Како дел од програмата New Energy Academy 2025, имавме можност да се запознаеме со првата енергетска заедница во Бугарија, EC RDNO – Габрово. Oваа енергетска заедница е континуиран процес и на енергетска транзиција и социјалните иновации. Општина Габрово има за цел да се справи со предизвиците на енергетскиот пазар, создавајќи нов модел за користење на обновливи извори на енергија во заедницата.
Енергетска заедница е концепт кој им овозможува граѓаните, малите бизниси и локалните власти да создадат заеднички сопствен извор на енергија преку користење на обновливи извори (на пр. фотоволтаична енергија), со цел да се намали влијанието на климатските промени и да се зголеми енергетската независност на заедницата, како и да се придонесе за локална општествена и економска корист.
Енергетска заедница EC RDNO – Габрово

Eнергетската заедница RDNO – Габрово е иновативна иницијатива на општина Габрово која има за цел да се справи со предизвиците на енергетскиот пазар. Обединувајќи ресурси, финанси, терени и знаење, проектот создава извор на сопствена енергија и оваа енергетска заедница е активна од 2022 година. Проектот на Габрово, кој е развиен со буџет од 100 000 евра, произведува 113 MWh годишно преку 181 фотоволтаични панели од 550 Wp. Со вкупна инвестиција од 80,000 евра и за 10 години може да се очекува принос од 22%.

Енергетската заедница брои 73 члена, вклучувајќи жители на Габрово, граѓани од други делови на Бугарија и шест правни лица. Членовите се разнородна група на профили, обединети од желбата да развијат иновативен пристап за обезбедување чиста енергија, да научат повеќе за кооперативниот модел и да инвестираат во соларно производство.
Оваа енергетска заедница во Габрово не е само обичен проект – тоа е модел за иднината каде граѓаните се активни учесници, а не само потрошувачи на енергија. Кога државата и граѓаните работат заедно, не само што создаваат одржливи енергетски решенија, туку и ја зајакнуваат локалната економија и еколошка стабилност.
Што се менува?

Традиционални модели:
• Големите компании произведуваат енергија
• Енергетските проекти се затворени за граѓаните
• Граѓаните немаат глас и не учествуваат во донесувањето одлуки
Новиот модел:
• Вклучување на граѓаните во енергетскиот пазар
• Соработка помеѓу јавните институции и локалните заедници
• Граѓаните се ПРОСУМЕРИ
• Пристап до енергетски проекти
Габрово не е само инспирација, туку и доказ дека иднината на енергијата е зелена, демократска и локална. Овој пример ни покажа како преку солидарност и иновации, локалните заедници можат да создадат значајни промени.
New Energy Academy 2025 е петмесечна програма за партнери на Европскиот климатски фонд (ECF) која се одржува од март до јуни 2025 година. Оваа петмесечна програма ќе им помогне на учесниците од Југоисточна Европа, Молдавија, Грузија, Украина и Словенија да развијат технички и прфесионални вештини, како и да се вклучат во мрежи за активно учество во енергетската транзиција во нивните земји.
Најнови коментари