Барање на понуда за ревизорски услуги
Основни информации
Центарот за истражување и информирање за животна средина Еко-свест од Скопје, работи на теми тесно поврзани со заштита на животната средина и има потреба од годишна ревизија за 2025 година.
Eко-свест објавува повик за изразување интерес од ангажирање на овластени ревизорски компании.
Цел и задачи на активностите
Цел на активноста е спроведување на ревизија на Еко-свест, подготовка и издавање на ревизорски извештај за организациско и финансиско работење на Еко-свест за периодот од 1 Јануари до 31 Декември 2025 година.
- Потребно е да се направи увид и проверка на завршната сметка по нејзиното поднесување и потоа да изготви ревизорски извештај кој треба да биде спроведен во согласност со Меѓународните стандарди за ревизија ISA 800/805, ISRS 4400 и ИСА 700 (или Националните стандарди за ревизија доколку се сметаат за еквивалентна на меѓународните стандарди за ревизија).
- Извештаите потребно е да бидат изготвени на македонски и англиски јазик.
- Ивештаите од досегашното работење на Еко-свест ке може да се погледнат на следниот линк: Извештаи / Еко-свест (ekosvest.com.mk).
Временска рамка за доставување на понуда
Периодот за изразување на интерес за учество на повикот е 7 работни дена од објавување на отворениот повик.
Еко-свест ќе го контактира избраниот понудувач, не подоцна од 7 работни дена од истекот на периодот за доставување на понуда.
Временска рамка за спроведување на активноста
Периодот за спроведување на оваа активност изнесува најмногу 2 месеци од датумот на потпишување на Договорот, но не подоцна од 30.04.2026.
Буџет
Заинтересираните треба да достават понуди во македонски денари, со посебно назначен ДДВ и вкупен износ на понудата.
Потребна документација за пријавување
При пријавувањето, компаниите треба да достават:
- Портфолио на компанијата
- Краток опис на кoмпанијата
- Финансиска понуда изразена во МКД со вклучен ДДВ.
- Тековна состојба не постара од 6 месеци
- Пополнета изјава (Анекс 1)
Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.
Од избраниот понудувач, освен горенаведените податоци, ќе се побара да достави дополнителна документација која вклучува тековна состојба/потврда за регистрирана дејност на добавувачот; потврда за солвентност/бонитет; завршна сметка за 2024 (за правни лица); pотврда/информација од Централен Регистар за забрана за вршење дејност и регистар за казни на правни лица; уверение за платени даноци и придонеси; изјави за доверливост и непостоење на конфликт на интереси од страна на избраниот кандидат (физичко лице) или изјава дека ги исплонува критериуме за учество (правно лице); биографии (CV) на консултантите; листа на референци/портфолио.
Критериуми за понудувачите
- Активна компанија која е формирана согласно Законите во Република Северна Македонија, и постои најмалку 3 години.
- Најмалку 3 ( три) години професионално работно искуство во спроведување ревизии на граѓански организации, странски фондации, програми и проекти спроведувани од граѓански организации и странски фондации.
- На повикот може да се пријават компании кои ги исполнуваат наведените правни и технички услови.
- Договор ќе биде склучен со онаа компанија која освоила најголем број на бодови во сооднос на наведените критериуми.
- Комисијата за евалуација на понудите го задржува правото да го информира само понудувачот чија понуда била избрана како најсоодветна за овој повик
Оценка на понудите
За оценка на понудите ќе се формира комисија која ќе ги разгледа и оцени понудите. Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми: портфолио на компанијата, капацитет за спроведување на ревизијата (број на лиценцирани вработени ревизори), временска рамка на спроведувањето и завршувањето на активноста, како и на финансиска понуда,
Договор ќе биде склучен со оној понудувач кој ќе биде оценет како најповолен. Еко-свест има право да го одобри или оспори изборот на ревизорот, во зависност од исполнувањето на условите.
Критериуми за избор на најсоодветна понуда
По истекот на рокот за пријавување, ќе се креира Комисија од 3 члена, која ќе изврши бодување на пристигнатите понуди.
Бодувањето на пристигнатите понуди ќе се изврши на следниот начин:
– Портфолио на компанијата (30 поени)
– Капацитет за спроведување на ревизијата ( 30 поени), (број на лиценцирани вработени ревизори),
– Финансиска понуда (40 поени)
Пријавување
Комплетната понуда, изјавување интерес и изјава, понудувачите треба да ја испратат на еmail: [email protected], најдоцна до 30 декември 2025 година до 16:00 часот со назнака. Ревизија: (име на понудувачот).
Некомплетни понуди и понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени предвид.
Повеќе информации или прашања можете да поставите на [email protected]
Пристигнатите прашања од кој било од заинтересираните понудувачи ќе бидат одговорени и доставени до сите поканети понудувачи и објавени на веб страницата на Еко-свест под повикот.
Еко-свест ќе го контактира избраниот понудувач, не подоцна од 7 дена од истекот на периодот за доставување на понуда.
Доверливост
Сите информации кои се поврзани со оценка на понудите нема да бидат споделувани со никој кој не е официјално вклучен во процесот на селекција, дури и по завршување на процесот на избор. Сите податоци ќе се третираат како доверливи и нема да се користат, прибираат, споделуваат за други цели надвор од овој повик и целта на истиот.
Прашање: Со цел да изготвиме соодветна понуда за ревизорските услуги, Ве замолуваме за информација колку изнесуваат очекуваните приходи за 2025 година.
Одговор: Приходите за 2025 година очекуваме да бидат на приближно или исто ниво со приходите за 2024 година.