Основни информации
Центарот за истражување и информирање за животна средина Еко-свест од Скопје,
работи на теми тесно поврзани со заштита на животната средина и има потреба од
годишна ревизија за 2023 година.
Eко-свест објавува повик за изразување интерес од ангажирање на овластени ревизорски
компании.
Цел и задачи на активностите
Цел на активноста е спроведување на ревизија на Еко-свест, подготовка и издавање на
ревизорски извештај за организациско и финансиско работење на Еко-свест за периодот
од 1 Јануари до 31 Декември 2023 година.

  • Потребно е да се направи увид и проверка на завршната сметка по нејзиното
    поднесување и потоа да се изготви ревизорски извештај на македонски и на
    англиски
  • Ивештаите од досегашното работење на Еко-свест ке може да се погледнат на
    следниот линк: Извештаи / Еко-свест (ekosvest.com.mk).
    Временска рамка за доставување на понуда
    Периодот за изразување на интерес за учество на повикот е 7 дена од објавување на
    отворениот повик.
    Еко-свест ќе го контактира избраниот понудувач, не подоцна од 7 дена од истекот на
    периодот за доставување на понуда.
    Временска рамка за спроведување на активноста
    Периодот за спроведување на оваа активност изнесува најмногу 2 месеци од датумот на
    потпишување на Договорот, но не подоцна од 30.04.2024.
    Буџет
    Заинтересираните треба да достават понуди во македонски денари, со посебно назначен
    ДДВ и вкупен износ на понудата.

Потребна документација за пријавување
При пријавувањето, компаниите треба да достават:

  1. Портфолио на компанијата
  2. Краток опис на кoмпанијата
  3. Финансиска понуда изразена во МКД со вклучен ДДВ.
  4. Тековна состојба не постара од 6 месеци
  5. Пополнета изјава (Анекс 1)
    Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска
    форма.
    Критериуми за понудувачите
  6. Активна компанија која е формирана согласно Законите во Република Северна
    Македонија, и постои најмалку 3 години.
  7. Најмалку 3 ( три) години професионално работно искуство во спроведување
    ревизии на граѓански организации, странски фондации, програми и проекти
    имплементирани од граѓански организации и странски фондации.
  8. На повикот може да се пријават компании кои ги исполнуваат наведените правни и
    технички услови.
  9. Договор ќе биде склучен со онаа компанија која освоила најголем број на бодови
    во сооднос на наведените критериуми.
  10. Комисијата за евалуација на понудите го задржува правото да го информира само
    понудувачот чија понуда била избрана како најсоодветна за овој повик
    Оценка на понудите
    За оценка на понудите ќе се формира комисија која ќе ги разгледа и оцени понудите.
    Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми: портфолио на компанијата,
    капацитет за спроведување на ревизијата (број на лиценцирани вработени ревизори),
    временска рамка на спроведувањето и завршувањето на активноста, како и на
    финансиска понуда,
    Договор ќе биде склучен со оној понудувач кој ќе биде оценет како најповолен. Еко-свест
    има право да го одобри или оспори изборот на ревизорот, во зависност од исполнувањето
    на условите.
    Критериуми за избор на најсоодветна понуда
    По истекот на рокот за пријавување, ќе се креира Комисија од 3 члена, која ќе изврши
    бодување на пристигнатите понуди.
    Бодувањето на пристигнатите понуди ќе се изврши на следниот начин:
  • Портфолио на компанијата (50 поени)
  • Капацитет за спроведување на ревизијата (број на лиценцирани вработени ревизори),(
    20 поени)
  • Финансиска понуда (30 поени)

Пријавување
Комплетната понуда, изјавување интерес и изјава, понудувачите треба да ја испратат на
еmail: [email protected], најдоцна до 29 Декември 2023 година до 16:00 часот
со назнака. Ревизија: (име на понудувачот).
Некомплетни понуди и понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени
предвид.
Повеќе информации или прашања можете да поставите на [email protected]
Доверливост
Сите информации кои се поврзани со оценка на понудите нема да бидат споделувани со
никој кој не е официјално вклучен во процесот на селекција, дури и по завршување на
процесот на избор. Сите податоци ќе се третираат како доверливи и нема да се користат,
прибираат, споделуваат за други цели надвор од овој повик и целта на истиот.

Анекс 1. Изјава од понудувач

ИЗЈАВА
Јас, долупотпишаниот ________________ (име и презиме) во дункција на
овластен застапник на ________________(име на компанија) со целосна
морална и материјална одговорност изјавувам дека правното лице кое го застапувам
нема ограничувања да биде понудувач во овој повик и дека поконкретно
→ Правното лице не се наоѓа во стечајна постапка, банкрот или судски спор,
правното лице нема склучено договор со доверители без можност да ги сервисира
обврските кон кредиторите, и истото нема суспендирање на деловните активности
на правниот субјект, односно активностите на правното лице не се предмет на
постапка во врска со овие прашања илине се во каква било аналогна ситуација
што произлегува од слична постапка предвидена во националното законодавство и
регулативи;
→ Правното лице и овластениот застапник не се осудени за прекршок по основ на
непрофесионално однесување, со пресуда која има сила на res judicata;
→ Правното или физичко лице застапник не е обвинето за тежок прекршок и/или
недолично професионално однесување, по било кој основ докажано како праведно
обвинето;
→ Правното или физичкото лице застапоник не се утврдени за виновни со
правосилна пресуда или со правосилна административна одлука за тешко
недолично професионално однесување прекршувајќи ги важечките закони и
прописи или етичките стандарди апликативни за професионалната област во
рамки на која субјектот делува, или соучествувајќи во било какво несоодветно
однесување кое има влијание врз неговиот професионален кредибилитет и кога
таквото однесување укажува на погрешна намера или груба небрежност,
вклучително и особено кое било од следното: измама или небрежно погрешно
прикажување на информации потребни за проверка на отсуството на основи за
исклучување или исполнување на критериумите за избор или спроведување на
договорот, вршење притисок или влијание при процесот на донесување одлука,
или обид да се добијат доверливи информации за предности во постапката на
набавка;
→ Правното лице ги исполнува обврските за плаќање на придонеси за социјално
осигурување на вработените или плаќање даноци согласно законските одредби на
земјата во која правниот субјект е основан или со одредбите важечки за земјата
каде треба да се спроведе договорот;
→ Правното лице не е предмет на пресуда која има сила на res judicata за измама,
корупција, инволвираност во криминални дејствија или која било друга незаконска
активност штетна за финансиските интереси на организацијата и донаторите.

На ден __година Име и презиме на застапникот
Потпис и печат

Share This

Share this post with your friends!