може да се упатат најдоцна до 15.11.2022 година на [email protected]. Одговорите на сите прашања ќе бидат објавени на веб страницата на Еко-свест https://ekosvest.com.mk.
Најнови коментари