Еко-свет како дел од проектот „Поддршка на одржливо управување со Споменикот на Природа Вевчански Извори” финансиран од Prespa Ohrid Nature Trust, во текот на 2024 година спроведе истражување на здравствената состојба на питомиот костен во Споменикот на Природа Вевчански Извори, на планината Јабланица.

Истражувањето кое опфати теренски и лабараториски активности, беше спроведено од страна на проф. д-р Кирил Сотировски и доц. д-р Михајло Ристески од Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем” во Скопје.

Клучна цел на активноста беше за цел да се процени здравствената состојба на питомиот костен во Споменикот на природа Вевчански извори, со посебен осврт на последиците предизвикани од болеста „рак по костенот“, односно од габичката Cryphonectria parasitica, и во зависност од состојбата да се предложат соодветни мерки за подобрување на состојбата.
Подетално, во рамките на истражувањето се спроведени следните активности:

  • Идентификација, оценка и детален опис на моменталната здравствена состојба на питом
    костеновите сте
  • Собрани се примероци кора од активни и пасивни рак-рани заради изолација на габата и за
    лабораториски истражувања;
  • Одреден в-к тип на добиените изолати in vitro;
  • Одредено присуство на хиповирулентност, и степен/процент на присуство на хиповирулентни
    изолати;
  • Изготвена интерактивна карта (мапа) со локација на одделни стебла, и претставување на важни податоци за секое стебло (опис, димензии, мерки и други забелешки), заради идни апликативни и научно-истражувачки активности;

Исто така, како дел од активноста изработено е и Едукативното видео кое ги нагласува најважните аспекти на заштитата на шумите од питом костен и нивното значење, како и Едукативна брошура “Многубројните вредности на питомиот костен“.

Извештај

Share This

Share this post with your friends!