Во рамки на своите проекти во доменот на енергетиката, Еко-свест објавува повик за изработка и спроведување на јавна кампања за информирање и подигнување на свеста кај граѓаните.
ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА
Цел на оваа активност е информирање и едукација на граѓаните во земјава за следните теми:
- Гасот како фосилно гориво и неговото влијание врз животната средина како и економските влијанија од гасификацијата
- Енергетска ефикасност и мерките кои можат да ги преземат домаќинствата за намалкување на потрошувачката на енергија.
- Енергетска транзиција со забрзување на искористувањето на обновливи енергетски извори.
Во рамки на кампањата ќе се користат студии, анализи и информации произведени од страна на Еко-свест на соодветната тема.
ЗАДАЧИ
Избраната компанија треба:
- Да соработува и да ги следи насоките за изработка и спроведување на кампањата од лицето назначено за комуникација од Еко-свест. Ресурсите и материјалите за изработка на дигиталниот маркетинг план ќе бидат презентирани на избраниот понудувач по потпишување на договорот за соработка;
- Да изработи дигитален маркетинг план и визуелен идентитет на кампањата во согласност со насоките од нарачателот. Дигиталниот маркетинг план треба да содржи креирање на постови за Фејсбук, Инстаграм и Твитер во временска рамка од 7 месеци, според број на објави предложени од понудувачот;
- Да обезбеди најмалку 5 ТВ и радио гостувања за Нарачателот на соодветните медиуми и програми.
- Да овозможи публикување на најмалку 3 авторски текстови (колумни) од страна на Нарачателот во соодветните медиуми и портали.
- Да понуди слоган и унифицирани пораки за кампањата кои ќе бидат комуницирани во времетраење од 7 месеци;
- Бројот на објави и креативи не треба да биде помал од 20 оригинални содржини, а истите може да се повторуваат по одредено време, во рамки на вкупното времетрање на кампањата;
- Да го презентира дигиталниот маркетинг план и визуелен идентитет на кампањата пред нарачателот и да го модифицира во согласност со дадените насоки од нарачателот;
- Да изработи 3 извештaи за постигнатите резултати и да ги достави на нарачателот. Првиот прогрес извештај да го достави најдоцна до 1 јуни 2023, вториот прогрес извештај најдоцна до 1 август 2023 година и третиот финален извештај до 15 ноември 2023 година.
ВРЕМЕНСКА РАМКА И ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ
- Времето на изработка на дигиталниот маркетинг план е 30 (триесет) дена од потпишување на договорот.
- Времето на спроведување на кампањата е седум месеци по одобрување на дигиталниот маркетинг план.
- Времето на доставување на извештаите за постигнатите резултати се 1 јуни 2023, 1 август 2023 и 15 ноември 2023 година.
- Договорот завршува со важност на 25 ноември 2023 година.
- Вредноста на договорот не може да надмине 8800 евра во денарска противредност (бруто износ со вклучен ДДВ).
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
При пријавувањето, заинтересираните понудувачи треба да достават:
- Краток опис на компанијата;
- Портфолио со сработени кампањи за дигитални медиуми со посебен осврт на теми од енергетика, животна средина и климатски промени;
- Професионални биографии(CV-a) на лица од тимот кој ќе работи на кампањата;
- Тековна состојба oд субјектот не постара од 6 месеци;
4. Финансиска понуда по ставки (согласно урнекот во Анекс 1).
Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.
ИЗБОР НА ПОНУДУВАЧ
Еко-свест ќе формира 3 члена комисија со цел избор на најдобар понудувач.
Пристигнатите понуди ќе се бодуваат согласно следните критериуми и бодови:
- Опис и портфолио максимум 30 бодови
- Тим на кампањата максимум 30 бодови
- Понудена цена за кампањата максимум 40 бодови
КРИТЕРИУМИ ЗА ПОНУДУВАЧИТЕ:
Активна компанија која е формирана согласно Законите во Република Северна Македонија, и постои најмалку 4 години.
ПРИЈАВУВАЊЕ
Комплетната понуда, апликантите треба да ја испратат на еmail: [email protected] најдоцна до 28 февруари 2023 г., 16:00 часот, со назнака Апликација за изработка и спроведување на кампања.
Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени во предвид.
Еко-свест ќе го извести само понудувачот чија понуда е избрана и со него ќе склучи договор.
Анекс 1
Финансиска понуда
| Ставка | Цена со ДДВ | ДДВ износ | |
| 1 | Изработка на дигитален маркетинг план во согласност со насоките од нарачателот | ||
| 2 | Изработка на визуелен идентитет на кампањата | ||
| 3 | Спроведување на кампања на дигиталните и традиционалните медиуми во времетраење од седум месеци | ||
| 4 | Изработка на извештај за постигнатите резултати | ||
| ВКУПНО |
Најнови коментари