Центарот за истражување и информирање за животна средина „Еко-свест“ од Скопје, во рамки на проектот „Патоказ на Зелената Агенда – Овластување на граѓанското општество да го поддржи развојот на климатски неутрални и отпорни економии во Западен Балкан“, поред Договор за грант бр. ИПА III/2024/ 458-714, поддржан од Европската Комисија, а реализиран од Белградската отворена школа и Еко-свест, има потреба од ангажирање на консултант за подготовка на обука на теми поврзани со општинските планови за декарбонизација, имплементација и мониторинг на локалните планови за енергија и клима и реализација на обуката на подготвените теми, соодветно адаптирани за претставниците на локалните самоуправи, на четири (4) различни локации низ Македонија.
ЦЕЛИ И ОЧЕКУВАЊА ОД АКТИВНОСТА
Општата цел на проектот, кон која придонесува и оваа активности, е да се поддржи инклузивната демократизација и партиципативното спроведување на реформите во животната средина во процесот на приближување кон ЕУ на Западен Балкан.
Специфичната цел е да се зајакне соработката, разбирањето и влијанието на граѓанските организации врз имплементацијата на Зелената агенда за климатски неутрални и климатски отпорни економии на Западен Балкан.
Целта на оваа активност е да се зајакнат капацитетите на претставниците на локалните самоуправи за нивно активно учество во процесите на донесување одлуки поврзани со имплементацијата на акцискиот план за Зелена агенда за Западен Балкан. Предложените теми треба да се поврзани со општинските планови за декарбонизација, имплементација и мониторинг на локалните планови за енергија и клима.
Очекуваните резултати од обуката треба да придонесат кон: продлабочено разбирање меѓу локаните самоуправи, заедно со граѓаните и медиумите, за предизвиците и можностите во зелената транзиција на Македонија и регионот; зајакнат капацитетот на локалните самоуправи од Македонија да се вклучат и да се залагаат за инклузивна имплементација на Зелената агенда; и капитализирање на можностите за меѓусебна соработка меѓу локалните самоуправи и граѓанските организации во спроведувањето на Зелената агенда.
ЗАДАЧИ НА КОНСУЛТАНТОТ
Избраниот консултант ќе треба да ги реализираат следниве задачи, во блиска координација со проектниот тим на „Еко-свест“:
1. Подготвителна фаза и развој на методологија
- Почетен состанок: Учество на координативен состанок со проектниот тим за дефинирање на динамиката, целните општини и клучните фокус-точки на обуките.
- Кратка анализа на потребите и контекстот: Преглед на постојните локални планови за енергија и клима (SECAP/планови за декарбонизација) во Македонија за да се осигура дека содржината е реална и применлива.
- Развој на методологија и програма (курикулум): Изработка на детална концептуална рамка и методологија за интерактивна обука прилагодена за возрасни (интерактивни вежби, групна работа, дискусии).
2. Изработка на едукативни материјали и дневен ред
- Конципирање на дневен ред: Изработка на предлог-агенда за еднодневна обука (максимум 4 часа) која ќе вклучува теоретски дел (Зелена агенда, декарбонизација) и практичен дел (мониторинг, подготовка на проекти, соработка со граѓански сектор).
- Подготовка на презентации и материјали за учесниците: Изработка на визуелни презентации (PowerPoint), практични примери (case studies), список со насоки или чек-листи за општините кои ќе им послужат и по завршување на обуката.
- Алатки за евалуација: Изработка на прашалници за пред-тестирање и пост-тестирање на знаењето на учесниците, како и формулар за оценка на квалитетот на обуката.
3. Реализација на обуките
- Фасилитација и испорака на 4 обуки: Успешно водење и презентирање на подготвените модули на 4 еднодневни обуки (не подолги од 4 работни часа) на 4 различни локации во Македонија за претставници на локалните самоуправи.
- Управување со групната динамика: Обезбедување на партиципативна атмосфера, поттикнување на дискусија и олеснување на мрежното поврзување меѓу присутните учесници.
4. Евалуација и финално известување
- Анализа на резултатите: Анализа на пополнетите пред/пост-тестови и евалуациски листови од учесниците.
