Во рамки на своите проекти во доменот на енергетиката, Еко-свест објавува повик за изработка и спроведување на јавна кампања за информирање и подигнување на свеста кај граѓаните.

ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА  

Цел на оваа активност е информирање и едукација на граѓаните во земјава за следните теми:

  • Гасот како фосилно гориво и неговото влијание врз животната средина како и економските влијанија од гасификацијата
  • Енергетска ефикасност и мерките кои можат да ги преземат домаќинствата за намалкување на потрошувачката на енергија.
  • Енергетска транзиција со забрзување на искористувањето на обновливи енергетски извори.

Во рамки на кампањата ќе се користат студии, анализи и информации произведени од страна на Еко-свест на соодветната тема.

ЗАДАЧИ  

Избраната компанија треба:

  • Да соработува и да ги следи насоките за изработка и спроведување на кампањата од лицето назначено за комуникација од Еко-свест. Ресурсите и материјалите за изработка на дигиталниот маркетинг план ќе бидат презентирани на избраниот понудувач по потпишување на договорот за соработка;
  • Да изработи дигитален маркетинг план и визуелен идентитет на кампањата во согласност со насоките од нарачателот. Дигиталниот маркетинг план треба да содржи креирање на постови за Фејсбук, Инстаграм и Твитер во временска рамка од 7 месеци, според број на објави предложени од понудувачот;
  • Да обезбеди најмалку 5 ТВ и радио гостувања за Нарачателот на соодветните медиуми и програми.
  • Да овозможи публикување на најмалку 3 авторски текстови (колумни) од страна на Нарачателот во соодветните медиуми и портали.
  • Да понуди слоган и унифицирани пораки за кампањата кои ќе бидат комуницирани во времетраење од 7 месеци;
  • Бројот на објави и креативи не треба да биде помал од 20 оригинални содржини, а истите може да се повторуваат по одредено време, во рамки на вкупното времетрање на кампањата;
  • Да го презентира дигиталниот маркетинг план и визуелен идентитет на кампањата пред нарачателот и да го модифицира во согласност со дадените насоки од нарачателот;
  • Да изработи 3 извештaи за постигнатите резултати и да ги достави на нарачателот. Првиот прогрес извештај да го достави најдоцна до 1 јуни 2023, вториот прогрес извештај најдоцна до 1 август 2023 година и третиот финален извештај до 15 ноември 2023 година.

ВРЕМЕНСКА РАМКА И ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ  

  • Времето на изработка на дигиталниот маркетинг план е 30 (триесет) дена од потпишување на договорот.
  • Времето на спроведување на кампањата е седум месеци по одобрување на дигиталниот маркетинг план.
  • Времето на доставување на извештаите за постигнатите резултати се 1 јуни 2023, 1 август 2023 и 15 ноември 2023 година.
  • Договорот завршува со важност на 25 ноември 2023 година.
  • Вредноста на договорот не може да надмине 8800 евра во денарска противредност (бруто износ со вклучен ДДВ).

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

При пријавувањето, заинтересираните понудувачи треба да достават: 

  1. Краток опис на компанијата; 
  2. Портфолио со сработени кампањи за дигитални медиуми со посебен осврт на теми од енергетика, животна средина и климатски промени;
  3. Професионални биографии(CV-a) на лица од тимот кој ќе работи на кампањата;
  4. Тековна состојба oд субјектот не постара од 6 месеци; 

4.   Финансиска понуда по ставки (согласно урнекот во Анекс 1).

Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма. 

ИЗБОР НА ПОНУДУВАЧ

Еко-свест ќе формира 3 члена комисија со цел избор на најдобар понудувач.

Пристигнатите понуди ќе се бодуваат согласно следните критериуми и бодови:

  1. Опис и портфолио максимум 30 бодови
  2. Тим на кампањата максимум 30 бодови
  3. Понудена цена за кампањата максимум 40 бодови

КРИТЕРИУМИ ЗА ПОНУДУВАЧИТЕ:

Активна компанија која е формирана согласно Законите во Република Северна Македонија, и постои најмалку 4 години.  

ПРИЈАВУВАЊЕ  

Комплетната понуда, апликантите треба да ја испратат на еmail: [email protected] најдоцна до 28 февруари 2023 г., 16:00 часот, со назнака Апликација за изработка и спроведување на кампања.

Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени во предвид.

Еко-свест ќе го извести само понудувачот чија понуда е избрана и со него ќе склучи договор.

Анекс 1

Финансиска понуда

 СтавкаЦена со ДДВДДВ износ
1Изработка на дигитален маркетинг план во согласност со насоките од нарачателот   
2Изработка на визуелен идентитет на кампањата  
3Спроведување                на          кампања                на дигиталните и традиционалните медиуми во времетраење од седум месеци   
4Изработка на извештај за постигнатите резултати   
ВКУПНО  

Share This

Share this post with your friends!