И покрај различните нивоа на развиеност на земјите членки, Европската Унија (ЕУ) несомнено е глобален лидер во борбата против климатските промени и спречувањето на деградацијата на животната средина. Европскиот зелен план е развојна стратегија на ЕУ којашто има за цел да ја трансформира економијата на земјите членки во согласност со принципите на одржлив развој, како и да го обнови биодиверзитетот во земјите членки и да ги намали емисиите на гасови со ефект на стаклена градина. Европскиот зелен план предлага активности во високите јавно-политички области, во рамките на реформите коишто ќе бидат извршени низ континуирана изградба на нови, прогресивни јавни политики. Тие области се: чиста енергија, одржлива индустрија, политика за домување, одржлива мобилност, биодиверзитет, елиминирање на загадувањето, климатска акција, одржливо земјоделство и стратегија „Од нива до маса“ којашто се однесува на одржливото производство на храна.
Чиста енергија
Декарбонизацијата на енергетските системи на ЕУ е клучна за постигнување на климатските цели. Притоа, се наведуваат следните начела:
- Давање на предност на енергетската ефикасност и развојот на енергетскиот сектор главно втемелен на обновливи извори;
- Сигурно и пристапно снабдување со енергија во ЕУ;
- Целосно интегрирано, меѓусебно поврзан и дигитализиран европски пазар.
Европската комисија ќе предложи зголемување на климатските амбиции на ЕУ до 2030-тата година. Државите членки до 2023-тата година ќе ги ажурираат своите национални енергетски и климатски планови како би ги исполниле новите климатски амбиции, а сé тоа преку:
- Меѓусебно поврзување на климатските системи и делотворно приклучување на обновливи извори на енергија на мрежи;
- Употреба на иновативни технологии и модерна инфраструктура;
- Зголемување на енергетската ефикасност и еколошкиот дизајн на производите;
- Декарбонизација на секторот за плин и промовирање на паметна интеграција помеѓу сите сектори;
- Зајакнување на потрошувачите и придружната помош на државите членки во сузбивање на енергетското осиромашување;
- Зголемување на прекуграничната и регионалната соработка со цел да се подобри споделувањето на чисти извори на енергија;
- Унапредување на енергетските норми и технологии на ЕУ на глобално ниво;
- Развивање на полн потенцијал на европската крајбрежна енергија на ветерот.
Одржлива индустрија
За остварување на целите на ЕУ во областа на климата и зачувување на животната средина неопходна е нова индустриска политика втемелена на циркуларната економија. Всушност, од 1970-тата до 2017-тата година, годишната глобална употреба на ресурси е тројно зголемена и понатаму продолжува да расте. Повеќе од 90% од губитокот на биодиверзитетот и недостигот на вода се предизвикани со експлоатација на ресурсите. Индустријата придонесува со 20% емисиите на штетни гасови во ЕУ. Само 12% од материјалите коишто ги употребува индустријата во ЕУ доаѓаат од нивното рециклирање.
Комисијата ќе претстави политика на „одржливи производи“, којашто особено ќе се фокусира на намалување на употребата и повторната употреба на материјали пред да се преземе нивно рециклирање. Ќе се утврдат минимални побарувања со кои би се спречило да се пласираат производи на пазарот на ЕУ коишто се штетни за животната средина.
Изградба и обновување
Изградба, употреба и обновување на зградите побарува значителни вложувања во енергија и суровини, како што се песокот, чакалот и цементот. Енергетскиот удел за зградите во вкупно потрошената енергија изнесува 40%. Моменталните стапки на обнова на јавните и приватни згради би требало барем двојно да се зголемат. Целта е да се подобрат енергетските својства во градежништвото до коишто водат следните мерки:
- Пониските цени за чистите извори на енергија би требало да промовираат енергетски поефикасни згради;
- Проектираните згради би требало да бидат во согласност со циркуларната економија;
- Зголемена дигитализација;
- Зголемена отпорност на зградите од климатските промени;
- Строга примена на правилата во врска со енергетските својства во градежништвото.
Одржлива мобилност
Европа мора посилно и побрзо да ги намалува емисиите предизвикани од сообраќајот. Оваа економска гранка произведува една четвртина од емисиите на стаклена градина во ЕУ, а нивното учество и понатаму е во пораст. Зелениот план настојува да постигне намалување на овие емисии за 90% до 2050-тата година. Влијанието на различните гранки на сообраќајот со ефект на стаклена градина е следното:[1]

Биолошка разновидност (Биодиверзитет)
Враќањето на здравјето на природата е неопходно за нашата телесна и духовна благосостојба затоа што е сојузник во борбата против климатските промени и појавата на болести. Здравата природа е во срцевината на нашата стратегија за раст, Европскиот зелен план и дел од европското закрепнување со коишто ќе ѝ враќаме на планетата повеќе отколку што земаме од неа. – Урсула фон дер Лаен, претседател на Европската комисија
Обновување на шумите, земјиштата и мочуриштата и создавање на зелени површини во градовите се предуслов за ублажување на последиците од климатските промени до 2030-тата.
