Користете ги правните алатки и механизми за заштита на животната средина (2019)

Автори: Ана Чоловиќ - Лешоска, Александра Бујароска

Опис: Овој прирачник е посветен на националните и меѓународните граѓански организации и активисти, коишто цврсто и непоколебливо се борат за зачувување на последните слободни реки на Балканот. Тој ќе ве води чекор по чекор низ нашата борба против хидроенергетските проекти во националниот парк „Маврово”. Потоа, ќе даде соодветно објаснување на правните алатки коишто беа употребени со цел зачувување на еден од најстарите национални паркови во Европа.

Practice-your-environmental-rights-legal-tools-and-mechanisms-Get-you-inspired-by-the-story-of-Mavrovo-National-park-and-save-your-rivers.pdf

Прирачник за мониторинг на клучните видови флора и фауна и типови живеалишта (2019)

Автор: Биљана Стевановска

Опис: Многу е важно да се напомене дека овој Прирачник за мониторинг на видови флора и фауна и на типови живеалишта претставува прв обид за систематизирање на едно место на процедурите и методите за следење (мониторинг) на конзервацискиот статус, состојбите и промените при надворешно влијание, на живеалиштата и видовите во заштитеното подрачје. Насоките за следење во прирачникот се изработени врз основа на достапната домашна и странска литература, од повеќе научни трудови, како и врз основа на досегашното практично и теренско
искуство на ангажираните автори. 

Енергија и извори на енергија за 4, 5 и 6 одделение (2018)

Енергија и извори на енергија за 4, 5 и 6 одделение (2018)

Енергија и извори на енергија за 4, 5 и 6 одделение (2018)

Енергија и извори на енергија за 4, 5 и 6 одделение (2018)

Автори: Светлана Пејовик, Фросина Ангелова

Опис: Енергијата не може ниту да се создаде ниту да се уништи. Таа само преминува од една форма во друга и овој процес се случува постојано. Односно, храната што ја јадеме содржи хемиска енергија која организмот ја складира сè додека не се јави потреба да започнеме со некое дејство или работа. Тогаш истата преку процесите на согорување ќе се ослободи и може да претвори во топлинска или друг вид енергија која понатаму можеме да ја искористиме за различна намена. Сите форми на енергија се зачувуваат на различни начини и ни претставуваат извори на енергија кои ние секојдневно ги користиме. Овие извори се поделени во две групи – обновливи извори (извори на енергија кои може да се користат одново и одново) и необновливи (извори на енергија кои се искористуваат и не може да се обноват во краток временски период).

Енергија и извори на енергија за 7, 8 и 9 одделение (2018)

Енергија и извори на енергија за 7, 8 и 9 одделение (2018)

 Енергија и извори на енергија за 7, 8 и 9 одделение (2018)

Енергија и извори на енергија за 7, 8 и 9 одделение (2018)

Автори: Светлана Пејовик, Фросина Ангелова

Опис: Способноста да се случат работите е тоа што можеме да го наречеме енергија. Енергијата овозможува да се движат автомобилите по патиштата, но исто така и авионите да летаат. Таа ни помага да ја слушаме омилената музика на радио, ги загрева нашите соби и ги осветлува нашите домови. Енергија им е потребна на нашите тела и ни овозможува да растеме и да се движиме. Речиси сè што поседуваме и користиме работи на енергија. Енергијата има повеќе различни форми, се содржи во различни предмети и истата може да се измери.

Екосистем за 4, 5 и 6 одделение (2018)

Екосистем за 4, 5 и 6 одделение (2018)

Екосистем за 4, 5 и 6 одделение (2018)

Екосистем за 4, 5 и 6 одделение (2018)

Автори: Светлана Пејовик, Фросина Ангелова

Опис: Во еден екосистем, секој организам е особено важен и игра посебна улога. Вообичаено, живите членови на даден екосистем, заедно со постоечките неживи фактори (вода, светлина, температура, влажност, атмосфера, и почва) меѓусебно зависат едни од други. Ова значи дека отсуството на еден член или еден од надворешните фактори, дури и ако нам ни изгледа мал и неважен, може да влијае на сите членови на екосистемот.