Вчера во Тетово се одржа првата Консултативна средба во рамки на проектот „Заштита на реките преку воспоставување на мониторинг и практики за обновување на речните живеалишта во заштитени подрачја“, кој е финансиран од ПОНТ, а го спроведува Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест, во соработка со НП Шар Планина и НП Маврово.
Во рамките на проектот започна изработката на „Анализа на влијанијата врз реките и речните живеалишта во националните паркови“ со која ќе се изврши идентификување, документирање и категоризирање на заканите врз реките и речните екосистеми и ќе се изготват предлог препораки и мерки за справување и надминување на предизвиците.
Со цел идентификување на предизвиците и притисоците врз реките и речните екосистеми на територијата на НП Шар Планина, на консултативната средба беше одржана работилница предводена од експертски тим на која учествуваа претставници на НП Шар Планина, Државниот инспекторат за животна средина, АД ЕСМ, производителите на електрична енергија од мали хидроцентрали, јавните претпријатија за водоснабдување, локалните самоуправи, локалните заедници, планинарските друштва и останатите чинители кои се присутни на територијата на НП Шар Планина.
Следната консултативна средба ќе се одржи на крајот на јуни во НП Маврово.
Најнови коментари