Стратегијата за зачувување на биодиверзитетот потекнува од следните главни мерки:
- Воспоставување на заштитни подрачја за најмалку од 30% од европското копно и 30% од европската морска површина;
- Обновување на нарушениот копнен и морски екосистем низ цела Европа (со садење на 3 милиони стебла до 2030-тата година, истовремено со намалување на употребата на пестициди до 50%, со враќање на слободниот проток за најмалку 25.000 км реки во ЕУ, со спречување на намалувањето на бројот на инсекти-опрашувачи и пренасочување кон пораст на нивниот број, и сл.);
- 20 милијарди евра годишно ќе бидат наменети за зачувување на биодиверзитетот;
- ЕУ да преземе улога на светски лидер во совладување на кризата поврзана со биодиверзитетот.
Елиминирање на загадувањето
Комисијата го донесе акциониот план за постигнување на нула ниво на загаденост на воздухот, водите и земјиштата. Во тој правец се предложени следните мерки:
- Зачувување на биолошката разновидност на езерата, реките и мочуриштата;
- Намалување на загаденоста благодарение на стратегијата „Од нива до маса“;
- Намалување на специјалното загадување предизвикано од микро-пластиката и фармацевтските производи;
- Преиспитување на стандардите на квалитетот на воздухот во согласност со препораките на Светската здравствена организација;
- Заштита на граѓаните од опасните хемикалии со новата стратегија за одржливост за не-токсична животна средина;
- Поврзување на подобра здравствена заштита со сé поголемата глобална конкурентност;
- Намалување на загаденоста од големи индустриски постројки;
- Пружање поддршка на локалните тела и осигурување на чист воздух за граѓаните на ЕУ и др.
Клима
Преземање активности во областа на климата е во срцевината на Европскиот зелен план, во вид на пакет различни мерки: од амбициозно намалување на емисиите на гасови со ефект на стаклена градина до вложувања во најсовремени истражувања и иновации за зачувување на животната средина во ЕУ. Основните иницијативи за делување на ова поле вклучуваат:
- Европска климатска регулатива, со цел климатската неутралност да се вгради во правото на ЕУ до 2050-тата година;
- Европски климатски пакт, со цел граѓаните и сите сегменти на унијата да се вклучат во активностите во областа на климата;
- План за климатски цели, со цел ефектот на стаклена градина дополнително да се намали за најмалку 55% до 2030-тата година;
- Иницијатива за активна соработка на ЕУ со останатите земји и региони за да се постигнат целите на Парискиот договор.[2]
ЕУ е главен донатор на меѓународно ниво за помош на земјите во развој во борбата против климатските промени.
Одржливо земјоделство
Земјоделството е многу важна за унијата, грижата за животната средина и економијата на ЕУ. Со тоа во заедничката земјоделска политика[3] се комбинираат социјални, економски и еколошки пристапи на развој на одржливи системи на земјоделство во ЕУ. Особено се поддржуваат истражувањето и иновациите во земјоделството, шумарството и руралните области. Сите држави членки на ЕУ располагаат со системот за советување на земјоделци[4] кои придонесуваат за подобро разбирање и почитување на правилата коишто се однесуваат на животната средина, јавното здравје, како и здравјето и благосостојбата на животните.
Од нива до маса
Во 2020-тата година Комисијата ја претстави стратегијата „Од нива до маса“ со што би се обезбедило Европјаните да добијат пристапна и одржлива храна, со цел да се делува против климатските промени, да се обезбеди заштита на животната средина, да се зачува биодиверзитетот и да се зголеми еколошкото земјоделство. Европската комисија ќе соработува со земјите членки со што би се:
- Обезбедила чесна и праведна транзиција за сите оние коишто работат во областа на земјоделството и поморскиот сектор;
- Значајно намалила зависноста, ризикот и употребата на хемиски пестициди, ѓубривата и антибиотиците;
- Развиле иновативни техники во земјоделството и рибарството коишто би го штителе приносот од штетници и болести.
Оваа стратегија треба да помогне во борбата против измамата кога е во прашање храната, а увезените прехранбени производи од земјите од трет свет мораат да бидат во согласност со еколошките стандарди на ЕУ.
За повеќе информации посетете го линкот:
https://ec.europa.eu/info/strategy/priorities-2019-2024/european-green-deal_en#policy-areas
[1] Извор https://ec.europa.eu/commission/presscorner/detail/hr/fs_19_6726
[2] https://ec.europa.eu/clima/policies/international/negotiations/paris_en
[3] Common agricultural policy (CAP) (eng.)
[4] Farm advisory system (FAS) (eng.)
Најнови коментари