Европската комисија во 2020-тата година го востанови Европскиот климатски пакт[1] – иницијатива на ниво на Европската унија којашто ги повикува граѓаните, здруженијата и организациите да се ангажираат во борбата против климатските промени и градењето на позелена Европа. Климатскиот пакт е дел од Европскиот зелен план и е замислен како платформа којашто ќе им овозможи на сите да споделуваат информации, да дебатираат, активно да учествуваат во решавање на климатската криза и да се приклучат кон движењето за заштита на климата којашто се повеќе добива на значење во Европа.
Европската комисија уште во 2019-тата го започна Европскиот зелен план за транзиција на ЕУ во праведно, здраво, одржливо и просперитетно друштво, како и подобар однос кон природата така што ќе можеме во наследство да оставиме поздрава планета. Комисијата воведува политика и прописи потребни за систематски промени, но решенијата опишани во зелениот план можат да дадат конкретни резултати само ако сите се вклучат и го дадат својот активен придонес.
Целта е Европскиот климатски пакт да ги обедини сите оние кои сакаат да преземат нешто за доброто на планетата. Намерата е да им се помогне на сите во европската заедница да дадат придонес во секојдневниот живот, да им дадат прилика активно да се вклучат во зелената транзиција и да се инспирираат еден со друг затоа што секој од нас може да преземе нешто во борбата против климатските промени и сите можеме да дадеме определен придонес. Европскиот климатски пакт им овозможува на луѓето од сите професии да се поврзат и колективно да развиваат и спроведуваат решенија за климатските промени, од најмалите до најголемите. Ако разменуваме идеи и се инспирираме еден со друг, колективното влијание ќе биде неколкукратно поголемо. Пактот е отворена, инклузивна и растечка иницијатива за заштита на климата. Регионите, локалните заедници, индустријата, школите и цивилното друштво се поканети да разменуваат информации во врска со климатските промени и уништувањето на животната средина, како и во врска со тоа како се снаоѓаат со овие проблеми коишто ни ја загрозуваат егзистенцијата. Со работата на интернат платформите, како и со дијалогот и размената на мислења со граѓаните се поттикнува поврзување на дигиталната и зелена транзиција. Во духот на Европскиот зелен план, Комисијата како институција исто така е посветена на тоа да дава примери и да стане климатски неутрална до 2025-тата година.
Комисијата отвори повик за поединци и организации да станат амбасадори на климатскиот пакт кој со личен пример ќе ја мотивираат својата заедница да се ангажира за заштита на климата. Во почетната фаза приоритет се мерките поврзани за четири област кои донесуваат непосредна корист не само за климата и животната средина, туку и за здравјето и благосостојбата на граѓаните: зелени површини, зелена мобилност, енергетски ефикасни згради и зелени вештини. Степенот на активностите на пактот ќе се зголемува согласно со растот на бројот на учесници, а предвидени се и годишни средби на коишто учесниците ќе можат да го споделат своето знаење и искуство.
Климатската криза не е проблем со којшто допрва треба да се соочиме. Со своето делување веќе ја променивме климата на Земјата и ги деградиравме поголемиот број екосистеми. Ефектите од климатските промени воопшто не се наивни: суши, шумски пожари, олуји, поплави и останати екстремни временски услови глобално се во пораст. Промените ќе бидат уште порадикални, а последиците подраматични доколку веднаш не се намали еколошкиот притисок.[2]
За повеќе информации во врска со Европскиот климатски пакт посетете го линкот
https://europa.eu/climate-pact/about_hr
[1] www.europa.eu/climate-pact
[2] “Overview of natural and man-made disaster risks the EU may face”, во врска со тоа како државите членки и ЕУ проценуваат и решаваат ризици, вклучувајќи ги климатските промени. Механизмот на Унијата за цивилна заштита помага во координација на помошта за државите членки во вонредни ситуации: https://ec.europa.eu/echo/what/civil-protection/european-disaster-risk-management_en
Најнови коментари