Коалиција граѓански организации поднесе официјално барање до Град Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање за:

  • Обезбедување целосна транспарентност и јавни консултации во постапката за обновување на А-интегрираната дозвола.
  • Организирање на јавна расправа, согласно чл. 100 ст. 4 од Законот за животната средина, со оглед на тоа што крајниот рок за поднесување барање за обновување на дозволата од страна на операторот беше 12.03.2026 година.

Барањето е втемелено на уставното право на здрава животна средина, а целта е активно учество на јавноста со предлог мерки. Новата дозвола мора целосно да ги опфати ЕУ стандардите и најдобрите расположиви техники (BAT), имајќи го предвид кумулативното влијание на „ТИТАН УСЈЕ“ врз аерозагадувањето во Скопје.Организациите очекуваат надлежните институции да го почитуваат ова како официјално барање за јавна расправа и да обезбедат транспарентен процес во интерес на заштита на здравјето на луѓето и животната средина.

Министерот за животна средина и просторно планирање во текот на вчерашниот ден објави дека ќе организира јавна расправа за обновата на А инегрираната дозвола за Усје и притоа додаде дека „Граѓанскиот сектор е важен партнер во напорите за заштита на животната средина. А токму преку транспарентни процеси може да се изгради доверба во институциите и да се обезбедат одржливи решенија во интерес на граѓаните“.

Share This

Share this post with your friends!