Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест од Скопје отвара повик за вработување на Програмски менаџер

За Еко-свест

Мисијата на Еко-свест е да истражува, информира и делува кон унапредување на јавните политики и навиките за одржливо живеење и заштита на животната средина.

Еко-свест поддржува и поттикнува граѓанска свесност и активно учество и промовира практични решенија во соработка со организации и институции.

Посебни цели и задачи на „Еко-свест“ се:

– Информирање за потенцијалните негативни влијанија врз животната средина и луѓето;

– Промовирање на решенија за здрави и одржливи пракси и политики во областа на заштита на животната средина и застапување на истите во процесите на креирање политики;

– Истражувања и анализи во област на заштитата на животната средина и човековото здравје;

– Промовирање и застапување за учество на јавноста во процесите на донесување одлуки во област на животната средина и поддршка на заедниците за остварување на ова право;

– Информирање и едуцирање на јавноста за можните негативни влијанија и начините за спречување и избегнување на истите врз животната средина и човековото здравје особено кај жените, децата и старите лица;

– Формирање и водење на коалиции и други тела составени од организации, експерти и институции со цел заедничко застапување за заштита на животната средина;

– Активно учество во постапките на измена и донесување на законски акти во област на заштита на животната средина;

– Спроведување на посебни активности во областите на:

  • заштита на климата
  • заштита на природата
  • заштита на медиумите на животната средина (воздух, води, почва)
  • одржлив развој на локалните заедници
  • одржлив транспорт
  • одржливи и паметни решенија за енергетскиот систем
  • одржливо управување со отпадот
  • иновации во заштитата на животната средина
  • паметно просторно планирање
  • поддршка на заедниците и активно граѓанство.

Работни задачи и одговорности:                                                               

Во согласност со стратешките приоритети, Еко-свест има потреба од ангажирање на Програмски менаџер кој ќе работи заедно со програмските тимови координирање на програмите кои ги спроведува Еко-свест.

Ангажираниот Програмски менаџер ќе ги има следните работни задачи:

  • Изготвување на Годишна програма на активности и финансии на Еко-свест во соработка со Раководителот за финансии и Извршниот директор,
  • Следење на имплементацијата на сите програми во Еко-свест преку директна координација со Програмските координатори (Раководители на програми)
  • Изготвување и тековно пополнување на единствена матрица за следење (мониторинг) и евалуација на напредокот со сите проекти во организацијата
  • Организирање на редовни средби со персоналот на Еко-свест за прибирање на информации и податоци за мониторинг на напредокот на проектите
  • Следење и прибирање податоци и информации за влијанието од нашата работа преку следење на медиумите, веб страниците на институциите и одлуките поврзани со работата на Еко-свест и евидентирање на овие влијанија во матрицата за следење
  • Поддршка во процесите на известување кон донаторите со прикажување на податоци и анализи за напредокот и подтигнувањата во секој од проектите
  • Организирање на редовна интерна евалуација на проектите и програмите со цел споделување на научените лекции, предизвици и методи на работа помеѓу персоналот на Еко-свест
  • Организирање и одржување на тековна интер-програмска координација со цел меѓусебно информирање и споделување на информациите помеѓу различните програми
  • Супервизија и годишна евалуација на Програмските координатори (Раководители со програми) согласно Политиката за човечки ресурси
  • Редовно информирање на Извршниот директор за напредокот во проектите и програмите
  • Редовно и континуирано координирање на спроведувањето на приоритетите заедно со Извршниот директор и Раководителот со финансии
  • Изготвување на Годишен извештај на активности на Еко-свест на македонски и англиски јазик
  • Изготвување на комуникација поврзана со најголоемите постигнувања на Еко-свест во тековната година
  • Следење на календарот на меѓународни денови од област на заштита на животната средина и организирање на програмска координација во однос на нивното одбележување
  • Координација на комуникацијата и настаните на Еко-свест со цел обезбедување на јасно комуницирање на пораките, навремено и соодветно комуницирање на соопштенијата за јавност/медиуми, избегнување на преклопување/ овозможување синергии и координација со други организации по потреба.
  • Други работни задачи зададени од страна на Извршниот директор.

Кандидатите треба да ги исполнуваат општите, како и следните посебни услови:

  • Високо образование;
  • Најмалку 5 години работно искуство во област на проектен и програмски менаџмент во домашна или меѓународна организација;
  • Најмалку 3 години искуство со супервизија на најмлаку 2 лица 
  • Познавање на MS Office и интернет алатки за објавување на информации (WordPress, социјални медиуми);
  • Најмалку 2 години искуство со комуникација на клучни пораки и координирана комуникација на правниот субјект;
  • Одлични комуникациски и организациски вештини;
  • Искуство во подготовка на извештаи;
  • Напредни познавања на мониторинг и евалуција и работа со алатки за мониторинг на големи програми/проекти;
  • Одлично познавање и користење на устен и пишан англиски јазик е задолжително;  
  • Професионален пристап и способност за стратешко размислување.

Услови кои се сметаат за предност:

  • Завршени постдипломски студии, особено на теми поврзани со прашања од областа на животната средина;
  • Познавање на националната и меѓународната состојба на заштитата на водите, природата, видовите и нивните живеалишта, климатските промени, енергетиката, стандарди за оцена на влијанијата врз животната средина, учество на јавноста во донесување на одлуки и сл.;
  • Желба и мотив за работа во граѓанска организација која третира прашања и политики од животната средина и граѓанскиот активизам;
  • Желба за континуирано учење и надоградување.

Кандидатите треба да ги поседуваат следните вештини и способности:

  • отворена комуникација (усна и писмена) и презентација;
  • брзо прифаќање и прилагодување кон нови задачи;
  • тимска работа во мултикултурно опкружување;
  • извршување повеќе задачи истовремено;
  • уредност и организираност.

Работни услови:                                                                                                          

Неделното работно време е 40 часа (од 8 до 16 или 9 до 17 часот). Локација на вршење на работните обврски е во Скопје. Со избраниот/ата кандидат/ка ќе биде потпишан договор за вработување на определено време, со период од 1 (еден) месец кој може да се продолжи врз основа на покажаните квалитети и перформанси. Месечна нето плата, согласно политиката за личен доход на Еко-свест е помеѓу 70 000 и 90 000 денари нето и се утврдува согласно искуството и вештините на кандидатот. Конкретната плата на избраниот кандидат/ка ќе биде утврдена при потпишувањето на договорот за вработување.

Начин на пријавување:                                                    

Заинтересираните кандидати/тки при пријавувањето треба да достават:

  • Mотивациско писмо (максимум 1 страна);
  • Професионална биографија;
  • Контакт информации за три лица кои можат да дадат препорака/референца.

Пријавувањето се врши на електронската адреса: elena.todorovska@ekosvest.com.mk, а пријавата мора да се наслови со: Пријава за програмски менаџер. 

Пријавувањето трае до 20 февруари 2025 година.                                                            

Еко-свест ќе ги контактира само оние лица кои ќе бидат селектирани за тестирање и интервју. Нецелосните и неправилните пријави нема да бидат разгледани. Изборот на кандидатите/ките ќе се изврши врз основа на Законот за работни односи. Еко-свест е рамноправен работодавач.

Share This

Share this post with your friends!