Зелената агенда за Западен Балкан е нова стратегија за раст на овој регион којшто преоѓа од традиционалниот модел на одржлива економија во согласност со Европскиот зелен план. Со потпишувањето на Декларацијата за Зелена агенда, земјите од Западен Балкан се обврзаа на Самитот во Софија на 10. Ноември 2020 дека ќе спроведуваат мерки во областа на спречување на климатските промени и загадувањето, развојот на енергија, сообраќајот и циркуларната економија, како и развојот на биодиверзитетот, одржливото земјоделство и производството на храна. Поконкретно, се работи за низа препораки:
- ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА, ЗАШТИТА НА КЛИМАТА – Западниот Балкан е регион којшто е многу погоден од климатските промени што побарува намалување на емисиите на гасови со ефект на стаклена градина и зголемување на отпорноста на влијанието на климатските промени. Партнерите од овие региони ќе бидат поддржани во согласност со новото европско законодавство во правец на намалување на емисиите на CO2 по пат на квоти и механизми за одредување на цената на јагленот. Поради исклучително високата зависност од јагленот, транзицијата кон чисти и обновливи извори на енергија е неопходна. ЕУ особено ќе поттикнува модели на транспорт коишто во помала мера ја загадуваат животната средина, како што е случајот со железничкиот транспорт.
- ТРАНЗИЦИЈА КОН ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА – Транзицијата кон циркуларна економија е клуч којшто ЕУ и Западниот Балкан гарантираат зелена транзиција. ЕУ ќе го поддржи Западниот Балкан во развој на стратегија за подобрување на одржливото производство на суровини, спречување, намалување, рециклирање и управување со отпадот, земајќи го во предвид целокупниот животен циклус на производите. Исто така, финансиски ќе биде поддржан развојот на регионалниот договор во спречување на загадувањето со пластика, особено морскиот отпад.
- НАМАЛУВАЊЕ НА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОЗДУХОТ, ВОДИТЕ И ЗЕМЈИШТАТА – Загаденоста на воздухот на подрачјето на Западен Балкан е на највисоко ниво во Европа и има директно влијание на здравјето на населението. ЕУ ќе пружи помош за регионот во ускладување со стандардите на ЕУ кога се во прашање квалитетот на воздухот и водите, како и управување со отпадните води. Ова вклучува современ мониторинг и понатамошни вложувања на ова поле.
- ОДРЖЛИВО ЗЕМЈОДЕЛСТВО И ПРЕХРАМБЕНО ПРОИВОДСТВО – Земјоделството и сродните активности изнесуваат околу 10% од БДП на Западниот Балкан. ЕУ ќе ја зголеми поддршката за одржливиот развој на руралните области, помагајќи ги земјоделско-прехрамбените гранки со цел да се овозможи поголем квалитет и безбедноста на храната, намален отпад, унапредена усогласеност со стандардите на ЕУ во областите на безбедноста на храната и благосостојбата на животните и промовирање на еколошко прифатливо и органско производство.
- ЗАШТИТА НА БИОДИВЕРЗИТЕТОТ И ЕКОСИСТЕМИТЕ – Подрачјето на Западен Балкан изобилува со богатство од живеалишта и врсти коишто треба да се заштитат и зачуваат за следните генерации. ЕУ ќе пружи поддршка за регионот во развој и имплементација на Акциониот план за биодиверзитет на Западниот Балкан, како и на Планот за реставрација на шумскиот потенцијал.
На споменатиот Самит во Софија којшто ги собра највисоките државни претставници, покрај Декларацијата за Зелена агенда потпишана е и Декларација на лидерите на Западен Балкан во врска со заедничкиот регионален пазар, којашто треба да придонесе за економскиот раст, но и еколошкиот развој на регионот.
Извор:
https://ec.europa.eu/neighbourhood-enlargement/sites/default/files/factsheet_wb_green_agenda_en.pdf
Најнови коментари