Еко-свест на 9 јуни одржа тркалезна маса на тема „Постојни механизми за раскинување на концесии за мали хидроцентрали во заштитени подрачја“. Преку дискусија со претставници на релевантните институции беа утврдени следни чекори за понатамошна соработка и координација во делот на заштита на природните богатства, пред се преку утврдување на процесите за раскинување на концесии за инфраструктурни проекти во заштитени подрачја.
Правната анализа ја подготви проф. др. Игор Камбовски, кој истакна дека за раскинување на доделените и планираните концесии е потребен систематски пристап кој ќе го подигне нивото на заштита на природата во националните паркови и другите заштитени подрачја.
Беа предложени три сценарија, како што се спогодбеното раскинување преку арбитража, еднострано раскинување на договорот доколку е утврдено дека концесионерот не се придржувал до обврските од договорот или со инспекциски надзор е утврдена битна повреда на обврските од концесионерот. Анализата дополнително нуди препораки за измена на законското уредување во Законот за животна средина, Законот за заштита на природата и Законот за водите.
Целото прес соопштение за темата на тркалезната маса е достапно на следниот линк:



Најнови коментари