Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест од Скопје отвара повик за вработување на Координатор за финансии и администрација.

За Еко-свест

Мисијата на Еко-свест е да истражува, информира и делува кон унапредување на јавните политики и навиките за одржливо живеење и заштита на животната средина.

Еко-свест поддржува и поттикнува граѓанска свесност и активно учество и промовира практични решенија во соработка со организации и институции.

Посебни цели и задачи на „Еко-свест“ се:

– Информирање за потенцијалните негативни влијанија врз животната средина и луѓето;

– Промовирање на решенија за здрави и одржливи пракси и политики во областа на заштита на животната средина и застапување на истите во процесите на креирање политики;

– Истражувања и анализи во област на заштитата на животната средина и човековото здравје;

– Промовирање и застапување за учество на јавноста во процесите на донесување одлуки во област на животната средина и поддршка на заедниците за остварување на ова право;

– Информирање и едуцирање на јавноста за можните негативни влијанија и начините за спречување и избегнување на истите врз животната средина и човековото здравје особено кај жените, децата и старите лица;

– Формирање и водење на коалиции и други тела составени од организации, експерти и институции со цел заедничко застапување за заштита на животната средина;

– Активно учество во постапките на измена и донесување на законски акти во област на заштита на животната средина;

– Спроведување на посебни активности во областите на:

  • заштита на климата
  • заштита на природата
  • заштита на медиумите на животната средина (воздух, води, почва)
  • одржлив развој на локалните заедници
  • одржлив транспорт
  • одржливи и паметни решенија за енергетскиот систем
  • одржливо управување со отпадот
  • иновации во заштитата на животната средина
  • паметно просторно планирање
  • поддршка на заедниците и активно граѓанство.

Работни задачи и одговорности:                                                               

Ангажираниот Координатор за финансии и администрација ќе ги има следните работни должности и одговорности:

  • Тековно и ажурно евидентирање на трошоците и распределба на трошоците по проекти;
  • Девизно, денарско, благајничко работење;
  • Подготовка и архивирање на излезни фактури, други финансиски документи и договори;
  • Администрација поврзана со човечки ресурси;
  • Набавка на основни средства и материјали за канцелариско работење, и следење на инвентарот на основни средства;
  • Логистичка поддршка на проектните координатори за организирање на настани и проектни активности;
  • Други задолженија кои произлегуваат од финансиско работење.
  • Учествува во подготовка на годишен буџет ;
  • Учествува во подготовка на завршната сметка и годишниот завршен финансиски извештај на организацијата;
  • Ги спроеведува насоките и приоритетите на организацијата – Ги следи и евидентира работните часови и одморите на вработените, ги подготвува платите и друга документација поврзана со вработените
  •  Дава информации за подготовка на договорите ;
  • Дава поддршка во подготовката на проектни буџети и финансиски и наративни извештаи кон донаторите
  •  Ја евидентира состојбата со наплата и прием на средства, работи со конверзија на странски валути;
  • Подготвува интерни налози за исплата, ги евидентира трошоците во интерниот систем и евидентира изводи, изготвува налози за електронско банкарство Подготвува и евидентира излезни фактури и архивира финансиска документација;
  •  Редовно ги пополнува и ажурира Регистарот на исплати на Еко-свест, Регистарот на барања, Регистарот на фактури, Регистарот на плати, Регистарот на проекти, Регистарот на сметки, Регистарот на режиски трошоци и Регистарот на добавувачи
  • Комуницира со надворешниот овластен сметководител на организацијата
  • Ги проверува проектните картици/извештаи изработени од надворешниот овластен сметководител ;
  • Спроведува постапки за набавки и подготвува повици
  • Управува со готовината во организацијата
  • Распределува режиски трошоци по проекти и го ажурира инвентарот на основни средства

Кандидатите треба да ги исполнуваат општите, како и следните посебни услови:

  • Комплетирано соодветно формално и неформално образование;
  • Работно искуство со административно и канцелариско работење;
  • Докажана способност да работи со компјутери, пред сè напредно познавање на програмите од пакетот на Microsoft Оffice;
  • Искуство со работа на проекти и буџети на граѓански организации вo Македонија или во странство, основно познавање од раководење на проектен циклус и познавање процедури за спроведување на проекти на странски донатори, ќе се смета за предност;
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Желба и мотив за работа во граѓанска организација која третира прашања и политики од животната средина и граѓанскиот активизам;
  • Желба за континуирано учење и надоградување.

Кандидатите треба да ги поседуваат следните вештини и способности:

  • отворена комуникација (усна и писмена) и презентација;
  • брзо прифаќање и прилагодување кон нови задачи;
  • тимска работа во мултикултурно опкружување;
  • извршување повеќе задачи истовремено;
  • уредност и организираност.

Работни услови:                                                                                                           

Неделното работно време е 40 часа. Локација на вршење на работните обврски е во Скопје. Со избраниот/ата кандидат/ка ќе биде потпишан договор за вработување на определено време, со пробен период од 1 (еден) месец кој може да се продолжи врз основа на покажаните квалитети и перформанси. Минимална месечна нето плата изнесува 40 000 ден, а точниот износ за вработениот ќе се утврди согласно искуството и вештините на кандидатот. Конкретната плата на избраниот кандидат/ка ќе биде утврдена пред потпишувањето на договорот за вработување.

Начин на пријавување:                                                    

Заинтересираните кандидати/тки при пријавувањето треба да достават:

  • Mотивациско писмо (максимум од 1 страна);
  • Професионална биографија;
  • Професионална препорака/референца е пожелна.

Пријавувањето се врши на електронската адреса: elena.todorovska@ekosvest.com.mk , а пријавата мора да се наслови со: Пријава за координатор за финансии и администрација. 

Пријавувањето е тековно и трае до пополнување на работната позиција.                                                                                                                                                                                                                

Еко-свест ќе ги контактира само оние лица кои ќе бидат селектирани за тестирање и интервју. Нецелосните и неправилните пријави нема да бидат разгледани. Изборот на кандидатите/ките ќе се изврши врз основа на Законот за работни односи. Еко-свест е рамноправен работодавач.

Share This

Share this post with your friends!