Основни информации
Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ во рамки на проектот „ПРОСУМЕРИ МК’’ има потреба да ангажира соработник за развој на Платформа за застапување која ќе се фокусира на унапредување на законодавството во областа на енергетските заедници и потрошувачи-производители (соларни просумери – домаќинства) во Македонија.
Цел на активноста
Идентификување на празнини и пречки во сегашното законодавство, со цел предлагање на неопходни измени и дополнувања кои ќе овозможат зголемена имплементација на енергетските заедници и соларните просумери во Македонија.
Активностите кои ќе бидат предмет на договорот треба да бидат заедничка рерализација од страна на Еко-свест и ангажираната страна.
Еко-свест нема да разгледува понуди и предлози во кои активностите не се фокусирани на развој на Платформата за застапување во процесот на унапредување на законодавството во областа на енергетските заедници и соларните просумери. Понудите треба да бидат насочени кон идентификување на празнините и пречките во актуелното законодавство и предлагање решенија за негово подобрување, со цел да се обезбеди поддршка за развојот на овие концепти.
Работни задачи и одговорности на понудувачот
Активностите ќе бидат реализирани како копродукција помеѓу Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ и ангажираната страна. Клучните области на фокус ќе бидат следниве:
- Анализа на постојното законодавство:
- Преглед на актуелните закони и регулативи во областа на енергетиката, со посебен фокус на енергетските заедници и соларните просумери.
- Идентификување на празнини, нејаснотии и пречки кои го ограничуваат развојот на овие концепти.
- Развој на предлози за законски измени и дополнувања:
- Подготовка на конкретни предлози за измени и дополнувања на законите кои ќе го олеснат и стимулираат формирањето и функционирањето на енергетските заедници и соларните просумери.
- Консултации со стручни лица, институции и други засегнати страни за добивање повратни информации и усогласување на предлозите.
- Обврски согласно Националниот план за апроксимација со ЕУ законодавството и во рамки на Енергетската Заедница:
- Aнализa на обврските на Македонија согласно Националниот план за апроксимација со ЕУ законодавството и во рамки на Енергетската Заедница.
- Идентификација на степенот на усогласеност на постојното законодавство со овие обврски.
- Препораки за потребни измени и дополнувања во законодавството за целосна усогласеност со ЕУ законодавството и обврските во рамки на Енергетската Заедница.
- Изработка на финален документ:
- Подготовка на финален документ кој ќе ги вклучува анализите, предлози, заклучоци и препораки.
Детален преглед со опис на работната задача се наоѓа во Анекс 1 од Повикот.
Временска рамка за доставување на понуда
Краен рок за пријавување е вторник, 31 март 2025 година, до 16:00 часот на електронската адреса: [email protected], со назнака: Пријава за ангажирање соработник за развој на Платформа за застапување. Пристигнатите прашања од кој било од заинтересираните понудувачи ќе бидат одговорени и објавени на веб-страницата на Еко-свест под објавата за повикот. Пријавите кои ќе пристигнат по наведениот рок или без целосна документација, нема да бидат разгледувани.
Еко-свест ќе го контактира избраниот понудувач, не подоцна од 7 дена од истекот на периодот за доставување на понуда.
Критериуми за избор на најсоодветна понуда
По истекот на рокот за пријавување, ќе се формира Комисија од 3 члена, која ќе изврши бодување на пристигнатите понуди.
Бодувањето на пристигнатите понуди ќе се изврши на следниот начин:
– Техничка понуда (70 поени)
– Финансиска понуда (30 поени)
Потребна документација за пријавување
- За индивидуални лица:
Технички дел:
- Предлог активности за изработка на Платформа за застапување која ќе се фокусира на унапредување на законодавството во областа на енергетските заедници и соларните просумери во Македонија.
- Портфолио (биографија)
- Доказ за претходно исто/слично искуство, заедно со референци од истото.
Финансиски дел:
- Финансиска понуда.
- Потпишана декларација (види Анекс 2).
Забелешка: Заинтересираните треба да достават понуди во македонски денари, со посебно назначен персонален данок и вкупен износ на понудата. Предложениот буџет треба да биде разложен по клучни ставки од реализацијата. Нема наложен формат за поднесување на буџет и истиот треба да биде предложен од заинтересираните кандидати.
Во предложениот буџет треба да бидат вклучени сите трошоци потребни за целосна реализација, промоција и изведба на активностите, со сите потребни трошоци за сите учесници, без дополнителни трошоци за Еко-свест.
- За организации/правни лица*:
Технички дел:
- Предлог активности за изработка на Платформа за застапување која ќе се фокусира на унапредување на законодавството во областа на енергетските заедници и соларните просумери во Македонија.
- Податоци за ангажираниот соработник кој ќе работи на изработка на Платформата за застапување.
- Доказ за претходно исто/слично искуство, заедно со референци од истото.
- Податоци за контакт на лицето одговорно за пријавата и комуникацијата со Еко-свест.
Финансиски дел:
- Финансиска понуда.
- Тековна состојба на правниот субјект кој е носител на понудата, не постара од 6 (шест) месеци.
- Пополнета изјава (Анекс 3)
Доставените материјали остануваат во архивата на Еко-свест.
Од избраниот понудувач, освен горенаведените податоци, ќе се побара да достави дополнителна документација која вклучува тековна состојба/потврда за регистрирана дејност на добавувачот; потврда за солвентност/бонитет; завршна сметка за 2024 (за правни лица); pотврда/информација од Централен Регистар за забрана за вршење дејност и регистар за казни на правни лица; уверение за платени даноци и придонеси; изјави за доверливост и непостоење на конфликт на интереси од страна на избраниот кандидат (физичко лице) или изјава дека ги исплонува критериуме за учество (правно лице); биографии (CV) на консултантите; листа на референци/портфолио.
Временска рамка за спроведување на активноста
Периодот на имплементација е помеѓу 01 април и 30 април 2025 година.
Буџет
Максималниот буџет достапен за извршување на горенаведените задачи изнесува 2.500,00 ЕУР (во денарска противвредност според курсот од конверзијата на средствата од примената транша од донаторот) со вклучен персонален данок или ДДВ.
Заинтересираните треба да достават понуди во македонски денари, со посебно назначен ДДВ и вкупен износ на понудата. Предложениот буџет треба да биде разложен по клучни ставки од реализацијата. Нема наложен формат за поднесување на буџет и истиот треба да биде предложен од заинтересираните кандидати.
Во предложениот буџет треба да бидат вклучени сите трошоци потребни за целосна реализација, промоција и изведба на активностите, со сите потребни трошоци за сите учесници, без дополнителни трошоци за Еко-свест.
Повеќе информации за повикот имате на следниот линк:
Најнови коментари