• Детален акционен план за зајакнување на циркуларната економија и вложување во еколошки прифатлива технологија,
  • Поттикнување на индустријата за иновации со цел развој на еколошки прифатлив индустриски сектор и создавање на зелени работни места,
  • Преглед и доколку е потребна ревизија на сите релевантни климатски политики, вклучувајќи го и Системот за тргување со емисии (Emissions Trading System),
  • Стратегија „од поле до маса” којашто ќе се фокусира на начинот на производство на храната и со самото тоа ќе делува стимулирачки на земјоделците да користат што е можно повеќе еколошки системи за производство со најнизок степен на загадување на околината,
  • Декарбонизација на енергетскиот сектор преку ревизија на Директивата за оданочување на енергија (Energy Taxation Directive) којашто подразбира субвенции за фосилните горива и ослободување од данок, особено во транспортниот сектор, како и воведување на чисти, евтини и здрави форми на приватниот и јавниот сектор,
  • Одржлива стратегија во шумарскиот сектор, зачувување и обнова на шумите во Европа,
  • Поттикнување на градежниот сектор за изградба во согласност со еколошките стандарди овозможувајќи зградите да бидат енергетски ефикасни,
  • Работа со меѓународните партнери на подобрување на глобалните еколошки стандарди.

Share This

Share this post with your friends!