- Изработка на Финален извештај: Подготовка на сеопфатен извештај од одржаните обуки на македонски јазик, кој ќе содржи:
- Преглед на реализираните активности и профил на учесниците;
- Сумарен приказ на научените лекции и стекнатите знаења (базирано на тестовите);
- Идентификувани предизвици со кои се соочуваат општините во спроведувањето на Зелената агенда;
- Конкретни препораки за следни чекори и идни активности на „Еко-свест“ за поддршка на локалните самоуправи.
ВРЕМЕНСКА РАМКА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДА
Периодот за изразување на интерес за учество на повикот е 7 дена од објавување на отворениот повик, до 10.08.2026.
ВРЕМЕНСКА РАМКА И ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ
Периодот на реализација на активноста е 3 (три) месеци од датумот на потпишување на договорот, но не подоцна од 31 октомври 2026 година. Треба да се понуди распоред на обуките со предлог на 4 локации за опфат на што поголем број на општини и претставници на локалната самоуправа. Еко-свест го задржува правото да предложи Општини кои треба да учествуваат на обуките и локации каде што може да се организираат обуките.
Вкупниот буџет за реализација на 4 обуки со вклучена подготовка и известување изнесува не повеќе од 1600 ЕУР бруто со вклучен данок.
КРИТЕРИУМИ ЗА КАНДИДАТИТЕ
Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве критериуми:
- Завршено високо образование (или повисоко) во релевантна област.
- Најмалку 5 години професионално работно искуство во областа декарбонизација, енергетска трансформација и праведна транзиција, со искуство во работа со општинска администрација.
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
Кандидатите треба да достават:
- Биографија (CV) со детален опис на стручноста и релевантното искуство.
- Техничка понуда со методологија, предлог дневен ред за обуката предлго локации и датуми за организирање на обуките)
- Финансиска понуда во МКД (бруто износ со вклучен данок).
- Пополнета изјава (Анекс 1– Декларацијата за немање на судир на интереси)
Целокупната документација се доставува во електронска форма на македонски јазик.
ОЦЕНКА НА КАНДИДАТИТЕ
По истекот на рокот за пријавување, ќе се формира три-члена комисија, која ќе изврши бодување на пристигнатите понуди.
Комисијата ќе го контактира само оној кандидати кој ќе биде избран на повикот. Оценувањето ќе се врши според следниве критериуми:
Биографија и претходно искуство: 40 бодови
Техничка понуда: 40 бодови
Понудена цена за ангажманот: 20 бодови
Вкупно: 100 бодови
Договорот ќе биде склучен со кандидатот кои ќе освои најголем број бодови.
Еко-свест ќе гo контактира избраниот понудувач, не подоцна од 7 работни дена од истекот на периодот за доставување на понуда. Во рок од 3 дена од донесувањето на Одлуката, Еко-свест ги информира сите понудувачи за исходот од постапката. Понудувачите имаат право да поднесат Приговор во врска со постапката во рок од 3 календарски дена.
ПРИЈАВУВАЊЕ
Комплетната понуда, изјавување интерес и изјава, понудувачите треба да ја испратат на еmail: [email protected] најдоцна до 10.08.2026 година до 16:00 часот со назнака: Подготовка и реализација на обуки за општини (име на понудувачот).
Пристигнатите прашања од кој било од заинтересираните понудувачи ќе бидат одговорени и доставени до сите поканети понудувачи и објавени на веб-страницата на Еко-свест под објавата за повикот.
Некомплетни понуди и понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени предвид. Повеќе информации или прашања можете да поставите на [email protected].
Еко-свест ќе бара од избраниот понудувач пред склучување на договор за соработка да ја достави следната документација: потврда/информација од Централен Регистар за забрана за вршење дејност и регистар за казни на физички лица; изјави за доверливост и непостоење на конфликт на интереси од страна на избраниот кандидат (физичко лице) (Анекс-1); биографија (CV) на консултантот.
ДОВЕРЛИВОСТ
Сите информации кои се поврзани со оценка на понудите нема да бидат споделувани со никој кој не е официјално вклучен во процесот на избор, дури и по завршување на процесот на избор. Сите податоци ќе се третираат како доверливи и нема да се користат, прибираат, споделуваат за други цели надвор од овој повик и целта на истиот.
Најнови коментари